Култура и туризам

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Вториот император Дон Педро Втори бил надарен со способност, мудрост и со широко срце. Ја зел власта во свои раце на возраст од 15 години и владеел цели 49 години, сѐ до укинувањето на ро­бо­владетелството. Тоа бил период на економски рас­теж на земјата, развој на производството за кафе, па­мук и шеќер. Животот во кралскиот двор се одвивал по рецептот на европските земји, а Дон Пед­ро Втори бил чест гостин на Европа.

Така, при една негова посета на Европа, како последица од неговото лошо здравје, принцезата Изабела ги ослободила робовите без да им плати на соп­стве­ни­ците на плантажите. Меѓутоа, како што рекол не­кој од очевидците, кој бил и потписник на тој до­кумент, „Нејзиното Височество спаси една раса, но ќе го загуби престолот“. Така и се случило.  На 15 ноем­ври 1889 година монархијата била отфрлена и Бразил се прогласил за република.

Имавме можност да се запознаеме со овие по­да­тоци и настани од минатото при посетата на градот Петрополис, 80-тина километри северозападно од Рио, каде се наоѓа и Музејот на Империјата. Всушност, се­гаш­ниот музеј бил Кралската палата на Дон Педро Втори во период од десетина години, односно тоа била лет­на резиденција на императорот од каде тој ја водел државата.

Таа прекрасна зградата е во неокласичен стил, со пространи пар­кови наоколу, исполнети со разновидни дрвја и цве­ќиња и други егзотични растенија. Во таа оаза на слободата на духот, како што рече преведувачката Глауција, симпатична мулатка, императорот поминувал шест месеци во годината во летната резиденција во Петрополис.

Денес музејот има вредна колекција на до­ку­менти од кои може да се проучува историјата на Бра­зил во XIX век. Посебен простор заземаат предметите и вредностите кои говорат за многу богатото минатото, но и за сегашноста на земјата, што е составена од 22 сојузни републики, 4 федерални територии и еден фе­де­ра­лен округ – Рио де Жанеиро.

Со самото пристигнување на дивите простори на Бразил, Португалците биле вчудовидени од уба­вината што го опкружувала тогашниот град Рио. Всуш­ност, по слегувањето од бродовите се сре­ќа­вале со бескрајни падини со бел песок, зеленило и појас на шуми меѓу гра­нич­ните врвови што се издигаат над кристално чис­тата вода. Меѓутоа, новодојденците биле не­пожел­ни и требало да бидат подалеку од брегот на океа­нот.

Тамоуосите, староседелски индијански пле­ми­ња кои живееле и го користеле тој рај, не ги са­ка­ле но­водојденците, ниту, пак, оние кои пристигнувале во на­ре­дните години. Тие, веројатно, биле свесни дека белиот човек нема никогаш да престане да доаѓа во нивната земја. Во тоа биле и во право.

Тамоуосите знаеле дека тие простори на кои се протегал Рио де Жанеиро и заливот што го поврзува не биле река, туку само залив (гуанабара), што на нивниот јазик значи „заштитник, знаме на морето“. И кога првите Португалци се доселиле кај заливот, старо­се­дел­ци­те и од љубов и од омраза ги нарекла „кариоки“ што на нивниот јазик значи „куќа на белиот човек“.

Денес, по повеќе од 500 години, во Рио непрекинато доаѓаат посетители од целиот свет. И сѐ уште се вчудовидени од неговата убавина. Кога ќе се при­стигне на интернационалниот аеродром во Рио, првиот поглед на градот е од кај заливот – Порта (гуанабара) кој останал со истите раскошни планини, шу­ми, песок и вода како пред 500 години, од времето на Америго Веспучи.

Инаку, административен центар на Бразил, пак, е метрополата Бразилија која е сместен во рамнината Планалто и има околу 2, 5 милиони жители и е на листата на Светското наследство на УНЕСКО. Престолнината Бразилија е седиште на трите гранки на Бразилската власт.

Исто така, таа е и седиште на многу бразилски компании, банки и други администра-тивни установи. Тој е планиран град во кој сместувањето на резиденцијалните градби се на широки урбани простори, со големи улици поделени на сектори, што поттикнало дебата околу животот во големи градови во XX век.    

Градот е планиран и развиен во 1956 година, а во 1960 година и официјално станал бразилска престолнина. Гледан одозгора формата на градот наликува на авион или пеперутка.Бразилија е изградена со цел да биде бразилска престолнина. Идејата била да се префрли главниот град од јужниот морски дел во централниот дел на Бразил. Пред тоа главен град на Бразил бил Рио де Жанеиро, а пред него Салвадор.


12 copy copy copy

Петрополис

За составот на населението во Бразил постојат голем број податоци.  За потомците на Бразил, чии предци се припадници на разни раси, постојат повеќе имиња, а најчесто е името мелези. Децата на еден бел и еден Афро-американец родител се викаат мулати, децата, пак, од брак на белец и американски Индијанец – местаци, а потомците од мешани бракови меѓу американски Индијанци и Афроамериканци – замбоси.

Во земјите на Латинска Америка често било мешањето меѓу различните групи народи и се формирал мозаик на луѓе потомци на разни раси. Најголемата група ја сочинуваат мелезите (местаците, потоа мулатите и замбосите), а од нив најбројни се местаците.

Португалските ос­во­јувачи кои станале господари, освојувајќи го­ле­ми те­ри­тории од новиот свет, со себе не ги по­ве­ле своите жени, а тоа се однесува и за подоц­неж­ните португалски доселеници. Тие се женеле со Ин­ди­јанки во времето на колонијалното владеење од XVI до XVII век.

Португалците не им дозволувале на другите Европејци да се доселуваат во Бразил. Затоа местаците се од чисто португалско-индијан­ско по­тек­ло. Склучувањето бракови меѓу Пор­ту­га­лец и Ин­ди­јанка имало за последица и некоја оп­штес­твена то­лерантност, каква што немало меѓу ан­гло­сак­сон­ците кои го населиле најголемиот дел од северно – аме­­риканскиот континент.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top