Историја

ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Чесен Македонец не убива Македонец“ (15)

1XL5

1XL5

Иследнците ги интересиураше соработката на Драган Богдановски со странските разузнавачки служби, исто така се имтересираа за неговата антијугословенска дејност, како и за неговата долгогодишна борба со Службата за државна безбедност. По испрашувањето Богдановски повторно бил вратен во келија, каде почнал да ја пишува својата сторија. Немајќи што да крие, тој на темите кои му ги задале ќе напише:

„.Ме вратија во келијата и почнав да пишувам. На темите што ми го зададоа го напишав следното. Напишаното пак го давам во форма на резиме.

Самиот збор “комитет“ во своето етимолошко значи одбор или избор на мал број луѓе кои имаат задача да раководат со нешто некоја секција или работа. Комитетот, дури и тој кога е Централен, може да се состои само од три или четири човека, без разлика на ширината и длабината на акцијата кој тој се нафатил да ја спроведува во живот. Ослободителниот комитет на Македонија даваше слика на широко, масовно македонско движење. Движењето за обединување на Македонија требаше да ја покаже ширината на македонското национално движење од сите распарчени делови на Македонија и од емиграцијата од дијаспората во акција за обединување на Македонија и за самостојна македонска држава.

Меѓутоа, веднаш по прокламирањето на новото име на Организацијата некои македонски патриоти по потекло од Вардарска Македонија направија забелешка што во името на организацијата не е ставено и за “ослободување“ на Македонија, зашто Македонија може да се обедини а пак да не биде слободна. Вардарска Македонија денеска е обединета со другите народи во Југославија а пак не е слободна. Јас лично сметав дека оваа забелешка е правилна и затоа го додадовме и она “за ослободување“. Така ДОМ стана ДООМ.

На Бременскиот конгрес Организацијата не само што си го промени своето име туку и донесе нов статут и политичка платформа. Новото раководство беше задолжено да работи по новиот статут и политичка платформа. Меѓутоа по конгресот Димко Нечевски новото име на Организацијата не го применуваше, а во работата се раководеше уште од некогашниот статут на Ослободителниот комитет на Македонија, напишан уште од предавникот Благој Миленковски. Со таквата своја постапка Нечевски не ги почитуваше решенијата на Бременскиот конгрес – конгрес на кој тој беше избран за претседател. Бидејќи не сакаше да се повикува на законите на Организацијата тој беше сменет од претседател. Тој не беше сменат од мене, туку од здравите патриотски снаги на коишто неговата политика им личеше на миленковштина, на политика помирлива кон Југославија.

Со Гарвански случајот е чисто криминален. Кога стана секретар на ДООМ тој од бившиот претседател, т.е. од мене ја побара “касата“ на Организацијата, мислејќи си идиотот дека Организацијата има некаков буџет за нејзиното издржување, од кој буџет ќе може тој да краде за себе. Кога му беше речено дека Организацијата нема некаква каса, т.е. дека касата е празна, не сакаше да поверува. Сакаше да знае од каде ѝ биле парите на Организацијата за печатење на “Македонска Нација“ и на други печатни материјали, и кога му кажавме дека сме давале од нашите џебови и од помошта што ни ја давале другарите, мислеше дека го лажеме и го криеме изворот на финансирањето на Организацијата. Бидејќи го знаеше нашето неслагање со Димко Нечевски по горе наведените причини се фати со него да комплотира против нас. Гарвански откако беше согледал дека Организацијата не може да му биде крава молзница, беше изгубил и волја за вистинска работа. Затоа Организацијата само после неколку месеци по Бременскиот конгрес не само што го смени од секретар, туку и го исклучи од своето членство.

Кога утредента се најдов пак пред иследниците, Анче Гогов ми рече: “Значи второто “О“ во скратеницата “ДООМ“ си го внесол за да ја потврдиш твојата теза дека Вардарска Македонија не е ослободена, па затоа треба да се води борба за нејзино ослободување.

-.И за нејзино ослободување – реков – за ослободување на цела Македонија.

-.Но во Вардарска Македонија и врапците керамидите знаат дека во неа македонскиот народ е национално слободен – рече Анче Гогов.

– Тоа ваше удбашко поимување на национална слобода, но в суштина со тој поим вие само го манипулирате народот, му раскажувате заносна бајка да си помисли дека е навистина слободен иако е окован во синџири и прангии.

-.Да не сме правна држава, знаеш што заслужуваш да ти направиме? – рече Никола Илиевски.

– Правна држава не киднапира луѓе на чисто мафијашки начин од територија на една друга држава – реков. Вие удбашите правдата ја толку почитувате колку што ја почитувате слободата.

– Молкни!, не сери! – викна Илиевски да не те врзам пак долу за дирекот – рече налутено Илиевски.

– Сакав да ти кажам, но ти ме пресече, дека ти заслужуваш да те земеме и да те однесеме пред работниците на некоја македонска фабрика, или пред студентите на некој македонски факултет, или пред учениците на некоја гимназија, и да им кажеме: “Еве другари, ова е тој Драган Богдановски!, кој во емиграцијата пишуваше дека Македонија не е ослободена, дека таа е српска колонија, дека македонскиот народ е е рамноправен во Југославија, па затоа другари, ние ви го предаваме на вас, судете му, правете му што сакате!“. И што мислиш народот ќе ти направи? Со камење главата ќе ти ја столче како на змија отровница.

– Тоа ќе ми го направат само вашите агенти и други србомански изроди во Македонија – реков.

– Чесен Македонец не убива Македонец. Пред да бидам каменуван од вашите агенти, дозволете ми на масата да и одржам еден говор, да им кажам зошто сум се борел, да им кажам јас моите вистини, а не само вашите да ги кажете, па тогаш ќе видиме како ќе реагира македонската маса. Но вие се плашите од слободата на зборот, слободниот збор го гушите, или не дозволувате да биде изговорен. Ченто беше најчесниот и најславниот Македонец што го дала Народноослободителната борба, па кога го судевте судската сала ја наполнивте со олош да му се исмејуваат и да викаат: “смрт за Ченто!“.

– Со тебе требаше на друг начин да се зборува, а не вака. Со тебе требаше да се зборува со чекан или со секира по главата, како што се зборуваше со Благој Шамбевски.

– Никој не ви пречи и тука со мене да зборувате со вашиот јазик на чекан и секира? – реков.

-.Сега имаш право, кој ни пречи да ти ја столчеме главата? Никој. Ќе наѓубриш некоја бука во ова македонска планина – рече Никола Илиевски. –

Крајот делото го краси, ќе дојде крај и на оваа истрага па ќе видиш што те чека.

– Кога вие го избравте Гарвански за секретар ние во Службата мислевме дека нему му падна секирата во мед, си рековме тој хохштаплер сите ќе ги изманипулира и ќе се збогати на сметка на Организацијата, но ти излезе поголем манипулант од него, не му ја даде касата и го избрка од организацијата. Мајсторот си нашол мајстор!

-.Вие Гарвански го тепавте во Минхен, а неговото тепање е доказ дека вие знаете да применувате сила, терор – рече Никола Илиевски. – Ти ли им даде наредба да го истепаат.

– Гарвански го тепаа мои луѓе, луѓе кои ми беа мошне блиски, го тепаа по своја сопствена иницијатива затоа што зборувал против мене. Јас за тепачката разбрав дури две недели подоцна – реков јас.

– Кој му ја скршил вилицата – праша Никола Илиевски.

– Александар Котсенцов – реков.

– Имаше ти доста луѓе околу тебе кои можеше да ги искористиш да сеат страв и трепет среде твоите противници – рече Гогов. Но ти тоа не го искористи.

– Јас моите непријатели ги тепав со зборови, со вистината – јас не бев никаков терорист – реков.

– До каде стигна со твојата автобиографија? – ме праша саркастично Илиевски.

– До тепањето на Гарвански во 1973 година односно до убиството на Шамбевски во 1974 година.

-.За убиството на Шамбевски другпат ќе зборуваме, сега сакам за утре да ни го опишеш периодот 1973-1974 година, последните три години од твоето непријателско дејствување. Посебно не интересира за случајот со Ванета Петрески.

– За Ванета Петрески што има да ве интересира, кога тој е ваш агент, сте ги читале неговите извештаи за неговата удбашка дејност во емиграција – реков.

– Ако сме ги читале, сакаме да ја слушаме твојата верзија на неговите успеси – рече Никола Илиевски.

– Браво! – реков – Еднаш и вие нешто да признаете.

– Што тоа праша – зачудено Илиевски.

-.Дека Иван Петрески или Ване Самоилов Петровски како што тој ни се прикажуваше во емиграцијата бил агент на УДБА – одговорив.

Зарем тука во овие услови на оваа планина има смисла Драгане да се лажеме – одговори Илиевски – Зошто да те лажеме за нешто кога ние знаеме дека ти ја знаеш нашата права вистина. Неприликите што ти ги правеше Ване во емиграцијата ти ги правеше УДБА. Вистина ти излегуваше победник од играта што ти ја местевме, ти го проеба и Ванета, дури и направи да биде затворен во Германија а потоа во Белгија, но на крајот УДБА пак победи. Те фативме и те донесовме овде.

– Признајте си дека и убиството на Благој Шамбевски беше ваша работа – прашав.

– Ти реков дека за убиството на Шамбевски другпат и во врска со друга работа ќе зборуваме – одговори Илиевски – но баш кога навалуваш, тогај знај: ние му го светивме маслото. Мораше така да биде, друго решение немаше.

– Еве и едно кусо резиме од “писмената задача“ тоа попладне што ја напишав во мојата келија.

Се до убиството на Благој Шамбевски на 2 август 1974 година јас Ванета Петровски го немав видено ниту се имав допишувано со него. За Ванета за првпат слушнав неколку месеци пред убиството на Шамбевски од самиот Шамбевски. Шамбевски ми го претстави како “силен Македонец“, кој е спреман и да извршува терористички акции за Организацијата. На Шамбевски му реков да внимава со еден таков човек…“

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top