САВО КОСТАДИНОВСКИ
ВОДИЦИ
Во водата на реката Јордан,
по бела дневна светлина,
Исус Христос бил крстен
во неговата татковина.
Тоа е поводот, ете,
Водици што ги славиме
во чест на спасителот Христос
секоја година почит му правиме.
Воопшто не е случајно
што „две Водици“ има:
ги викаме „машки“ и „женски“
и обете паѓаат в зима.