Историја

ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Jас никогаш не можам да бидам согласен со тезата на Ванчо Михајлов дека Македонците биле Бугари. “ (9)

Dragan Vlado Trantalovski Viena 2

Dragan Vlado Trantalovski Viena 2

По престојот во грчкиот логор Лаврион, Драган Богдановски кон крајот на 1950 година заминал за Јужна Америка. Агентите на УДБА побараа од Богдановски хронолошки да им раскаже за неговиот престој во Бразил, каде останал до 1954 година, како и за неговиот однос со Ванчомихајловистите. Службата сакаше да има податоци за неговиот тригодишен емигрантски живот во Бразил во детали, односно, бараа да им раскаже што работел во Бразил, со кого контактирал, за неговиот политички живот и т.н..

Најпознатиот македонски дисидент и идеен лидер на ВМРО ДПМНЕ, Драган Богдановски во својот дневник го опишува својот престој во Јужна Америка и го истакнува неговиот однос кон Ванчомихајловистите. Имено, тој никогаш не се согласувал со тезата на Ванчо Михајлов дека Македонците биле Бугари и за овој период од својот живот вели:

„Од Грција за Бразилија патувавме со брод во две етапи. Прво со грчки брод до Ѓенова, Италија, а потоа со италијански брод за прекуокеанска пловидба “Кампана“. Во Ѓенова за прекуокеанскиот брод чекавме три дена. Бевме сместени во хотел-пансион. Со нашата група имаше неколкумина од ванчомихајловистичката група од логорот во Лаврион кои работеле за американската воена разузнувачка служба и тие по пристигнувањето на бродот во Ѓенова веднаш му телефонирале на Асен Аврамов, а можеби и на Ванчо Михајлов. Во Ѓенова веднаш дошол Асен Аврамов да се види со своите сподвижници. Тој во нивна чест организирал вечера во еден хотел на која освен сподвижниците беа поканети уште дваесетина повидни Македонци од групата. Меѓу поканетите бев и јас. Во хотелот имаше резервирано специјална сала само за нас, така пред вечерата Асен Аврамов ни одржа говор. Зборуваше како Ванчо Михајлов ја раководел вистинската македонска ослободителна борба за слободна и обединета Македонија, како бил достоен продолжувач на делото на Гоце Делчев и Тодор Александров, неговата историска улога сега станала значителна зашто тој е авторитетот на борец за македонската слобода и ги разобличувал лагите на србокомунистите од Скопје за постоењето на некаква посебна македонска нација. Ванчо Михајлов напишал повеќе книги во кои докажал дека Македонците со векови биле Бугари. Особено во тој поглед била авторитетна неговата книшка “Сталин и македонското прашање“. Истоимената книшка и некои други книги на Ванчо Михајлов на присутните на вечерата беа разделени од Асен Аврамов. Кога Асен Аврамов заврши со својот говор, збор побарав јас, и отприлика го кажав следното: “Секоја му чест на Ванчо Михајлов што се бори за обединување на Македонија, за создавање на македонска држава, но како Македонец јас никогаш не можам да бидам согласен со неговата бугароманска теза дека Македонците биле Бугари. Тие никогаш не биле Бугари, не се нема то да бидат. Неговата брошура “Сталин и македонското прашање“ е претенциозно напишана, во неа лажно е прикажана историјата и етнографијата на Македонија, а антикомунистичката хистерија која во ова време постои на запад, осмислено се користи против македонското национално постоење. Ванчо Михајлов со својата бугароманска национална идеологија ја скинал последната врска што постоела меѓу него и неговиот македонски народ. Ако тој денеска се појави во Македонија со својата бугароманска национална идеологија и малите деца ќе маваат по него со камења. Времето го прегазило Ванчо Михајлов, тркалото на македонската историја отишло напред, Ванчо тоа тркало не може да го врати назад.

Настана молк во салата. Од охрабрувачките погледи што се насочуваа кон мене од многумина од присутните, срцето почна немирно да ми бие во градите. Асен Аврамов беше принуден да ми одговори. – “Момче ти си жртва на пропагандата на родоостапникот Лазар Колишевски. Си читал многу од измамничката литература на таа србокомунистичка банда, но сега се наоѓаш во слободен свет, па имаш прилика да ја проучиш вистината за твоето национално потекло, за твојата бугарска нација. Прочитај ги убаво книгите на Ванчо Михајлов, во нив ќе ја најдеш вистината за Македонија и Македонците“.

“Моето македонство е вродено, тоа е крвно наследство од татко и мајка, немам потреба од литературна потрага по моето национално потекло“ – одговорив.

Кога се разделувавме на тротоарот пред хотелот Асен Аврамов ми пријде и ме праша колку години имам? Му одговорив дека имам 22 години. “Ме чудиш – рече Асен Аврамов

– како ти со твоите 22 години имаш такви научни и теоретски познавања за нацијата. Морало да има некој посебен фактор што те туркал кон постојната литература за нацијата?“. “Тој фактор беше само мојата љубов кон македонската нација кој сеуште е негирана и поробувана“ – беше мојот одговор. Но Асен Аврамов не поверувал на мојот одговор, туку само што пристигнав во Бразилија, од него стигна писмо од 16 на машина начукани страници, адресирани до ванчовистите Коста Хаџи Мишев, Методија Калкашлиев и Топчев, во кој се обидува да им докаже дека македонска нација не постои, дека е исмислена од србокомунистите. Во тоа свое писмо Асен Аврамов зборува како му се згадило од средбата што ја имаше со мене во Ѓенова и им препорачува да не ме примат мене во нивната ванчомихајловистичка организација МПО, зашто јас најверојатно сум агент на УДБА, специјално школуван за таа цел, зошто како сум можел јас на моите 22 години да знам работи од теоријата за нацијата кои се познати само на учени социолози и политолози. Писмото од Асен Аврамов дојде до рацете на мојот пријател Никола Фиданчев и тој ми го даде да го прочитам. Благодарение на тоа писмо веќе знаев што мислат ванчомихајловистите за мене, затоа избегнував секаков контакт со нив, но секогаш работев против нивната предавничка национална политика.

– Ова што ни го кажа сега за Асен Аврамов ќе биде добро да ни го напишеш и тоа што подетално – рече Никола Илиевски. – Напиши го тоа пред да почнеш да пишуваш за твојот престој во Бразилија!…

Милиционерите ме одведоа во мојата келија.

По ручекот почнав да пишувам. За средбата со Асен Аврамов напишав две или три страници. За мојот тригодишен престој во Бразилија напишав 5 или 6 страници. Податоците што се однесуваа на мојот личен живот, работите што ги работев во Бразилија и луѓето кои ми беа блиски. Бидејќи во тие три години освен моето војување со ванчомихајловистичка бугароманска пропаганда не се занимавав со друга македонска политика, немаше и што сега да им пишувам на удбашите.

Утредента во “ловџиската соба“ на катот ги затеков само двајцата иследници: Гогов и Илиевски, Шкатров си беше заминал за Скопје.

– Од твоето пишување за твојот престој во Бразилија – рече Анче Гогов – се добива впечаток дека тие три години си ги поминал во политичка неактивност, што не е карактеристично за еден Драган Богдановски, водата спие но Драган Богдановски не спие.

– Во тие три години јас немав материјална основа за некаква организирана политичка дејност – одговорив. – Секоја нова политичка работа започнува со печатна пропаганда кој кошта скапи пари, а во Бразилија како физички работник, се борев со глад и друга мизерија. Дури во втората и третата година материјално ми тргна подобро и можев да уштедам за мојот повраток во Европа. Но и во трите години во Бразилија, јас не бев национално индиферентен, јас воспоставував врски и се допишував со многу другари од Австралија, Америка, Канада и Западна Европа…’

(продолжува)

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top