Историја

ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Ако сте Македонци ќе наздравете за обединета Македонија! “ (17)

1XL5

1XL5

Агентите на СДБ често се користеле и со „серум на вистината“ за да можат да извлечат од Драган Богдановски признание за неговите и активностите на ДООМ. Признај, признај! – постојано било повторувано од неговите мачители. Македонскиот дисидент не очекувал дака ќе го преживее тајниот затвор, бидејќи единствениот начин да остане жив бил да признае.  Маките продолжуваа, а истоштеноста и менталната замореност од Богдановски правеле жив труп, кој веќе не ги ни разбирал зборовите на иследниците. Потоа ќе го оставеле да закрепне, за да продолжат со нова тортура.  По последната серија испитувања, Богдановски бил однесен во седиштето на УДБА во Скопје. За овој настан тој во својот дневник ќе напише:

„ … Изминаа неколку дена откако излегов од агонијата, а моите иследници не ме повикаа на сослушување. “Што е ова се прашував – чекаат да се оправам малку за да можат пак да ме тортурираат“. Но едно утро во почетокот на месецот август хеликоптерот забрмчи и се спушти на лединката пред мојот затвор. Од хеликоптерот слегнаа иследниците Никола Илиевски и Анче Гогов и веднаш дојдоја во мојата келија.

– Облечи се! – ми наредија – ќе те носиме со хеликоптер во Скопје.

Се облеков и тргнав по инспекторите, но пред да излезам од зградата со црна шамија ми ги врзаа очите за да не ги гледам другите згради наоколу. Ме водеа како што се води слеп човек до хеликоптерот. За да не се обидам да се фрлам од хеликоптерот рацете ми ги врзаа со синџири за глуждовите потоа синџирот го врзаа за едно од железо под седиштето. Седев во положба наведнат и го слушав работењето на моторот од хеликоптерот во лет. По некое време Илиевски ми ги одврза очите и ми рече: “Се наоѓаме над Скопје, ти даваме прилика да го видиш Скопје од висина“… На крајот, хеликоптерот се спушти на една асфалтна површина пред една куќа која имаше изглед на некаков хангар за авиони. Подоцна разбрав дека тоа било на вистина хангар за двата полициски хеликоптери, кој се наоѓа покрај реката Вардар во Идризово, во кругот на факултетот за државна безбедност, само двеста метра од затворот Идризово.

Пред хангарот чекаа три лимузини, од кои во двете видов милиционери вооружено со машински пушки… Мене ме качија во колата која имаше цивилен шофер, а внатре со мене влегоа Аганијан, Гогов и Илиевски.

Пред нашата кола тргна едната кола со вооружените милиционери, а по нас тргна другата кола, пак со вооружени милиционери. Ме носеа во секретаријатот за внатрешни работи на Македонија во населбата Црниче…. На влезот во секретаријатот имаше железна рампа, милиционерите ја кренаа и ги поздравија моите удбашки иследници. Дворот на секретаријатот за внатрешни работи изгледаше раскошен парк, со многу разнобојни цвеќиња и со борчиња од човечка височина. Иако часот беше околу 11, во дворот не видов никаков човек. После разбрав дека тој ден бил сабота и дека службениците за тој ден биле слободни, не работеле.

Ме воведоа во една барака, ама барака која повеќе личеше на некоја скандинавска дрвена куќа отколку на традиционална балканска недоделкана барака. Ме воведоа во една канцеларија, во канцеларијата на тогаш најглавниот шеф на УДБА за Македонија Тошо Шкартов…

Ме понудија и јас седнав во една фотелја…

– Денеска си наш гост и ке зборуваме само како Македонец со Македонец а некако затвореник со своите иследници – рече Шкатров. Од фиоката на својата писачка маса Шкатров извади шише со водка, шише со виски и шише домашна македонска мастика…

– Јас ќе ти налеам виски – рече Шкатров – зашто знам дека за толку кусо време не си ги загубил западњачките навики да пиеш виски.

Полните чаши со виски беа на сите во рацете, тогаш Шкатров праша: “За кого да наздравиме?“ гледајќи ми право во очите.

– Ако сте Македонци ќе наздравете за обединета Македонија! – реков.

– Ај за Обединета Македонија ама во рамките на Титова Југославија! – рече Шкатров.

– Ај за Обединета Македонија сам за себе! – наздравив јас.

Удбашите се погледнаа меѓусебно, очигледно не им се бендисуваше моето наздравување.

Удбашите така да се рече наеднаш ги испразнија своите чаши до дното, и ме тераа да ја испразнам и јас мојата, па да налеат втора тура. Веќе кога бевме кон третата или четвртата тура, кога Шкатров ја отвори темата за која ме довеле во секретаријатот на внатрешни работи во Скопје.

– Останува само два дена до Четвртиот конгрес на ДООМ, – рече тој – Делегатите се собрани во Германија. Делегатите од Австралија Михаил Шариновски, Ристе Ристевски и Доне Димов во моментот се во ресторантот на Јован Исаковски во Бремен. Ние очекуваме дека со твоето донесување кај нас, конгресот нема да се одржи, дека ќе настане паника и збрка и дека Организацијата набргу ќе се распадне. Меѓутоа, изгледа дека сме ги потцениле силите на твоите пријатели, конгресот ќе го одржат и без тебе.

Веста дека конгресот ќе се одржи ме исполни со неопислива радост, радост која јас не знаев да ја сокријам пред удбашите. Одржувањето на конгресот беше морална победа за мене над удбашите и бев горд со другарите што ќе го одржат конгресот и со тоа ќе го продолжат континуитетот на нашето Движење.

– Што мислиш кого можат да го изберат на твоето место за претседател на ДООМ? – ме праша Никола Илиевски.

– Михаил Шариновски – одговорив.

– Зошто токму тој? – праша Анче Гогов.

-.Зашто тој беше мојот кандидат за претседателското место. Три месеци пред конгресот јас го составив рефератот за политичката дејност на ДООМ и им го испратив на поткомитетите и на членовите на Централниот комитет да го простудираат и да дадат свое мислење за него. Истовремено го предложив Шариновски за претседател на ЦК на ДООМ.

– А за тебе за кое место се предложи? – праша Шкатров.

– За политички секретар и за редактор на “Македонска Нација“.

– Значи пак да ја водиш политиката ти? – рече Никола Илиевски. Но знаеш ли ти кој е Шариновски?-

– Знам – реков борец кој за македонската слобода и крвта си ја пролеал и за сиот живот останал инвалид. Чесен и бескомпромисен македонски борец.

– Тој е руски агент, женат а за ќерката на еден советски полковник, жена му скоро секоја година патува од Австралија за Советскиот Сојуз.

– Зашто да не патува, Советскиот Сојуз е нејзина татковина, таму са наоѓа нејзината фамилија – реков.

– Патува таа и по други работи – рече Шкатров – му донесува инструкции од НКВД на Шариновски што да работи. Впрочем ти знаеш дека Шариновски со една делегација од австралиското крило на ДООМ ја посети советската амбасада во Канбера и бараше помош од Советите за создавање на една обединета советска Македонија.

– За таква посета не знам, и не верувам дека некогаш била направена – реков – зашто ако била направена ќе сум бил известен од самиот Шариновски. Тој ми е искрен пријател и соборец.

– Ние сме убедени дека ти си знаел за таа посета, па дури и дека си ја одобрил или инспирирал – рече Анче Гогов. – Затоа и тебе те сомничиме за советски шпион.

– Вие ме тепавте да ви признам дека сум американски и француски шпион, сега ме правите советски шпион! – реков. – Во вашите обвинувања навистина нема никаква логика…

– Она што сум го правел не се ни обидов да го кријам во истрагата – реков. – Зашто јас сум потполно рамнодушен кон казната што ќе ми ја изрече судот.

– Што се однесува до твојата лична судбина, и ние така мислиме, дека си рамнодушен кон казната, но не си рамнодушен кога се во прашање други личности, за нивните дела ја сокриваш вистината.

– Јас одговарам само за моите дела, за туѓи дела не одговарам – реков.

– Ти одговараш за делата на сите домовци, затоа што ти беше нивниот идеолог, ти ги заведе на тој пат – рече Никола Илиевски. Туку сега тоа нешто да го оставиме за другпат, туку да се слушнеме како се развиваат работите околу конгресот на ДООМ.

Испиеното виски брзо го совладуваше мојот истоштен организам, не бев пијан, ни јазикот ми беше премногу “одврзан“, самиот чувствувам дека сум полу пијан…“

1Tiho3Подготвил: Т.К.

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top