
КИРИЛ КАНГОВ
ОД ГОРДИОН ДО ГОРДИНИЈАНиз кралскиот пат на Бригија
Да прошеташ и да ги видиш
Овошните градини на кралот Гордие
Да влезеш во престолнината Гордион
Да поминеш покрај колата со јазол
На кралот Мита и да разбереш
Дека од тука поминал
Првиот светски поход.
Со сознание восхитен
Да нурнеш во најдалечните
Длабини на праизворот
Да видиш, да сфатиш дека
Постои причинска врска
Од која вистина прска:
Гордоста е самодоверба
Од самостојност и доблест
Горделивоста е краста
Од туѓо, лажно и незаслужено.
Во Гординија гордо извишена
На Вардарски рид, со јасен вид
Гордан и Гордана млади археолози
Камен по камен , плочка по плочка
Пребаруваат, прередуваат
Ја одгатнуваат историјата
Дека од оваа земја тргнал
Првиот светски поход.