Историја

Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

karnegieva-komisija

karnegieva-komisija

Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува во Виена каде се Проф. Пашковски од Берлин и Проф. Редлих и продолжува за Белград.

– И пак д’Естурнел за Српските прекори кон Комисијата и Милјуков што го правда со “погрешниот момент“ на Комисијата во Белград (како да во војна има погоден момент ?!– з.н), состојби заради кои и дојдоа.

– Игнорирање на Комисијата од страна на Српското Министерство за надворешни, печатот и јавноста, покрај другото баронот го објаснува и со едно Официјално соопштение на Српската влада од 07 септември, а против ПАВЕЛ МИЛЈУКОВ. Во соопштението стои:

“Печатот е овластен да објави дека Српската влада изјавува категорички оти никогаш не била непријателски расположена спрема испитување, туку дека, спротивно, сака истражување на НЕПРИСТРАСНА КОМИСИЈА (з.н) за Бугарските свирепости од кои Србите и Грците толку многу страдаа.
Сосема е во интерес и на Грција и на Србија цивилизираниот свет да знае за Бугарските ѕверства. Ако, пак, работата на комисијата се води погрешно, причината мора да се бара ВО ЕДЕН ОД НЕЈЗИНИТЕ ЧЛЕНОВИ, ПОЗНАТ НЕПРИЈАТЕЛ НЕ САМО НА СРБИЈА ТУКУ И НА ГРЦИЈА, ДОБРО ПОЗНАТ ПО ОНА ШТО ГО ИМА КАЖАНО ПРОТИВ НЕА, НЕ САМО ВО ГОВОРИ ТУКУ И НАПИШАНО (з.н). Дури, Комисијата не беше позната додека не се претстави тука. Ниедна земја НЕ МОЖЕ ДА ТОЛЕРИРА КАКО ЧЛЕН НА ЕДНА КОМИСИЈА, ЧОВЕК ЧИЈА ПРИСТРАСНОСТ И ОМРАЗА СЕ МНОГУ ДОБРО ПОЗНАТИ“.
(Стр. 40, од Извештајот, под бр. 4 најдолу од Објавеното Соопштение)

– И за Грција баронот д’Естурнел потврдува дека имала резерви кон Павел Милјуков, за што вели:

– „Oтпрвин, г. Драгумис, Гувернерот на Солун, ја извести Комисијата дека, следејќи го примерот на Србија, неговата влада одбива да го признае г. Милјуков, но дека сите членови на Комисијата ќе имаат целосна слобода за акција. Потоа г. Брејлсфорд по ред дури подиректно, беше одбиен; неговото движење беше ограничено дотаму што двапати се обидуваа да го спречат да оди во Кукуш, а тие настојувања на владата печатот ги поздравуваше“.

Македониум

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top