Култура и туризам

МУАБЕТ НА ВОДЕНСКИ ДИЈАЛЕКТ И КЛЕТВИ

Marija Vodenska

Marija Vodenska

Марија Воденска

А ти Гелче наш, кога ќи ма зевиш на слика? Јас сакам да та пулам и да

са лафме. Ваа вечер ва лафиме су Ирена. Бишик у неа и ногу ва

поздрави.

Па ма пите дали ќи дојте у нас. Му кажак оти сте  на п’тут  да а вијте

кујќата на Хемингвеј и оти ми такса за друг п’т оти ќи дојте у нас на

гости.

Она ут к’ с’ врна ут Шангај, глава ни може да крене. Шо ут работа, шо

ут шо не бише арна . Имше прустинато. Ич не с’ пуле самта, соу пуле да

му угоде на с’те пу  дома, па и на нас.

Му велам, сврти са тро’ на к’де теп’, оти и твојто време заминуве.

Е Гели, к’ биме млади и ние не мисликне оти ќи устарме, ама се’ си е

ду врем’ту. Вија су Виолета сте оште млади, туку пулејте да ви направе

Верица документи за зилена карта.

Та шанса да не ја испуштите, слушајте шо ви велам.

Ка та викат мр’ теп?

Дали си мома или нивеста, незн’м чија си. Ут кои људе си?

Мр’ ка та викат?

Мен м’ викат Мијка, внукта на баб’  Муша ут Крунцеливу.

А теп’ ката викат бре? Ти си Гели? Ти си внукут на Митра и на  Гели

Билташови?  Бог да иј  просте!  Ногу арни људе бија.

Дедути Гели бише пручуен за којните. Имше мурафет как’ да иј тимаре…

Шо праве тач’ти? Мици гу викат, нели? Ејгиди, ејгиди! Ќи са забравме.

Ми, гудини поминаја ут как’ а минаме та палена граница.

С’ распрчкаме едни наваќи, друѕи на наќи, и са загубиме, Така дујде

времту немојме ни д’ са познајме.

Д’ т’ питам и з’ мајка ти, она арна е?  Чин’ му здраву-живу ут мен’,

бартучедата Мијка ут Јуванчуви. Ут Мијка на Сава. Сава на Гуши ут

Цакони.

А,а зн’м!  Гуши и су друѕи шест души иј зеја на душа, така, џабе и

стрелаја, за ништу кабат.

На Маџирте ќефут му с’ чини. Бесут да иј фате, јок да са чинат! Воукут

да иј туре, турлакут да иј удре!..

Земна да нема да с’ закопат, бутурајќот да ги фате, ниедин  да не

куртулисе!  Да даде Господ, чума да иј  удре, да баталисат, коренут и

гробут да нем’ са знае…

А сегичка д’ т’ питам, как’ ти веле умут, дали ќи са врниме назад?

А бре улум, (оламџим) един Господ знае!  Анџак с’ видеме на пу арну

тука.  Бунлук  јадејне, пиејне, леп коуку сакиш, пиперки, думати, се’

има, сау мајка и татко нема…

Најадени, напиени, испрани, дутерани,UJDISANI, ARESANI, вода коуку

сакиш мојш да турувиш, има дујќани и можиш да си купиш чејли,

пандофли, чурапи, гајќи, фусти су фистони и ќинијна и фустани куту

наште у Македонија.Поуни дујќани су мрели, чанти,торби, кушули,

палтијна, скорни-чејли, прстени и гримни…и се’ дал Господ у ва

Америка. Е, не п’ра има ракија и цигари, ама има арно, ногу уб’ву

вино. Соу да гу смукиш, ногу е питко! Самu у грлото с’ л’зге.

Су очи да пулиш и д’ не верувиш!

Да не си јан’лш  м’р  Мијко? Шо с’ лафиш?

Не с’м, не с’м бре Гели. Јан’лш не с’м! А пишман може ќи са чинам,

ама понапкум…

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top