Историја

„The New York Times“ 11 ноември 1903 г. – Вознемиреност во Битола

ny-times-2

Странскиот печат внимателно ја следи состојбата во Македонија за време на Илинденското востание и по него. Нивните дописници редовно известуваат за настаните во Македонија. Специјалниот дописник на Тајмс од Софија и Битола известува за недовербата и вознемиреноста која владее во Битола и Македонија по обновувањето на барањето до Портата за спроведување на Австро-Рускиот план за реформи. „The New York Times“ на 11 ноември 1903 година објавува специјален каблограм во кој дописникот пишува:

„Лондон, 11 ноември. – Катастрофата во Битолскиот вилает е потешка отколку што генерално се претпоставуваше, вели дописникот на Тајмс во Софија. Во Ресен постои голема мизерија, а во западните области на Охрид условите се уште полоши.

Во Ресен на неколку жени на кои им беа поделени ќебиња подоцна им биле одземени од страна на војниците.

Десет Бугарски селани кои го предале своето оружје по ветувањето за помилување биле нападнати и убиени од страна на Башибозукот додека се враќале во нивното село.

Постои екстремен скептицизам меѓу сите класи во Македонија во однос на Австро-рускиот план за реформи. Властите се потпираат на дипломатските способности на Султанот да го избегне поразот, а револуционерите нема да го положат оружјето се` додека не добијат гаранција од обединета Европа против турската одмазда. Генерален впечаток е дека работите ќе останат вакви какви што се на неопределено време.

Потрагата по оружјето во Битолскиот вилает е спроведена со најголема жестина, вели дописникот на Тајмс од Битола. Во некои случаи очигледно е присуството на голема суровост и евидентно e дека се случиле голем број на борби, судејќи според количеството на плен и  бројот на ранети војници.

Турските власти велат дека во Вилаетот е апсолутно мирно, дека имало само неколку нарушувања, и дека постоечката катастрофа е надмината со богат грант на султанот од еден милион франци. Многу од револуционерите ја прифатиле прогласената амнестија за оние кои носат оружје, но многумина ја одбиваат, стравувајќи дека ако кучињата се убиени, тогаш волците ќе направат терор во нивните домови“.

ny-times-2

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top