На прво место

Македонската дијаспора заслужува електронско право на глас

Зошто опозицијата е против македонската дијаспора да добие право да гласа електронски — и од што се плаши?

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека македонската дијаспора мора да добие можност да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, оценувајќи дека тоа е современо, европско и демократско решение кое ја поврзува Македонија со нејзините иселеници ширум светот.

Според Мицкоски, токму оние политички структури кои во минатото ја понижувале, распродавале и блокирале Македонија, денес повторно се обидуваат да застанат на патот на реформите и напредокот.

„Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и понижуваа Македонија, сега грчевито се борат да ја блокираат. Исплашени се дека, по декемврискиот извештај, сега и во јунскиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан повторно ќе бидеме најдобри“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека Македонија, и покрај блокадите, ќе продолжи да напредува и да обезбедува најмногу буџетски средства и отворени фондови за финансирање на проекти.

„Имам лоша вест за нив и нивните коалициони леви партнери: Македонија ќе ве победи вас и вашите блокади“, истакна Мицкоски.

Во фокусот на неговата порака е Изборниот законик, законско решение кое, според него, со месеци било договарано со опозицијата и во кое биле прифатени сите нивни предлози. Единственото барање од власта било македонската дијаспора да може да гласа по електронски пат уште на следните претседателски избори.

„Блокираат закон кој со месеци го договараа. Закон во кој им прифативме сѐ што предложија. Единственото нешто што побаравме е дијаспората да може да гласа по електронски пат уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија, а денес го блокираат и бараат бледи алиби-аргументи“, рече Мицкоски.

Премиерот ги повика пратениците од СДС да поднесат амандмани доколку имаат конкретни забелешки за начинот на заокружување или поднесување приговори, додавајќи дека таквите корекции веднаш ќе бидат прифатени.

„Ајде вака: предложете амандмани со кои барате корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори. Веднаш ќе ви ги прифатиме. Повлечете ги другите амандмани и да го изгласаме Изборниот законик“, порача тој.

Мицкоски нагласи дека македонската дијаспора е нераскинлив дел од Македонија и дека државата има обврска да ѝ овозможи полесно, побрзо и современо учество во демократските процеси.

Електронското гласање за дијаспората не е само техничко прашање, туку прашање на почит кон илјадници Македонци кои живеат надвор од татковината, но остануваат поврзани со неа, со нејзината иднина и со нејзините државни интереси.

„Нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, во време кога во светот вештачката интелигенција ќе има клучна улога“, истакна Мицкоски.

Со оваа порака, Мицкоски јасно посочува дека вистинските европски реформи не се празна реторика, туку конкретни решенија кои ја модернизираат државата, ја зајакнуваат демократијата и ја враќаат дијаспората таму каде што припаѓа — во срцето на Македонија.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top