На прво место

Мицкоски: Новата енергија е ново забрзување – реконструкцијата на Владата носи нов импулс за реформи и резултати

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека реконструкцијата на Владата претставува почеток на нова фаза во работењето на извршната власт, по изминатите две години исполнети со стабилизација на состојбите, поставување темели и реализација на значајни проекти.

Тој истакна дека во следниот период фокусот ќе биде ставен на уште поголема ефикасност, динамика и испорака на конкретни резултати за граѓаните.

„Оваа реконструкција на Владата означува почеток на нова фаза. Сега следува период во кој фокусот уште повеќе ќе биде ставен на ефикасноста, динамиката и испораката на резултати за граѓаните. Нова енергија за ново забрзување“, порача Мицкоски.

Тој нагласи дека принципите на одговорност, достапност и целосна посветеност остануваат непроменети за сите функционери.

„Граѓаните очекуваат темпо, дисциплина и резултати, а токму тоа ќе биде обврска на секој член на Владата“, рече премиерот.

Во рамки на реконструкцијата, Мицкоски ги соопшти и новите кадровски решенија.

За министер за социјална политика, демографија и млади е предложен досегашниот заменик-министер Ѓоко Велковски.

Министерството за здравство ќе го преземе Сашо Клековски, досегашен директор на Фондот за здравствено осигурување. На неговото досегашно место ќе дојде Златко Перински, кој ќе раководи со Фондот, додека за министер за локална самоуправа е предложен Иван Стоилковиќ.

За министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите е предложен Ерџан Демир.

Мицкоски информираше дека коалицискиот партнер ВРЕДИ ќе предложи нови министри за ресорите правда, култура и туризам, како и односи меѓу заедниците, додека ЗНАМ ќе предложи кандидат за Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство.

Дополнително, Владата ќе го укине ресорот за добро владеење како посебна функција на потпретседател на Владата. Надлежностите ќе преминат директно во Кабинетот на премиерот, каде ќе биде назначен секретар задолжен за следење на доброто владеење.

Премиерот соопшти и дека е постигнат договор Демократска партија на Турците да стане дел од владината коалиција со свој претставник како министер без ресор.

Со тоа Владата ќе го задржи истиот број министерства, но ќе има двајца потпретседатели помалку во споредба со претходниот состав.

Покрај владините промени, беа најавени и кадровски решенија во рамките на ВМРО-ДПМНЕ. За нов претседател на Општинскиот комитет во Кичево е избран Дејан Пандилевски, во Битола Горан Исков, а во Прилеп Христијан Тунески. Актуелниот градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, ќе биде предложен за нов член на Извршниот комитет на партијата.

Истовремено, за нов претседател на Унијата на млади сили е избран Тодор Конески, додека досегашниот владин портпарол Марија Митева ќе ја предводи Унијата на жени.

На крајот од своето обраќање, Мицкоски нагласи дека сите кадровски промени имаат една јасна цел – внесување нова енергија и забрзување на реформскиот процес.

„Сите овие смени имаат за цел да внесат нова енергија, да додадат вредност во квалитетот на работењето и на Владата и на партијата.

Новата енергија е нов импулс за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување – забрзување на реформите, забрзување на економијата, забрзување на капиталните инвестиции и забрзување на промените што граѓаните ги очекуваат и заслужуваат.“

Најново од: На прво место

Новите македонски банкноти во 1996 г.– книжни амбасадори на културното наследство на Македонија

На 6 септември 1996 година во Народната банка на Република Македонија биле промовирани шест нови македонски банкноти. Два дена подоцна, на Денот на независноста, тие биле пуштени во оптек, претставувајќи нова страница во монетарната историја на самостојна Македонија. Новата серија македонски банкноти била промовирана на 6 септември 1996 година, а во оптек била пуштена на […]

Македонски историски, културен и црковен календар: 4 септември

1933 – Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“ „Македонска правда“ бил весник на македонската емиграција во Бугарија, преку кој биле разгледувани прашања поврзани со положбата на Македонија, македонското ослободително движење и идејата за создавање балканска федерација. 1944 – Загинал Методија Шаторов-Шарло На 4 септември 1944 година, во сè уште недоволно разјаснети околности […]

Во Софија излегол првиот број на весникот „Македонска правда“

На 4 септември 1933 година во Софија излегол првиот број на „Македонска правда“ – неделен весник на македонската емиграција во Бугарија, кој ги застапувал македонските национални, политички и културни интереси. Весникот „Македонска правда“ се појавил во еден од најтешките периоди за Македонија и македонскиот народ. Земјата била поделена меѓу соседните држави, а Македонците биле изложени […]

Методија Шаторов-Шарло – македонскиот деец чија смрт остана обвиена со тајна

На 4 септември 1944 година, во битката кај Милеви Скали, во близина на Пазарџик, загинал Методија Шаторов-Шарло – македонски комунист, антифашист и национален деец. Иако официјално било соопштено дека бил погоден од непријателски оган, околностите на неговата смрт никогаш не биле целосно разјаснети. Методија Шаторов-Шарло е роден на 10 јануари 1897 година во Прилеп. Уште […]

Да не згасне споменот за децата прогонети од Егејска Македонија

На 23 септември во 18.30 часот, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејскиот дел на Македонија. Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски – […]

Обновата на Македонија е заедничка задача

Премиерот Христијан Мицкоски упати повик за поголема општествена и граѓанска одговорност, истакнувајќи дека напредокот на државата не зависи само од Владата и институциите, туку и од однесувањето и придонесот на секој поединец. Македонија за релативно краток период успеа да се придвижи напред и од клекната, распадната и ограбена држава да стане подобро место за живеење, […]

Аферата „Мис Стон“ – настанот што го сврте вниманието на светот кон Македонија

На 3 септември 1901 година четите на Јане Сандански, Христо Чернопеев и Крсто Асенов ја заробиле американската мисионерка Елен Стон. Шестмесечната заложничка драма, позната како аферата „Мис Стон“, одекнала низ Европа и Америка и го изнела македонското ослободително дело пред светската јавност. На 3 септември 1901 година, односно на 21 август според стариот календар, во […]

Македонски историски календар: 3 септември

На 3 септември 1900 година во Струга е роден Ристо Крле – македонски драмски писател и еден од основоположниците на македонската драмска уметност меѓу двете светски војни. Потекнувал од сиромашно семејство на чевларски мајстор, а неговото образование било често прекинувано поради тешките животни околности. Бил член на аматерската театарска група „Црн Дрим“, каде што се […]

To top