Историја

ЕДНА СТОГОДИШНА ТАЈНА-УБИСТВОТО НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ

5 copy

                    5 copy

НОВО ДЕЛО: ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЖЕЖОВ: „ЕДНА СТОГОДИШНА ТАЈНА-УБИСТВОТО НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ“

Неодамна од печат излезе делото „Една стогодишна тајна – Убиството на Тодор Александров“, од  проф. д-р Никола Жежов. Публикацијата е дел од вистината за историјата на македонското реловуционерно движење во XX век и за судбината на Македонија и македонскиот народ, чии најтрагични моменти од македонската историја се испишани на страниците на историјата на ВМРО.

Според делото „Една стогодишна тајна – Убиството на Тодор Александров“,на проф. д-р Никола Жежов, Македонската организација ВМРО била најмасовна, најдобро организирана и надмоќна во децениската борба за слобода на Македонија. Во исто време Организацијата станала и место за физички ликвидации, арена на крвави судити и терен за обид за влијанија за некои од балканските држави. Организацијата била место каде се судирале и амбициите за престиж, водство и лидерство што од своја страна предизвикувале  дел од реакционерските борби и прегрупирања кои ја ослабувале силата на ВМРО, а во исто време ја правеле подложна на надворешни влијанија.

Кризата во ВМРО се продлабочила и го достигнала врвот по Рилскиот конгрес во 1905 година, по што во 1908 година од нејзините редови се одвоила една групација која се конституирала во легална политичка партија во отоманскиот политички живот, додека десницата, конзервативната струја  одржала конгрес и се декларирала дека ја продолжува традицијата, борбата и  програмските цели  на старата ВМРО од предилинденскиот и илинденскиот период. Од таа 1908 година  започнал подемот  на еден македонски револуционер со чие што име се поврзувала револуционерната дејност на ВМРО. Тоа бил Тодор Александров, 

Според пишани историски документи, Тодор Александров бил роден на 4 март 1881 година во штипската населба Ново Село, во семејството на свештеникот Александар Поп Орушев и Марија Хаџијанева. Од 1888 година Тодор учел во Радовиш, каде неговиот татко бил испратен како учител. По враќањето на неговиот татко во Штип, во 1893 година, Тодор го продолжил своето образование во родниот град. Потоа, продолжил да учи во Скопје, каде завршил Педагошко училиште во 1898 година. Во последната учебна 1897/98 година во Скопје, Тодор Александров на 16 годишна возраст станал член на ТМОРО

                                            55

                                                                     Проф. д-р Никола Жежов

По завршувањето на Педагошкото училиште, Тодор Александров бил распределен како учител во Виница, каде покрај учителствувањето работи и на возобновување на организацијата која настрадала во „Виничката афера“ во 1897 година. Во учебната 1900 – 1901 година, Тодор Александров предавал во прогимназијата во Кратово, каде што заедно со Иван Шатев и Владимир Каранфилов бил член на околискиот револуционерен комитет.

На почетокот на 1903 година, Павел Шатев кој е брат на Иван Шатев, го придобил Александров да снабди одредено количество експлозив за потребите на гемиџиите, познатите Солунски атентатори. Во своите спомени „Во Македонија под ропство“, Шатев пишува дека Александров му оставил впечаток на „разумен човек, кој бил подготвен за сите жртви пред олтарот на ослободувањето“

Во овој период, Тодор Александров предавал во Кочани  и како околиски раководител во Кочанскиот реон, тој работи на организирање на населението и ја развива мрежата за пренесување на оружје во внатрешноста на Македонија. По извршеното предавство, Александров бил уапсен во март 1903 година и осуден на 5 години затвор. По одлежани тринаесет месеци во скопскиот затвор Куршумли ан, во април 1904 година бил амнестиран.

Со пуштањето од затвор во текот на учебната 1904/05 година, Александров бил назначен за главен учител на второто класно училиште во Штип, каде своевремено бил избран и за член на околиското раководство на Организацијата. Истата година, Александров бил делегат на штипскиот регион на првиот окружен конгрес во Скопскиот револуционерен округ.

Кревкото здравје го одалечило од теренот и Александров во 1906 година заминал за Бургас каде работел како учител. Но, смртта на Развигоров во 1907 година, повторно го враќа во Македонија. Тој се приклучува на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев како секретар на четата. На Третиот конгрес на Скопскиот револуционерен округ, одржан во ноември истата година, Александров бил избран за еден од окружните војводи на овој округ.

Инаку, Тодор Александров се држел настрана од теоретските расправи на левицата и десницата кои предизвикале расцеп во Организацијата и како прагматичен и способен организатор, кој истовремено е и бескомпромисен борец против турските власти и српската вооружена пропаганда во Македонија, станал еден од раководителите на Скопскиот револуционерен округ.

555

Чета на Тодор Александров во Првата светска војна

Тие беа причините што  во минатиот период Тодор Александров во македонската историска наука беше сместен во галеријата на т.н негативни личности, согласно тезите на тогашната историја. Како пресуден момент за ваквата квалификација се земаше неговата антикомунистичка ориентација, наводна пробугарска  активност и десничарските идеолошки ставови  на Александров.

Но без разлика на се’  за  времето на Тодор Александров, Организацијата станала влијателен фактор и во македонското револуционерно движење. Тој се спомнува во сите релевантни дипломатски документи, телеграми, писма и други информации кај балканските држави. Тоа беше и причина тој да си создаде непријатели во Организацијата и кај воено-политичките  фактори на Балканот и во Европа.

Проф. д-р Никола Жежов во делото „Една стогодишна тајна – убиството на Тодор Александров“ пишува дека публикацијата  како предмет на научен интерест главно ги содржи последните месеци од животот на Тодор Александров, од потпишувањето на Мајскиот   манифест, до неговиот трагичен крај, што според авторот е пресвртен период во неговата револуционерна дејност и кога во суштина бил направен планот за неговата физичка елиминација.

Притоа, бројните монографии, зборници на документи и необјавени архивски материјали помагаат да се фрли нова светлина врз настаните повзани со убиството на Тодор Александров, пред се’ околу тоа кој е можниот нарачател на неговата физичка елиминација и учесниците за неговото убиство.

Инаку, по Втората светска војна, Тодор Александров заедно со Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во вардарскиот дел на Македонија. Потоа, го потпишал Мајскиот манифест  за обединување на македонските револуционерни сили (1924), но пред убиството јавно се откажал од својот потпис. Тодор Александров бил убиен на 31 август 1924 година во месноста Бука, кај селото Сугарево, Мелничко, во пиринскиот дел на Македонија.

Според пишувањето на проф.д-р Никола Жежов, поради сите случувања во животот и делото на Тодор  Александров, 100 години по неговото  убиство се создадоа  научни основи и историски претпоставки да се напише една ваква монографија која целосно ги обработува сите аспекти сврзани со неговото убиството.

Монографијата „Една стогодишна тајна – Убиството на Тодор Александров“ не претендира дека во себе ги опфаќа сите можни постоечки документи и материјали кои целосно би го објасниле овој настан од историјата на ВМРО. Но се обидува  врз основа на расположливите и објавени документи, да дојде колку што е можно поблиску до најобјективната историска вистина за 31 август 1924 година. Во текстот на Монографијата се употребени и бројни документи на Република Македонија и Република Бугарија. Целиот труд е резултат на децениската научно- истражувачка рабора и собирање на бројни материјали и документи кои се систематизирани и искористени при пишувањето на оваа Монографија, вели проф.д-р Никола Жежов.

 Исто така, тој напиша дека убивството на Тодор Александров претставува голема пресвртница во револуционерната дејност и политичката активност и постоење на ВМРО. Врз основа на расположливите архивски документи, материјали, зборници, монографии, мемоарски трудови, од моментот кога Александров го стави својот потпис на Мајскиот манифест, првин започнале индиректни а потоа и директви подготовки за неговото физичко ликвидираље. Така, во прв ред спаѓа делот на македонските револуционери од левицата, односно групата околу Димо Хаџи Димов. Меѓутоа,  бројот на  извршителите на неговото убивство  се сведува на неколку луѓе: Алексо Василев – Пашата и полковникот Георги Атанасов. Нивното учество го потвдуваат сите документи и дирекстни и индиректни податоци. Вториот ешалон во заговорничката акција го сочинувале: Штерју Блахов, Димчо Вретенаров, Данчо Балкански и Динчо Сугарски, група која пукала и го убила Тодор Александров и неговиот телохраните, на 31 аввгуст 1924 година. Најголем дел од неспорните факти укажуваат  на извесна вмешаност на генералот Александар Протогеров, пишува проф. д-р Никола Жежов.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top