Култура и туризам

МАНАСТИРОТ „СВЕТА ПЕТКА“ ВО БРАЈЧИНО, ДОЛНА ПРЕСПА (11)

mfhdf3

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Селото Брајчино е едно од најпрекрасните локации во преспанскиот регион. Се наоѓа под југозападниот срт на Баба Планина, каде што се допира со атарот на селото Бистрица, Битолско, како и со државната граница на јужниот сосед. Ова прекрасно село се наоѓа на надморска височина од околу 1000 метри.

1cultui

Тоа е сместено на крајниот југоисточен дел на Општината Ресен, од која е оддалечено 32 километра, и е распространето од двете страни на Стара Река или, како што ја викаат, Брајчинска Река. Атарот на селото е доста голем и зафаќа простор од околу 60 километри квадратни, во кој повеќе пре- овладуваат шуми и пасишта, а помал дел отпаѓа на обработливо земјиште.

Во Брајчино имаше основно училиште во кое се изведуваше настава до четврто одделение (изградено во 1921 година), а денес останаа само споменикот на НОБ, затворената продавница на сретсело и угостителските објекти, хотел-ресторани. Инаку, Брајчино пред педесетина години броело преку илјада жители, но во последните децении многу од жителите се иселиле во: Канада, Австралија, Америка и Шведска, како и во градовите низ Македонија, затоа бројот на жителите е доста намален. Денес во Брајчино живеат околу стотина жители и сите се Македонци. Како што во Македонија се развива селскиот туризам, така Брајчино е на пат да стане привлечно туристичко место.

Брајчино е познато по средновековната тврдина „Кула“, како и по петте цркви и едениот манастир. Свети Никола е селската црква, која е изградена во 1871 година и до која се наоѓаат селските гробишта, потоа црквите Света Богородица, Свети Илија, Свети Архангел (обновена 1916 година), и Свети Атанас (обновена 1984 година).

Секако, манастирот „Света Петка“ е едно од поважните духовни светилишта не само за Брајчино, туку тој е и еден од позначајните споменици на поствизантискиот период од преспанскиот крај. Манастирот се наоѓа во непосредна близина на селото, на едно ливадско плато, а е изграден во XVI век. Во чест и слава на    света Петка, селска слава за брајчинци се слави на 8 август.

Според пишаните документи, манастирската црква „Света Петка“ во Брајчино е една од постарите храмови во Преспа. Според познавачите живописот е правен во периодот од 15 до 17 век. Конаците се градени во 1910 година, на остатоците на опожарениот конак од 19 век. Многу оддамна, во манастирската црква имало училиште за монаси. Меѓутоа, за еден подолг периот манастирот и конаците биле руинирани, а и човечката рака оставила лоши траги по фреските и по ѕидовите.

Иницијатива за враќање на стариот сјај на манастирката црква „Света Петка“ започнала во 1978 година, кога жителите на Брајчино сами ја почнале обновата на конаците. Се чини пресудна беше 1995 година, кога Селскиот одбор одлучно дал иницијатива да се обнови манастирот и конаците.

1cultui2

Панорама на Брајчино

Инаку, според пишаните документи „Света Петка“, која е позната и како „Св. Параскева“ и како Мајка Параскев е светителка од градот Епиват, лоциран на брегот на Мраморното Море помеѓу Силимври и Константинопол во Тракија.

Таа била родена кон крајот на 10 век, во петок, денот кога Евреите се подготвувале за празнување на празникот Сабат (сабота). Затоа, нејзе ѝ го дале името Параскева, што значи „подготовка“. Родителите ѝ биле богати христијани од словенско потекло, а освен Петка, имале и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонашил и подоцна станал епископ Малитски.

По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напуштила родителскиот дом и отишла најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што останала до својата старост. Нејзиниот долг пустински живот во молитва и пост може да биде спореден со 40 дневницата која што Исус ја спровел в пустина.

Кога св. Петка била стара, еднаш ѝ се јавил ангел и ѝ рекол да ја остави пустината и се врати во нејзината татковина. Света Петка го послушала небесниот глас, ја оставила својата омилена пустина и се вратила во Епиват. Таму, таа поживеала уште две години и починала.

За жал нејзините сограѓани ја сметале за туѓинка, па ја погребале надвор од христијанските гробишта. По многу години од нејзината смрт, во градот требало да се погреба некој непознат давеник. Бидејќи бил туѓинец решиле да го погребаат надвор од гробиштата и тоа на истото место каде што била погребана Петка. Кога го отвориле нејзиниот гроб, забележале дека нејзиното тело не било распаднато. Потроа, светите мошти на света Петка свечено биле положени во црквата „Св. Петар и Павле”, во Епиват.

 Инаку и моштите на света Петка имаат чудесен историски пат. Така, од нехристијански, политички и други причини во 1238 година нејзине мошти биле префрлен во Трново, а од таму биле однесени во Влашко, во Валахија (Романија). Кога Влашко станало загрозен простор од турските востанија, во 1551 година моштите биле пренесеси во Белград. Меѓутоа, кога султанот Сулејман го освоив Белград во 1521, заедно со други скапи предмети ги зел  и моштите на св. Петке и ги вратил во Истанбул.

Во истанбул почнале да се случуваат чудеса, па затоа освен христијаните, светицата почнале да ја слават и муслиманите. Тоа ги загрижило муслиманите, и тие плашејќи се верата во чудотворната сила од светите мошти на света Параскева да не се прошири уште повеќе меѓу муслиманите, а и заради молбите и застапништвата на христијаните, ги предале овие свети мошти на константинополските христијани, кои чесно ги положиле во Патријаршиската црква.

Потоа, на барање на Молдавија, моштите биле пренесени во градот Јаши, каде што и денес сéуште се таму (освен два прста од раката на св.Петка кои останале во параклисот „Света Петка“ на Калемегдан). Така, Во 1641 година, на 14 октомври, (односно 27 октомври), со голема свеченост и огромна радост на жителите на цела Молдавија, нераспаднатите мошти на света Параскева биле положени во Соборната црква на градот Јаши „Св.Три Ерарси”, каде што се наоѓаат и денес.

Во Брајчино, пак, мештаните и Месната заедница од делото одлучија селската слава да им биде света Петка, да го подигне нивото на духовното живеење и да прерасне истовремено во иселеничка средба. За таа цел беше формиран Црковен одбор кој одлучил да се избира покровител во функција на кум секоја година.

Така и започнале прославата на „Брајчинските иселенички средби“. Средбите традицијата започнуваат на 7 август во манастирските конаци во кругот на црквата „Св. Петка“, со присуство на голем број иселеници од Брајчино и од околните населби.

Инаку, првата „Брајчинска иселеничка средба“ се одржа на празникот на света преподобна маченица Параскева – света Петка во 1995 година. Ова средба ги стави темелите на наредните иселенички другарувања да бидат поорганизирани, повесели и помасовни. Така, брајчинци средбите ги прославуваат со силен жар, ентузијазам, љубов и со желба тие да бидат вечни.

Треба да се одбележи дека со децении наназад празникот св. Петка летна се празнувал во Брајчино. Тој бил останал да биде најзначајна селка слава. Традиционално св. Петка започнува на 7 август со посна вечера (заслуг), а завршува на 8 август со ручек кога гости пред се‘ се роднини од околните села на Долна Преспа и бројни иселеници во светот. На овој светол ден за брајчинци се подготвуваат пет казани посен грав за околу илјада посетители, што е поклон од народот за народот.

На 8 август, пак, на празникот св. Петка прославата продолжува свечено по домовите, кога секое брајчинско семејство има гости за ручек. Потоа, на сред село и во дворот на училиштето во попладневните часови започнува веселбата со богата културно-уметничка програма и со учество на бројни различни оркестри и број- ни естрадни уметници.

Продолжува

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top