
Кога доаѓав на Божик, во Македонија во Порече
чувствував посебна сила како да ме носи,
празнично во мене ме топлеше мисла света
„каде и да си, за Бадник дома да си“.
На шести јануари, Коледе или Бадник
пред раѓањето на Христос спасителот,
радост за христијаните на денот голем
за бериќет и здравје молба до семоќниот.
Секој дом е црква и божји храм
во секој дом се палат свеќи, темјан и кандило,
за најрадосните денови на првославието
радо се спомнува како е, и како некогаш било.
Се меси кравајче, пита или погача
божиќната погача на централно е место,
свечено да заличи целата трпеза
и посно гравче ко секоја година исто.
Откако домаќинот ќе се прекрсти
погачата се смета за благословена,
потоа на семејството таа се дели
со посебни чувства и апетит е примена.
А тој што ќе ја добие паричката
годината ќе му биде весела и бериќетна,
со здравје успех и благосостојба
и со голема желба да му биде среќна.
Свечено на Божик гордо се поздравуваме
„Христос се роди, навистина се роди“,
и со мислата кога тој бил крстен
во реката на Јордан во светите води.
Божик е празник со блажена радост
ден кога не се оди на гости,
истовремено на овој свети ден
завршуваат божиќните пости.