Култура и туризам

ВО РИМ – ГРАДОТ НА УБАВИНАТА, ИСТОРИЈАТА, АРХИТЕКСТУРАТА, ЉУБОВТА… (8)

19 copy

19 copy

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Италија е позната по своите кулинарски вештини, модата, дизајнот, облеката, архитектурата, уметноста, музиката, и други знаменитости. Затоа со право се вели дека Италија е земјата на минатото, на љубовта, на религијата…

Инаку, според историските податоци Рим станал центар на Римското Царство кое се’ до V век владеело со голем дел од Европа. Иако на почетокот било целосно подоцна се поделило на два дела и тоа: Источно Римско Царство и Западно Римско Царство. Во составот на Римското Царство влегла и Македонија како римска провинција.

Рим, градот на Ромул и Рем, е градот на шармот, грациозноста, убавината, индиви- дуалноста и универзалноста, град кој е предизвик за секој патник, намерник, патеписец… Оваа италијанската метропола се смета за најголем град на Средоземјето. Рим е подигнат пред два и пол милениума на реката Тибар, на седумте ритчиња: Палатин, Капитол, Квиринал, Виминал, Цеијан, Авентин и Есквилин. Тој претставува средиште на италијанската култура, наука, образование, мода и општествен живот.

Во Рим уште во 1303 година е основан првиот универзитет, а има и бројни ви- соки школи, како што е Академијата на науките, потоа научни институти, уметнички галерии, библиотеки, театри, музеи, цркви, капели и друго културно богатство. Величенствени обележја на градот Рим се и црквата „Свети Петар“, Колосеумот, Римскиот форум, Пантеонот со многубројните стари палати, аквадуктите, старите бањи, катакомбите, триумфалните порти и други монументи.

Исто така во Рим е развиена индустријата за метали, машинската, хемиската, графичката, стакларската, ќерамичката и филмската индустрија. Градот претставува железнички јазол, има два аеродрома, морско пристаниште и други значајни објекти што го прават светска метропола.

Според преданијата, Рим бил формиран во 753 година пред Христовото време, а го изградиле браќата Ромул и Рем. Во тоа време бил град – држава, а потоа република и империја. Денес Рим претставува најголема уметничка ризница во светот.

Во него се наоѓа дури 60% од вкупното уметничко богатство на планетата, а убавината на старата ар хитектура и вајарството извираат од секоја негова пора, планот од неговите авении, фа сади, монументи, платоа, плоштади… Тоа е град со повеќе од 2000 фонтани и 450 цркви, храмови, бањи, амфитеатри… Во исто време тој е град со над четири милиони жители.

Колосеумот е градба со исклучително архитектонско значење, место каде што оставиле печат крвавите гладијаторски борби пред аристократијата и плебејците. Вниманието го привлекува и величествената, грандиозна црква „Свети Петар“, во која се наоѓа едно од најубавите дела на големиот мајстор Микеланџело.

Траен спомен на посетителот на Рим е, секако, црквата „Свети Петар“. Ја посетивме во еден од повеќето слободни денови кога се слеваше река посетители кон овој голем, значаен, величествен и по многу нешта единствен христијански споменик на вечниот град.

Уште кога човек ќе дојде на плоштадот пред црквата, може да ја почувствува величественоста на овој монумент. А на плоштадот секојдневно врие како во кошница. Таму има верници, намерници, дојденци, и бели и црни и жолти, од сите ме ридијани на светот. Се пробивме низ толпата луѓе и влеговме во големиот храм. Тука човек се чувствува поголем, поважен и позначаен. Веројатно, кај посетителите се отвораат сите сетила и секој се труди што повеќе да види, да почувствува и да запамети.

Инаку, за нас Македонците е, исто така, важен Рим, бидејќи сесмета дека споменикот кој му бил подигнат на последниот македонски крал Персеј се наоѓал на западната градска некропола. Споменикот бил на околу 3 км западно од Рим, покрај самата Виа Валерија, каде е поставена  масивна бронзена спомен-плоча со вечното шеснаесеткрако македонско сонце, подарок од бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, на која на македонски, англиски и италијански јазик пишува: 

ПЕРСЕЈ КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Чинот на поставувањето на спомен-плочата, всушност, претставува темел за обнова и продолжување на македонското кралство. Со тоа се потврди ширењето на корените на античка Македонија до вечниот Рим и продлабочување на добрите односи и релации меѓу денешните две држави Република Италија и Република Македонија.

Таму географскиот амбиент наликувал на македонскиот пејзаж. Кон југозапад и југ се протегале разбрануваните ниски ридови и рамнината на пресушеното Фукинско Езеро кон југоисток. Кон север по неколку километарската висорамнина, која наликувала на Пелагонија, речиси наеднаш високо во облаците се издигнувал дури до 2.487 метри замаглениот планински врв Велино, со околните врвови Кафорнија (2.409 м) и Севиче (2.331 м). Амбиентниот колорит е типично медитерански, би се рекло дури и балкански.

199

Колосеумот во Рим

Според археолозите, пак, самиот објект – споменикот бил оформен во цврста малтерна техника, со средно големи варовнички камења. Тој бил во форма на доминантна кула, според стара фотографија која, за жал, се урнала во силниот земјотрес кој се случил во 1915 година. Денес, се зачувани остатоците од долниот дел, кои по малку наликувале на фигура на слон, што секако е случајно.

Во урнатините до споменикот се гледа и дел од една покривна ќерамида-тегула, коринтски тип, што датира од подоцнежно време. Се претпоставува дека токму остатоците од тој споменик се на кралот Персеј и дека се темели на неговата монументалност и местоположба.

Инаку, по изминати речиси 22 века, се знае дека тогаш Персеј имал само 13 години, кога како македонски принц јавал на чело на дел од македонската армија кон пелагониските теснеци, кај прилепското село Барбарас, каде го запрел пробивот на дардански теорди. Долг е списокот на херојските подвизи на Персеј и на војската на Македонците за одбрана на македонската цивилизација и на Кралството Македонија.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top