Историја

ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „ На екскурзија во Охрид“ (20)

1XL5

1fon6

Во текот на испрашувањето, Драган Богдановски по вторпат бил однесен во канцеларијата на СДБ на Македонија во Скопје. Се барало од него да разбере и каже кои се лицата на новиот Централен комитет на ДООМ избрани на конгресот. Потоа, по враќањето во затворот му барале да каже за македонските интелектуалци со кои се среќавал, како и да ги открие псевдонимите на статиите што не се потпишани со вистинските имиња и презимиња на авторите. Му биле носени весниците и списанијата по хронолошкиот ред на нивното излегување како: “Македонска Лоза“, “Слободна Македонија“, “Македонска Мисла“, “Камбана“, “Македонија“ и “Македонска Нација“.

Согледувајќи дека не можат да го добиат посакуваните одговори, СДБ превзела, нови чекори. Имено, од неговото киднапирање и затворање во тајниот затвор во 1977 година, Богдановски цела година сонце не видел. Но, на негово изненадување, во септември 1978 година бил однесен на екскурзија во Охрид. Во својот дневник Богдановски за овој настан и за причината да го посети македонскиот Ерусалим ќе напише:

„Летото 1978 година мина а јас сонце не видов. И на двата мои патувања во Скопје минаа со врзани очи. Од бункерот во кој бев затворен сонцето можев да го гледам само преку ситото и решетките на прозорецот од мојата келија, или од прозорците на “ловечката соба“ кога во неа бев качуван за сослушување. Затоа страшно бев изненаден кога во септември месец мојот удбашки иследник Никола Илиевски ми рече ќе ме носат во Охрид на “Екскурзија“ да ми покажат колку Македонија силно била развиена.

– Меѓутоа, не смееме да те носиме во Охрид не маскиран, некој може да те препознае – рече Илиевски – По наше знаење ти досега никогаш не си носел мустаќи, јас ти донесов вештачки мустаќи. Кои сега кога ќе ги залепиш под носот никој нема да те препознае.

– Тоа е улогата на еден кловн што ми ја припремате да ја играм му реков.

– Ќе видиш дека не е никаква игра – рече Илиевски – Ни падна на памет да те разонодиме малку, да ја видиш културната престолнина на Македонија. Ти толку си пишувал за таа Македонија а се уште не ја познаваш. Ќе те носиме со хеликоптер. Отука ќе летнеме околу девет часот, а планираме да се вратиме вечерта околу шест или седум часот.

Убаво се сеќавам дека мојата “екскурзија“ за Охрид се случи на 20 септември 1978 година. Кога ме качија на хеликоптерот очите ми ги врзаа со црна крпа и ми ги одврзаа можеби после еден час патување. Очите ми ги одврзаа над Мавровското вештачко езеро и ми го покажаа убавините на припадниците на новата привилегирана класа.

– Тука беше дива планина, а сега гледаш со километри долго вештачко езеро и вакво нешто ретко можеш да видиш на Запад – рече Никола Илиевски, кој седеше напред во хеликоптерот.

– Многу поубаво ќе беше ако го оставевте какво што си било порано.

– Го надлетавме Дебар, потоа летавме по долината на реката Дрим, ја надлетавме хидроцентралата Глабочица, па излеговме над Струшкото поле кај селото Велешта, ја надлетовме и Струга и дел од Охридското езеро кое беше црно од јата црни гулаби, и слетовме на Охридскиот аеродром. Бев зачуден кога на слегнувањето од хеликоптерот на аеродромот ги видов скоро сите дваесетина мои чувари милиционери на планината Караџица, кои преку ноќ биле префрлени во Охрид за да ја вршат својата чуварска должност и во овој град. Само сега тие беа облечени во цивилна облека и повеќе даваа изглед на туристи отколку на полицајци.

Во Охрид на аеродромот не пречека и Аганијан, командантот на македонската милиција со неколку цивилни агенти, замене непознати. Три патнички автомобили (лимузини) чекаа на нас. Мене ме поставија во средниот, со мене во автомобилот седнаа Илиевски и Аганијан. Најпрвин го посетивме хотелот “Изгрев“ (х. Бисер – н.з) кај селото Калишта на самата албанска граница. Хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро, има широка тераса која граничи со езерото, има прекрасен изглед кон езерото. Во склопот на хотелскиот објект влегува и природната пештера кој некогаш во средновековието била пештерска црква а сега е преобразена во ресторанска сала на хотелот. За туристите кои во овие септемвриски денови беа исчезнале од Охрид сигурно ова пештерска ресторанска сала преставува најроматичното туристичко доживување во нивниот живот.

Седнавме на терасата пред хотелот. На масата бевме јас, Никола Илиевски и командантот Аганијан. Полицајците порачија виски за себе, виски порачија и за мене. Седевме и разговаравме за малата црква на некогашниот Калишки манастир, која пред некоја година била изгорена, мислам до албански националисти, и сега повторно беше подигната, ја малтерисуваа надворешно. Во тој момент од некаде се појави со филмска камера 16 милиметри шоферот на џипот што ги вози удбашите на Караџица и почна да не снима нас тројцата од нашата маса. Тогаш разбрав зошто ме донесле удбашите во Охрид, зошто ми клале мустаќи вештачки за да направат филм кој ќе можат да го прикажуваат по потреба на нашата емиграција дека јас сум дошол во Македонија, дека слободно сум се шетал низ Охрид, и дека СДБ ме фатила внатре во Македонија.

Снимањето се повтори уште на неколку места во Охрид и Струга – во хотелот “Метропол“ во Охрид, во хотелот “Дрим“ во Струга и уште на некои места.

Околу два часот по пладне стигнавме во хотелот-летовалиште на службата за државна безбедност во месноста Горица и тука ручавме. Во удбашкото дувло останавме до четири часот, кога тргнавме назад за охридскиот аеродром. Хеликоптерот ја надлета планината Галичица, потоа ги надлетуваше покриените со густа шума ридје Демирхисарски, пролетавме над прочуениот манастир во селото Слепче, го надлетавме и историското Смилево, ја надлетавме Пелагониската рамнина меѓу градовите Битола и Прилеп и излеговме над реката Вардар, каде што удбашот Илиевски ми ги врза очите со црна крпа за да не видам на кое место се наоѓа тајниот затвор на СДБ. Додека ги имав заврзани очите хеликоптерот можеби леташе уште половина час.

И денеска се прашувам дали удбашите се користеле со филмот што го снимаа во Охрид, но знам само тоа дека тие внатре во Македонија, а особено во моето родно Куманово, ја ширеле својата лага дека ме фатиле во Охрид и за да бидат убедителни им покажувале слики од мене сликани во охридските ресторани. Еден мој соселанец, инаку познат шпион на полицијата, се колнел во својата мајка и своите деца, дека ме видел во Охрид и зборувал со мене. Кога излегов од затворот и го посетив моето село селаните ме прашуваа дали е вистина дека човекот ме видел во Охрид. Им одговорив дека лаже, дека таа лага тој ја ширел по наредба на неговите удбашки наредбодавци.“

Подготвил Т. К

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top