Историја

ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Ванчо Михајлов го сметав за македонски национален предавник и за бугарски агент “ (23)

1XL5

1fon6

Драган Богдановски додека бил во тајниот полициски затвор кај Македонски Брод, активно бил сослушуван повеќе од девет месеци. На барање на СДБ, покрај извештаите за врските со српската и хрватската емиграција, тој ги опишува и своите контакти со бугарската емиграција. Во нив тој говори не само за поделеноста на бугарската емиграција, на групите кои го признаваа или не го признаваа македонскиот народ, туку и за Ванчо Михајлов кого го сметал за македонски национален предавник и за бугарски агент.

Во својот дневник, во кој говори за овие извештаи, најпознатиот македонски политички емигрант и еден од оснивачите на ВМРО ДПМНЕ Драган Богдановски за врските со бугарската емиграција,  ќе напише: 

„Бугарската емиграција е поделена во два различни политички блока или лагера… Поголемиот дел од неа и припаѓа на Бугарската земјоделска партија, чиј водач во емиграцијата до својата смрт беше Гемето Димитров, кој живееше во Вашингтон, а по неговата смрт на водечкото место го замени Ценко Барев, журналист кој живее во Париз. Гемето Димитров, со него се сретнав двапати во Западна Европа и со кого разменив повеќе писма, избегнуваше да се изјасни по македонското прашање, меѓутоа ниту еднаш за времето на својата политичка дејност во емиграцијата не се искажа против националното постоење на Македонскиот народ. Тој беше вистински демократ, затоа беше толерантен и во однос на политичката дејност на ДООМ, не не напаѓаше и не даваше никакви големобугарски изјави. Неговиот наследник Ценко Барев му ја признаваше на македонскиот народ неговата национална индивидуалност и тоа тој јавно го направи во едно свое интервју на српското списание “Современост“ кое излегуваше во Париз. Со Ценко Барев имав срдечни пријателски односи и тој им помагаше на македонските емигранти во Париз, особено на македонските студенти.

Бугарските фашисти и националисти беа организирани во Бугарскиот национален фронт (БНФ) кој своето седиште го имаше во САД и издаваше весник “Борба“. БНФ го негираше македонското национално постоење па затоа тесно соработуваше со македонските бугаромани на Ванчо Михајлов. Со луѓето на БНФ воопшто не сум имал никаков контакт.

Надвор од овие две политички групи, во Париз постоеше и групата на бугарските анархисти, кои го издаваа списанието “Наш Пат“. Бидејќи и овие луѓе ја застапуваа тезата дека Македонците биле Бугари, не одржував контакт со нив. Меѓутоа, имаше неколку бугарски анархисти кои беа сметани за отпадници од бугарското анархистичко движење а кои покажуваа полно разбирање за македонското национално прашање. Тоа беа бугарските анархисти Иван Рачев и Драган Драганов, кои јавно симпатизираа со политиката на ДООМ и ја помагаа морално, па и материјално. Особено разбирање за македонското прашање покажуваше ерудитот Иван Рачев Иванов.

– Ти не си ни ја кажал целата вистина за твојата врска со бугарската емиграција – ми рече иследникот Никола Илиевски – утредента кога ме извикаа во “ловџиската соба“. Во наши раце се наоѓаат писмата што Никола Антонов ти ги пишуваше од Вашингтон. Тој ти беше еден вид политички советник.

Се зачудив кога го слушнав името на Никола Антонов, со кого навистина разменив едно десетина писма. Не знаев на кој начин писмата што Антонов ми ги пишуваше стигнале до рацете на УДБА, а може би тоа беше само еден удбашки трик. Во секој случај, писмата од Антонов беа останале во Осло и по мојот развод со жена ми не знам што станало со тие писма.

Антонов беше по потекло Македонец, родум од Велес, во предвоена Бугарија беше еден од врвните бугарски дипломати, бил е полномошен министер на Бугарија во Москва и во Берлин, а по војната емигрирал во САД. Работеше во Конгресната библиотека во Вашингтон и беше некој вид советник во Американскиот сенат за прашањата за комунистичка Бугарија. Антонов политиката на Ванчо Михајлов по македонското прашање ја сметаше за застарена и одживеана политика затоа ја поздрави политиката на ДООМ и се обидуваше да ни дава совети каква треба да биде македонската политика. Коресподенцијата со Антонов ја прекинав кога тој во едно свое писмо ми пишуваше дека капиталистичкиот Запад е антимакедонски ориентиран, дека Македонија ништо добро не може да очекува од Американците, затоа ни советуваше ДООМ да се врзе со Советскиот Сојуз и да бара помош од него за остварување на македонскиот идеал. Бидејќи беше во американска служба а ни препорачуваше да се сврземе со Советскиот Сојуз јас таквиот негов став го сфатив за провокација и му одговорив дека ние судбината на Македонија не сакаме да ја сврзуваме со комунистичкото движење. Нашата коресподенција прекрати, но подоцна се уверив дека Антонов не бил никаков провокатор, зашто тој доброволно се врати во Народна Република Бугарија.

– Слаб политичар си бил кога не си знаел да го оцениш Антонов – ми рече Никола Илиевски – Си се плашел да не наседнеш на негова провокација, а уште не знаеш дека си наседнал на провокацијата на твојот добар пријател, агентот на ЦИА Киро Матраковски од САД. Тој те наседнал така што Американците те сметаат за советски шпион. Тој ти пишал писмо наговестувајќи ти американска материјална помош доколку ДООМ завземе јасен антикомунистички став. Ти си му одговорил дека ДООМ е неутрален према двата големи воени блока и општествени система, спрема капитализмот и комунизмот, зашто не можело да се предвиди внапред кој од двата блока ќе победи. Си му пишал можеби ќе дојде време да бараме помош од Советскиот Сојуз затоа не си сакал да се изјаснуваш против комунизмот и советскиот блок. А твојот одговор на неговото писмо Киро Матраковски и го предал на ЦИА.

– Верувам дека тоа го сторил Матраковски, зашто после тој мој одговор Матраковски престана да ми пишува – одговорив.

– А сега само уште едно прашање ќе ми одговориш во писмена форма во врска со твоите врски со другите емиграции – рече Илиевски.

– Ние во Службата се прашаме зошто не дојде до средба меѓу тебе и Ванчо Михајлов? И воопшто имало ли некој обид или иницијатива од страна на Ванчо Михајлов да дојде до една средба меѓи него и тебе?

Во мојот писмен одговор за Ванчо Михајлов напишав дека јас со него постојано се наоѓав во положба на војна, го сметав за македонски национален предавник и за бугарски агент, а тој мене ме сметаше агент на УДБА. Јас го напаѓав во моите статии во “Македонска Нација“, тој мене ме напаѓаше во неговите статии во “Македонска Трибуна“. Никогаш не сум барал некаква средба со него, ниту тој барал да се сретне со мене. Меѓутоа, беа правени обиди индиректно, со посредување на трети лица да дојде до една средба меѓу нас. Хрватот Бранко Јелиќ и Бугаринот Ценко Барев се виѓаа одвреме навреме со Ванчо Михајлов, и ми предлагаа средбата да стане во Швајцарија, кај еден швајцарски журналист, еден од редакторите на весникот “Трибјун де Лозан“, чие име сега не можам да се сетам. Бидејќи и Јелиќ и Барев предлагаа средбата да стане кај швајцарскиот журналист, ме тера да помислам дека таа иницијатива потекнувала од Ванчо Михајлов. Како и да било, јас не ја прифатив средбата.

– Си погрешил што не си отишол на средбата во Швајцарија – ми рече иследникот Илиевски – Иницијативата навистина потекнувала од Ванчо Михајлов.

Откаде знаеле удбашите дека иницијативата потекнувала од Ванчо Михајлов не го прашав Илиевски.

Активно бев сослушуван цели девет месеци. За тие девет месеци петпати на планината Караџица доаѓаше сојузниот секретар Фрањо Херљевиќ за да се увери лично до каде дошла истрагата…“

(продолжува)

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top