Култура и туризам

КАРАКТЕРИСТИКИ НА МАЛА ПРЕСПА И ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АЛБАНИЈА (20)

2 copy

2 copyПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

На местото на денешното убаво Преспанско Езеро, според легендата се простирало широко плодородно поле. Во близината на ридот имало седум кладенчиња, кои никогаш не замрзнувале. Нивните бистри води биле гордост за цела долина. Навечер кладенчињата со чепови (цифуни) се затварале. Во тоа време, две племиња, непрестано војувале за убавата долина. Ќерката на кнезот од едното племе Преспа, била многу убава.

Таа секоја вечер одела под ридот, до кладенчињата, по вода. Еднаш, кај кладенчињата Преспа го видела синот на кнезот од другото племе. Нивните погледи се сретнале. Срцата им затрепериле. Се родила љубов. Оттогаш, младите почнале скришум да се сретнуваат. Една вечер, младиот син на кнезот кој се викал Лабид, ја чекал убавицата недалеку од кладенчињата.

Таа стрчала, неосетно му се приближувала убвата девојка, лесна како срна. Таа стрчала, намерно ги извадила седумте чепа од кладенчињата и водата бликнала на долж и шир по долината… Кога ја видел младичот, со неколку скока ѝ го попречил патот и се нашле лице в лице … Се фатиле за раце и тргнале кон ридот. Се качиле на врвот. Се прегрнале и паднале во љубовна игра. Шумолењето на водата и љубовната игра ги успала двајцата млади.

Кога се разбудиле, во раните зори, пред нивните очи светнало едно сиво-зеленикаво езеро … Дотогаш, стражарите на двете племиња ги известиле своите кнезови за покачувањето на нивото на водите и тие, племињата тргнале на пат – едното тргнало на југ, а другото се населувало во полите на Галичица… Лабид ја прегрнал Преспа и бакнувајќи ја, му рекол: “Сега нема за што да војуваат нашите племиња!“ Младите стапиле во брак, а настанатото езеро, во чест на убавицата се нарекло Преспанското Езеро а населбата околу него го добила името Преспа.

Инаку, Мала Преспа е тесно поврзана со  Преспанското Езеро – еден од бисерите на Македонија, кое е едно од најчистите езера во светот. Големото Преспанско Езеро лежи на надморска височина на околу осумстотини метри и зафаќа површина од околу 270км2. Неговата брегова линија е разгранета во различни форми и со максимална должина од 28, а широчина од 17 км, како и со најголема длабочина од околу педесетина метри кај селото Нивици.

Оваој убав природен резеват им припаѓа на Р. Македонија ( 65 %) на Р. Албанија  (18 %) и на Р. Грција (17 %) Во Езерото постојат два острова Голем Град на територијата на Р. Македонија и Мал Град на албанска територија. Малото Преспанско Езеро (околу 40 км 2 ) и со најголема длабочина од 14м. Во него постојат два острова Ахих и Видринец и двата во грчка терторија. Дотекува од потокот Завир во Мала Преспа.

Птицата пеликан како една од најкрупните птици кои егзистираат на вода, главно во потоплите краишта, во Преспа го има единствено на двете Преспански Езера (големото и малото).

22 copy Пеликани во Преспа

Тој престојува секоја година шест месечен престој (15 Април – 15 Октомври) во јата од сто птици. Другиот годишен период го минува во јужните предели на земјината топка. Прометното долетување на овие бели птици со големи клунови не е многу забележлива, но за време на есенската преселба тие се собираат во јата и по еднодневно кружење над Преспанската котлина се упатуваат кон своите зимувалишта. Овие птици ја збогатуваат сликата за убавата Преспа.

Инаку, делот од Македонија познат како Мала Преспа, пак, беше даден на Албанија по потпишувањето на Версајскиот мировен договор во 1919 година. Со овој договор заврши поделбата на Македонија меѓу Србија, Грција, Бугарија и Албанија и започна ерата на денационализација и присилна асимилација на македонскиот народ. Денес, Македонците во Албанија имаат поголема слобода и човекови права од Македонците во Грција и Бугарија, меѓутоа, сепак, тие не се доволни. Во Мала Преспа, Гора и Голо Брдо сè уште постојат бројни прекршувања на човековите права.

Кога се зборува за прашањето на статусот и положбата на етничките Албанци во Македонија и оние на етничките Македонци во Албанија, Македонија никогаш не инсистира на реципроцитет, туку ги смета правата на албанското малцинство како еден од клучните фактори на нејзината демократија. Но, сите мора да разберат дека Тирана не може неограничено да го бара невозможното од Македонија, додека правата на етничките Македонци во Албанија остануваат под најелементарно ниво.

Во Мала Преспа за одбележување се личностите кои значат пресвртница во националниот, општествениот и културниот живот, како и на полето на публицистиката. Меѓу нив се следните: Стерјо Спасе, кој е еден од најпознатите романсиери во Албанија.

Тој е од македонско потекло и е роден во селото Глобочени, Општина Пустец. Се школувал во Корча и Елбасан, потоа студирал педагогија во Флоренца во Италија, а магистрирал во поранешниот Советски Сојуз. По Втората светска војна, Стерјо Спасе работел како книжевен критичар, а пишувал за бројни албански списанија. Тој е автор на најголем број позначајни романи на албански јазик, а има и преводи на македонски јазик. Исто така познатиот учител во Мала Преспа, Никола Беровски оставил трајни белези во образованието на Македонците во Албани.

Меѓу другите истакнати личности во областа на литературата, јазикот, публицистиката и новинарството ќе ги споменеме следните личности: Гуре Думае роден во селото Глобочени, а работел како учител во селата Туминец, Глобочени и Горна Горица. Тој е автор на дело за Мала Преспа; Д-р Валентина (Илија) Несторе родена во Пустец. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на групата за македонски јазик и јужнословенска книжевност.

Од 1996 година работи како лектор по македонски јазик на Факултетот за странски јазици, во Одделот за словенски и балкански јазици во Тирана. Во 2006 година се стекнала со звањето – доктор на науки. Валентина Нес- тор се занимава со лингвистика, лексикологија и со литературатурно творештво; Илинден Спасее син на познатиот албански писател од македонско потекло Стерјо Спасе.

Тој е роден во Глобочени, каде го завршил основното образование, а дипломирал на филологија на универзитетот во Тирана. Автор е на две збирки раскази; Стилијан Апостоли е роден во село Горна Горица. Тој е професор во Одделот за стопанство и земјоделски политики при Земјоделскиот факултет во Тирана. Има објавено универзитетски учебници, брошури, научни студии, реферати, информации и друго;

Сотир Ристо е поeт од Мала Преспа. Тој е роден во селото Леска, каде го завршил основното образование, а Филолошки факултет завршил во Скопје. Пишува на македонски и албански јазик; Кристина Јанкулае родена во село Горица. Завршила вишо образование за учители на Универзитетот во Елбасан. Работи како учителка во основното училиште во Долна Горица; Спасе Мазенкове роден во селото Леска. Гимназија и средно економско училиште завршил во Корча и Либражд.

Од излегувањето на весникот „Преспа“ тој бешее главен и одговорен уредник. Постојано објавувал песни, раскази, различни текстови, а е автор на збирка песни; Спасе Танасие роден во село Зрновско. Завршил факултет за земјоделска економија на Универзитетот во Камза (Тирана). Автор е на научни и литературни дела, а има објавено и стихозбирка; Дола Шкмбие родена во Долна Горица. Звршила Медицински Факултет во Скопје. Таа е автор на стихозбирка.

Продолжува

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top