Историја

Британски документ за Македонија

MacedoniansinBritishReports1

Документите наречени „House of Commons Papers“ се една од петте главни категории на парламентарни документи во Британија, кои се резултат на работата на Британскиот Дом и неговите Комитети и коишто се неопходни за неговото функционирање.

MacedoniansinBritishReports1

MacedoniansinBritishReports228

Во извештајот од парламентарната сесија оддржана меѓу 3 декември 1878 и 15 август 1879 година, број на документ 79, се водело расправа за Турција.

Во прилогот на овие државни документи, под реден број 259 се наоѓа службениот извештај на вршителот на должноста Конзул во Солун господинот Едвард Баркер кој го известува сер АстинХенри Лајард , тогашен британски амбасадор во Истанбул, за состојбата во Македонија.

Од информациите кои ги добил од пристигнатите дезертери, тој наведува дека бројот на востаниците изнесува 15 000 добро вооружени востаници, со пушки од типот Хенри-Мартини, првите британски пушки од 1871 година, кои претходно Русите ги одзеле од Турците.

Понатаму, продолжува со информацијата од епископите, кои дошле во Солун во чест на Патријархот Јован, пред да биде пренесен во Истанбул, во која наведува:

„Тој изјави дека востаниците, кои себеси се нарекуваат “Македонци“, барале голема сума на пари од него за неговите епархјани, и понудиле да дадат (сметко)потврда, велејќи дека парите ќе бидат вратени кога тие ќе си ја повратат сопственоста на својата земја “Македонија“.

Бидејќи сумата била “претерана“, епископот пребегнал ноќта во Серез.

Овој документ претставува уште една важна потврда, за тоа како се декларирале Македонците, во случајов во 19от век, за нивната национална свест и силните стремежи за ослободување на Македонија и создавање на независна суверена држава под името Македонија.

Тоа не е само потврда со која се разбиваат сите комшиски пропаганди, туку и историски доказ кој задолжително треба да влезе во историското образование на секој Македонец.

macedonia-history

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top