Историја

Масовните гробници погребани во заборав

masovni-grobnici
Околината на затворот „Идризово“ и Зајчев Рид во Скопско, локации во Кумановско и во Ресенско… се само дел од местата за кои постојат сигурни показатели дека таму се погребани неколку стотици егзекутирани без какво и да е судење или пресуда

masovni-grobnici
Најмалку три масовни гробници со стреланите „народни непријатели“ во Македонија во првите години по Втората светска војна се’ уште чекаат да бидат откриени за жртвите да добијат достојни почивалишта, укажуваат македонските историчари.Тие посочуваат дека постојат многу сознанија што може да помогнат да се најдат точните локации за да се извршат ископувања со кои би се расветлиле се’ уште мистериозните исчезнувања на многу луѓе.

Околината на затворот „Идризово“, подрачјето на Зајчев Рид во Скопско, локации во Кумановско и во Ресенско… се само дел од местата за кои постојат сигурни показатели дека таму се погребани неколку стотици луѓе, најчесто егзекутирани без какво и да е судење или пресуда.Македонски историчар, вработен во Институтот за национална историја, кој сакаше да остане анонимен, вчера изјави дека со сигурност знае каде е една од локациите околу затворот „Идризово“.

– Таа е во самата близина на затворот. Информацијата ја добив од еден поранешен висок офицер на тогашната полициска управа ОЗНА, а наскоро ќе објавам и каде е точно тоа место. Кога разбрав каде е таа, се шокирав од помислата што човечкиот ум може да смисли за да си ги скрие трагите на ликвидацијата – вели историчарот.Тој посочува дека не знае точно колку луѓе таму се погребани, но дека истражувањето сигурно би помогнало за да се дознае дали таму се личности за чија судбина досега ништо не се знае.

Крвави траги од минатото

Неодамна, прво во Словенија, а потоа и во Хрватска, на две локации беа пронајдени масовни гробници со остатоци од повеќе илјади лица застрелани во 1945 година од новиот комунистички режим во тогашната Југославија. Словенечките власти во пештерата Худа Јама, во близина на Љубљана, најдоа мумифицирани остатоци од најмалку триста луѓе, најверојатно убиени со отровен гас. Во близина на граничниот премин Ригонце на хрватско-словенечката граница се најдени остатоци од 4.500 тела на тогашни германски војници, усташи и словенечки бранители. Министерот за внатрешни работи на Хрватска Томислав Карамарко рече дека на територијата на поранешна Југославија има над илјада такви гробници, 600 во Словенија, 840 во Хрватска и 90 во Босна и Херцеговина.

Ѓорѓи Банев-Доцев, поранешен македонски политички затвореник и претседател на Здружението на политички затвореници судени за идеите на ВМРО, истакнува дека наш цивилизациски долг е тие луѓе да се погребат на достоинствен начин.

– Истражувањето на најмалку две локации околу затворот „Идризово“ сигурно ќе покаже дека таму има остатоци од ликвидираните. Треба да се бара на местото каде што се копала земјата за тогашната тулана и на левиот брег на Вардар, на околу 300-400 метри од затворот. Само на тој начин ќе се дојде до повеќе сознанија за луѓето што во темницата на ноќта исчезнуваа од ќелиите, за судбината на еден Ѓорѓи Карев, братот на Никола Карев, Глигор Чулев, Трајко Попов и други – вели Ѓорѓи Банев.

Под превезот на тајноста

Историчарот Ѓорѓи Малковски, чии сознанија најмногу помогнаа да се најде велешката гробница на педесетина ликвидирани граѓани, вели дека кај нас работите со откривањето на ваквите локации е одамна запрена.

– Останаа уште многу работи што треба да се откријат но, за жал, не се одвојуваат пари за тоа. Сите досегашни истражувања сум ги правел со сопствени пари. Сега имам доволно сознанија за да се откријат две гробници на шеесетина ликвидирани граѓани од Куманово и од Ресен. Таква локација има и кај затворот „Идризово“ – истакнува Малковски.Тој посочува дека дел од луѓето се ликвидирани без каква и да е судска пресуда, а за некои смртните казни ги изрекувал воениот суд по брза постапка затоа што тие лица „соработувале со окупаторот“.

– Најчесто или немаше пресуди или пресудите беа монтирани. Егзекуциите во еден период добија толкави димензии што самиот Јосип Броз Тито мораше да интервенира за да запрат. Благодарение на таа интервенција, шеесетина прилепчани останаа живи откако беше планирано да бидат стрелани. Ликвидациите неретко се правеа и од лични мотиви или од нетрпеливост на поединци од новата власт кон луѓе што биле „од спротивната страна“ – објаснува Малковски. Неодамна и во Делчево беше побарано да се истражи локацијата нарекувана Стар монопол, на само еден километар од градот, поради сознанија дека и таму има масовна гробница на егзекутирани Македонци како жртви на комунистичкиот режим во 1946/47 година.Историчарите укажуваат дека информациите за таквите гробници имаат превез на најголеми тајни поради стравот на наредбодавците за нивната подоцнежна одговорност за извршените убиства.

Прво стрелање, па доказ

За тоа по каква постапка се вршеле егзекуциите покажува и еден документ, писмо на функционер на ОЗНА. Тој во писмото ги прекорува подредените полициски функционери затоа што дозволиле луѓето да се стрелаат без судска пресуда и без докази за вина. За да се најде некакво оправдување за егзекуцијата, тој во писмото им порачал „откако ќе ги ликвидираат да најдат докази за нивната вина“, вели Малковски.

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top