Дијаспора

Ташко Јованов: Македонците во Албанија не се сами во борбата за својот идентитет

 

Ташко Јовановски

Делегација на Форумот за човекови права на Македонците со потекло од Егејска Македонија даде поддршка за МАЕИ и Васил Стерјовски во Корча, во пресрет на судското рочиште по тужбата од Фондацијата „Бугарска меморија“.

Делегација на Форумот за човекови права на Македонците со потекло од Егејска Македонија од Скопје престојуваше во Корча, каде што изрази поддршка за Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ и нејзиниот претседател Васил Стерјовски.

Посетата беше во пресрет на судското рочиште по тужбата што Фондацијата „Бугарска меморија“ од Бугарија ја поднесе против МАЕИ и Стерјовски.

Членовите на Форумот порачаа дека борбата на Македонците во Албанија за зачувување на националниот идентитет и заштита на човековите и малцинските права е заедничка кауза на сите Македонци, без разлика каде живеат.

Претседателот на Форумот, Ташко Јованов, истакна дека Македонците ширум светот внимателно ги следат случувањата во Албанија и остануваат цврсто на страната на своите сонародници.

„Дојдовме во Корча за да покажеме дека Македонците не се сами. Даваме целосна поддршка на нивната праведна борба за зачувување на сопствениот национален идентитет и за почитување на човековите и малцинските права. Воедно, ги осудуваме сите обиди за негирање и асимилација на Македонците во Албанија“, изјави Јованов.

Претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, се заблагодари за поддршката и нагласи дека присуството на делегацијата од Скопје претставува силна порака за единство и меѓусебна солидарност.

„Вашето присуство во Корча ни дава дополнителна сила и уверување дека не сме сами во оваа борба. Македонците се обединети, без разлика каде живеат, кога станува збор за одбраната на својот идентитет и своите права. Ниту судските процеси, ниту какви било притисоци нема да нè поколебаат да продолжиме достоинствено да се бориме за правата на Македонците во Албанија“, изјави Стерјовски.

Фондацијата „Бугарска меморија“ бара надомест на нематеријална штета во износ од 10.000 евра, поради наводно ширење клеветнички и навредливи изјави кои, според тужбата, го нарушиле угледот на организацијата.

Тужбата следува по дописот што МАЕИ на 24 јануари 2024 година го испрати до албанскиот премиер Еди Рама, највисоките албански институции и странските амбасади, во кој побара забрана на активностите на Фондацијата „Бугарска меморија“ во Албанија.

Најново од: Дијаспора

КОРЕНИТЕ НА ФАМИЛИЈАТА НА СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН Светозар-Светле Стамевски  е исклучително доблестен, комуникативен и полн со позитивна енергија Македонец, Затоа, за подобро да го портретираме неговиот лик и воопшто неговиот животек ќе се вратиме многу децении наназад Инаку,  бабата Менка која била најмала, немала брат, а сите сестри и биле омажени, па дечињата и немале каде да […]

Одбележани 165 години од „Зборникот на браќата Миладиновци“ – епохалното дело и живиот глас на Македонците

Свеченото одбележување на 165-годишнината од „Зборникот на браќата Миладиновци“ беше посветено на делото што останува траен симбол на македонската народна мудрост, традиција и идентитет. На свеченоста, посветена на значењето на делото на Димитар и Константин Миладиновци, присуствуваше и амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија, Џијанг Сјаојен. Во своето обраќање, Анета Механџиска, директорка на ЈУ […]

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД 77“ ВО СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави јунскиот бр. 77 од списанието „Повод“ кое е наменето за литература и култура. Новиот број на сисанието „Повод 77“  е издание за литература, култура, историја и општествени прашања. Него го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“. Бројот 77 на списанието „Повод“ е посвете на познатата поетеса Mилица Паулус. […]

Семејното стебло на фамилијата Стамевци (8)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН Светозар-Светле Стамевски  е исклучително доблестен, комуникативен и полн со позитивна енергија Македонец, Затоа, за подобро да го портретираме неговиот лик и воопшто неговиот животек ќе се вратиме многу децении наназад Семејната приказна на Светле (Стив) Стамевские интересна и уникатна, Затоа ќе ја почнам сагата за семејството Стамевци од селото Одри, […]

ОДРИ – СЕЛО УБАВО – СЕЛО ГОЛЕМО ПОД ПАДИНИТЕ НА ШАР ПЛАНИНА (7)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН Тетовското село Одри, родното место на Светле Стамевски и неговото семејство е големо и старо македонско село кое се наоѓасреде полошката убавина. Тоа е вгнездено во полошката питомина, повеќе векови: каде  живее, се гради, се развива, се шири со албанско население и тагува што Македонците се иселуваат […]

Македонската црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго – стожер на православието во САД

Историјата на македонската емиграција во Соединетите Американски Држави е исполнета со примери на пожртвуваност, единство и љубов кон татковината. Меѓу најзначајните духовни и национални симболи на Македонците во Америка се македонските православни храмови, кои со децении претставуваат места каде што се чуваат верата, јазикот, културата и традициите на македонскиот народ. Еден од најпознатите такви храмови […]

Brains Beyond Borders: Македонски таленти од светот ќе разговараат за иднината на вештачката интелигенција и иновациите

Настанот во Скопје ќе ги обедини младите претприемачи, технолошките професионалци, студентите и дијаспората во дискусија за можностите што ги носат новите технологии и глобалната соработка. Македонците ширум светот сѐ повеќе се истакнуваат како успешни бизнис лидери, научници, истражувачи и иноватори кои создаваат решенија и технологии што го менуваат начинот на кој живееме и работиме. Нивниот […]

„Македонци“ Том 2 првпат пред дијаспората во Виена

По успехот на првиот том, Виена ќе биде домаќин на првата меѓународна промоција на „Македонци – Сведоштва за идентитетското име и јазикот“ Том 2 Авторот д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни на 21 јуни во Виена ќе ги претстави новите документи и историски сведоштва за македонското име, идентитет и јазик. По големиот интерес што го предизвика книгата […]

To top