Историја

Свештеникот Стојановски го осветил знамето на Првата македонска НОУБ

Kopie

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Кирил Стојановски (с. Злести, Дебарца, 1909 – 31. I 1971) е свештеник и истакнат учесник во Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ). По Априлската војна во 1941 година му пристапил на Народноослободителното движење (НОД). Бил свештеник на Чоковската парохија, а потоа како бригаден свештеник го осветил знамето на Првата македонска НОУБ (11. XI  1943). Бил избран за член на Верското поверенство при ГШ на НОВ и ПОМ и учесник на Првото заседание на АСНОМ. Како особено истакнат протојереј, по Ослободувањето бил организатор на црковниот живот во Македонија.

На 11 октомври 1943 година Главниот штаб на НОВ и ПОМ, чие седиште било во с. Црвена Вода, Охридско, донел одлука и за формирање верско поверенство, а по само неколку дена е назначен и првиот верски референт, дебарскиот свештеник Вељо Тасев Манчевски (Брошица, Дебарско 17. IV. 1905 – Скопје, 23. I. 1962). Сите негови наредби и решенија биле задолжителни за сите свештеници и црковни општини на ослободената територија.

Првото свештеничко собрание на ослободената територија било оддржано десетина дена потоа.  На 23 октомври 1943 во Издеглавје, Охридско, на собранието на кое присуствувале 11 од 13 свештеници, а во присуство на претставници на повеќе народноослободителни одбори, биле донесени значајни одлуки. Меѓу другото, било формирано првото архијерејско намесништво на ослободената територија, за прв намесник бил избран свештеникот Антим Поповски, а намесништвото било поделено на 9 парохии.

На 27 октомври 1943 година, Вељо Манчевски како верскиот референт на Главниот штаб на НОВ и ПОМ испраќа циркуларно писмо до свештениците во парохиите на слободната територија на Македонија во кое се укажува дека „Народно-ослободителната војска, во борбата за слободата на македонскиот народ, ослободи еден дел од територијата на Македонија“ и дека „на таа ослободена територија се заведува ред, законитост и дисциплина, на која треба да се покорат како поедини лица, така и извесни управни тела, било верски било от друг карактер.“ Истовремено со ова писмо се даваат и упаства за идната работа на свештениците меѓу кое и  „матичните и други книги да се водат на македонски јазик“.

Свештеникот на Чоковската парохија Кирил Стојановски (с. Злести, Дебарца, 1909 – 31. I 1971) кој по Априлската војна во 1941 година му пристапил на Народното ослободително движење (НОД) и станал истакнат учесник во Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ) и како бригаден свештеник на 11 ноември 1943 година го осветил знамето на Првата македонск-косовска народноослободителна ударна бригада (11 ноември 1943 – 24 јуни 1944). Наскоро потоа под ова осветено знаме Првата македонско-косовска ударна бригада ќе изведе прочуениот Фебруарски поход, познат уште како Богомилски поход.  

Првата македонско-косовска ударна бригада била формирана на 11 ноември 1943 година во село Сливово, Дебарца. Бригадата се состоела од: Батаљонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот батаљон, Првиот косовски батаљон „Рамиз Садику“ и Вториот косовски батаљон „Боро Вукмировиќ“, како и една придружна чета на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. За командант бил поставен Петар Брајовиќ, за заменик командант Чеде Филиповски – Даме, за политички комесар Мита Миљковиќ и за заменик политички комесар Вера Ацева. Во бригадата која броела околу 700 борци заедно се бореле Македонци, Срби, Црногорци, Албанци, Турци, Италијанци и подоцна Руси.

Веднаш по формирањето, бригадата водела борби против германските и балистичките единици, како и против бугарските единици на подрачјето на Крушево, Ресен и Охрид. На почетокот на декември, под притисок на далеку понадмоќниот непријател кои напаѓале концентрично од Кичево, Струга и Дебар на територијата на Дебарца, бригадата заедно со Главниот штаб на НОВ и ПОМ и ЦК на КПМ ноќта меѓу 5 и 6 декември започнала марш преку планината Галичица и албанската територија до слободната територија во Меглен, Егејска Македонија.

На 9 декември бригадата имала краток одмор во Герман, а за време на маршот на 10 декември во нејзиниот состав влегол батаљонот „Стив Наумов“ како Петти батаљон, кој во јануари излегол од нејзиниот состав и заедно со баталјонот „Христо Ботев“ формирал трета група баталјони.

Птвата македонско-косовска бригадата пристигнала на Кајмакчалан на 14 декември, а на 18 декември бригадата пристигнала во село Фуштани, Мегленско. Веќе на 26 декември бригадата извршила напад на граничната посада „Турски рид“ и граничниот гарнизон во Мрежичко. После оваа борба таа го продолжила патот низ Мариово, и во борбите до 31 декември биле ликвидирани посадите во селата Витолиште, Бегниште и Полчиште. На 2 јануари 1944 година бил нападнат рудникот Момирок во Витолиште.

На 20 јануари 1944 година, ЦК КПМ и ГШ за Македонија донеле одлука за правците на дејствување на единиците на НОВ и ПОМ кои биле концентрирани на Кожуф. Првата македонско-косовска бригада требало да дејствува во западен правец и да продре до Азот. Бригадата тргнала од село Баово на 31 јануари 1944 година, со што всушност е означен почетокот на фебруарскиот (богомилски) поход.

Во текот на фебруарскиот поход, бригадата посебно се истакнала во тешките борби кои ги водела во првата половина на фебруари против знатно побројниот и опремен  непријател. Бригадата по голем снег, мраз и студ поминала повеќе од 300 километри  и му овозможила на Третата група баталјони со Главниот штаб на Македонија да излези на теренот на Куманово.

На 12 април 1944 во село Долно Родиво, Мегленско, бригадата била поделена на група македонски и група косовски батаљони и била упатена кон Дебарца. Во пролетната офанзива, во борбите со бугарските и германските сили во Охридско и Кичевско (29 април – 6 мај), Дебарца била повторно ослободена. Од 8 мај до 4 јуни, бригадата ја разбила противофанзивата на 297 германска дивизија и балистичките сили во Дебарца и водела борби на комуникацијата Струга Дебар.

На 8 јуни 1944 година од групата македонски батаљони формирана е Првата македонска ударна бригада, а на 24 јуни 1944 од групата косовско-метохиски батаљони била формирана Првата косовско-метохиска бригада.

Свештеникот на Чоковската парохија Кирил Стојановски кој го осветил борбеното знаме на бригада бил избран за член на Верското поверенство при ГШ на НОВ и ПОМ и бил учесник на Првото заседание на АСНОМ. Како особено истакнат протојереј, по Ослободувањето бил организатор на црковниот живот во Македонија.

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top