Историја

82 години од првата изведба на „Денес над Македонија“

Macedonian Anthem Monument Struga

Macedonian Anthem Monument Struga

Текстот на македонската химна е напишан од македонскиот автор Владо Малески во 1942 година, а за првпат била изведена во Струга.

Постојат неколку верзии за „Денес над Македонија“.

Според една од нив, првичната мелодија е под влијание на народната песна „Надежда болна легнала“, која настанала како адаптација на мелодија што потекнува од некој европски шлагер, за кој се верува дека е донесен на македонските простори за време на Првата светска војна.

Според оваа верзија, Владо Малески ја научил песната „Надежда болна легнала“ од својата мајка.

Според друго видување, кое е врз основа на сеќавањата на музичарот Стефан Опетчески, мелодијата на „Денес над Македонија“ е инспирирана од неколку песни, односно од песните:

„Букетот цвеќе што ми го даде“,

„Ајде браќа да минеме преку Велешко, Прилепско и Крушевско“,

„Телеграма дојде од Европа до Султанот“ и

„Орле бе орле крилато пиле“.

„Денес над Македонија“ многу бргу станала популарна и уште наредниот ден била изведена по драмата „Македонска крвава свадба“ во родното место на Војдан Чернодрински, односно селото Селци.

Постепено во екот на народноослободителната и антифашистичка борба се распространува меѓу македонските партизани, а во јуни 1943 година свое место наоѓа во првата партизанска збирка „Македонски народноослободителни песни“. Композиторот Тодор Скаловски направил аранжман на мелодијата, која е „позната како лирска, љубовна“.

Тој во септември 1944 година на слободната територија во Горно Врановци формира партизански хор, од кој на еден собир во Велешко била изведена „Денес над Македонија“, под диригентската палка на Властимир Николовски.

До средината на 1945 година, „Денес над Македонија“ станала општоприфатена, особено на слободната партизанска територија, каде што се изведувала на народните собори.

Низ годините, текстот на „Денес над Македонија“ доживува одредени промени, а денес се познати три верзии – првичната, првата официјална изведена и денешната.

Во контекст на првичниот текст од 1942 година се изоставени имињата на Никола Карев и Димитар Влахов, а е додадено името на Даме Груев.

Во првичната верзија се вели: „Одново сега знамето се вее, на Крушовската Република! На Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Влахов, Сандански“.

„Денес над Македонија се раѓа“ се изведуваше како химна на секоја свеченост низ Македонија. За првпат химна се споменува во Уставот на СРМ од 25.11.1974 година член 10. Тука се вели:

„Социјалистичка Република Македонија има химна“, но не дава други детали која е таа химна.
Конечно, со уставните амандмани од 14.4.1989 година, со амандманот XXIV, се заменува членот 10 од Уставот на СРМ. Во овој амандман се вели дека химна на Социјалистичка Република Македонија е „Денес над Македонија“, но не е приложен официјалниот текст.

Оригинална верзија испеана од В. Илиева, Н. Бадев и А. Сариевски

16248504586497602962

https://365.com.mk/kako-zvuchi-prvata-verzija-na-makedonskata-himna/

Првата Верзија на Македонската химна

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!
Старо младо машко и женско,
на нозе се кренало!

Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!

Одново сега знамето се вее, (Од гроб станаа славните ѕидари)[9]
на Крушовската република!
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански
На Гоце Делчев, Питу Гули,
Карев, Влахов, Сандански

Не плачи Македонијо мајко мила,
Крени глава гордо високо,
Македонија слободна,
слободна ќе живее!
Македонија слободна,
слободна ќе живее!

Верзија на химната по аранжман на Тодор Скаловски од 1989

Денес над Македонија се раѓа
ново сонце на слободата,
Македонците се борат
за својте правдини.

Не тажи Македонијо мајко мила
крени глава гордо високо
Македонија слободна
слободна ќе живее.

Одново сега знамето се вее
над Крушевската Република
на Гоце Делчев, Питу Гули
Даме Груев, Сандански.

Горите македонски шумно пеат
бојни песни, нови весници
Македонија слободна
слободно живее.

Денешна верзија усвоена во 1991

Денес над Македонија се раѓа,
ново сонце на слободата!
Македонците се борат,
за своите правдини!
Македонците се борат,
за своите правдини!

Одново сега знамето се вее,
на Крушевската република!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули,
Даме Груев, Сандански!

Горите Македонски шумно пеат,
нови песни, нови весници!
Македонија слободна,
слободнo живее!
Македонија слободна,
слободнo живее!

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top