Историја

КОИ СЕ БУГАРИТЕ И КАКВО ИМ Е ПОТЕКЛОТО?

1kubart

1kubart

КОИ СЕ БУГАРИТЕ И КАКВО ИМ Е ПОТЕКЛОТО?

БИДЕЈЌИ БУГАРИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ДА КРАДАТ ИСТОРИЈА И ДА ГО НЕГИРААТ ПОСТОЕЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ КАКО НАРОД, ДА ГИ ВИДИМЕ ФАКТИТЕ, КОИ СЕ БУГАРИТЕ И КАКВО ИМ Е ПОТЕКЛОТО?

Бугарите се народ кој потекнува од прабугарски турко-татарски племиња, кои од планината Кавказ се доселуваат на Балканот во 7 век, а нивниот водач – татаринот Хан Аспарух е првиот бугарски владетел кој од 679 до 681 година ја основа првата бугарска држава на Балканот, позната како Дунавска Бугарија.

Во 7 век Бугарите воопшто не го познавале старословенскиот јазик, туку зборувале на својот прабугарски (татарски) јазик.

Бугарите зборувале на прабугарски (татарски) се до 9 век.

Врховниот бог на кој му се поклонувале Бугарите бил Тангра, а нивната религија е позната како Тангризам.

Тангра бил врховен бог и на Хуните, Монголите и Алтајците.

Се до 9 век сите бугарски владетели ја носеле титулата Хан (карактеристична за Татарите и Монголите).

Во тие 2-3 века ќе дојде до мешање на Бугарите со античките Тракијци и со неколку словенски племиња кои живееле на територијата на денешна Бугарија.

И дури тогаш ( во 9 век) Бугарите ќе го примат христијанството и старословенскиот јазик, ќе почнат да ги менуваат своите татарски лични имиња со словенски.

Но тие ќе го задржат своето татарско национално име – Бугари, и татарското знаме (бело-зелено-црвена боја).

Истото знаме во иста боја (бело-зелено-црвено) денес е национално знаме на Татарите од Република Татарстан.

Првиот бугарски владетел кој ќе го прими христијанството и христијанската титула кнез е Борис Први, дури во 9 век – (864 година).

Тоа се фактите.

А денес гледаме како Бугарите се обидуваат да ја крадат македонската историја, како се обидуваат да ги претстават Кирил и Методиј како Бугари, и како сакаат да го скријат своето татарско потекло.

Најтрагично од се е што Бугарите се обидуваат да го крадат и македонскиот јазик и да го претстават како некаков старобугарски јазик.

Доволно е да се погледне нивното татарско име – Бугари, и да се види нивното татарско знаме (бело-зелено-црвено), и станува јасно кои се Бугарите и какво е нивното потекло.

Од татарското име, знаме и потекло, за Бугарите бегање нема.

Затоа Македонците никогаш не биле и нема да бидат Бугари.

1kubart

На фотографијата во бугарски музеј, еден Бугарин позира облечен како основачот на Бугарија – татаринот Хан Аспарух, а во позадина му се восхитуваат бившиот бугарски премиер Симеон Саксобурготски и сега покојниот докажан негатор на Македонците Божидар Димитров.

ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top