Култура и туризам

ВО ПРАГА – ЦЕНТАРОТ НА УБАВАТА АРХИТЕКСТУРА, КУЛТУРАТА, ЉУБОВТА … (19)

4321
 

                         4321

             ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Прага е главен и најголем град на Чешката Република и четиринаесетти по големина во Европската унија. Се наоѓа на север од историската област Чешка на реката  В’лтава, во централниот регион, кој е административен центар, но како посебна област е дел од неа. Градот воедно е и главен град на средночешкиот крај. Toj е културен и економски центар на Чешка повеќе од 1000 години.

Во Прага се наоѓаат голем дел од државните институции и голем број други организации и компании. Во Прага се наоѓаат седиштата на претседателот, Владата, централната власт и органите на Врховниот суд. Исто така, во неа се наоѓа седиштето на повеќето политички партии, седиштето на речиси сите цркви, верски и други здруженија на национално ниво во Чешка.

За да го достигне сегашниот стадиум, Прага се развивала 11 векови. Како историски град, некогаш бил место на чешки кралеви и цареви, на германски и римски императори. Исто така, Прага била главен град и на Чехословачка. Во Прага живеат околу два милиона жители со исклучително висок стандард на живеење, карактеристика што ја издвојува Чешка од некои европски држави, како шестиот најбогат регион во Европа.

При нашата посета се уверивме дека Прага е еден од најубавите градови во Европа. Меѓу другото во него е сместен Прашкиот замок, најголемиот комплекс на замоци во светот, кој е заштитен со програмата на УНЕСКО.

„Гле­дам дворец и слава која допира до ѕвездите. Местото лежи скриено во длабока шума, од север заш­титено со долината Бруснице, а од југ со широк кар­пест рид. Реката В’лтава ќе ве однесе дотаму. Одете таму и сред шума ќе видите човек кој кова праг за куќа. Изградете дворец таму и наречете го според кованиот праг“,така вели легендата.

Од пророчките зборови на принцезата Либуше, која со принцот Премислав вла­дее­ле многу одамна со Чесите, од древниот дворец на Вишехрад, се родила Прага, град кој во својата историја имал моменти кога ја носел светлината на но­вите идеи на Европа, уште кога Париз не ни со­ну­вал дека ќе се нарекува град на светлината.

Легенди, преданија, сон или јаве. Времето испишувало страници.  Kако четири комори на срцето на Прага се Храд­чани (храд значи дворец), кралскиот град каде сега работи претседателот на републиката, Мала Страна, Старо Место и Ново Место. Од IX до XVIII век, кога се обединиле, овие делови функ­ционирале независно. Денес сите тие се во мо­дерната поделба на Прага Прва. Инаку, Праг­а е поделена на 13 дела, а главната поделба ја пра­ви В’лтава, која со векови рамнодушно го следи растежот на градот на нејзиниот десен и лев брег.

Најпопуларната приказна за Прага се чини е онаа за Карел Четврти, кој владеел со Чешка во XIV век и кој ја создал Прага, во тоа време, една од трите најрелевантни европски престолнини. Карел Четврти не бил дури ни чистокрвен Чех!

По за­ми­рањето на автентичната чешка династија Пре­мис­ловци во 1306 година, во борбата на европското бла­го­родништво, Јан Луксембуржанин успеал да ја добие круната на Чешка. Неговиот син Карел, по мај­ка Чех, школуван во Франција, извонреден интелектуалец и дипломат, на сво­јата престолнина и’ го дал првиот сред­но­европ­ски универзитет, во 1349 година, магичниот дворец Карлштајн и својата земја ја довел до процут.

Карел не бил суров владетел, што не би се рекло за неговиот син Вацлав Четврти, за кој е пoврзана легендата посветена на еден светец, на­речен Јан Непомуцки. Јан Непомуцки бил свеш­те­ник, кому кралицата, сопругата на Вацлав Четврти, му се исповедувала. Вацлав Четврти бил љубопитен за тајните на својата сопруга, а Јан (кој тогаш сè уште бил) Помуцки, верен на заклетвата за светоста на исповедта.

Таа верност ја платил со отсекување на јазикот, а потоа од Карловиот мост бил фрлен во реката В’лтава. Легендата вели дека кога Јан Непомуцки ја допрел водата на реката на небото се појавиле пет ѕвезди. Така, денес на Карловиот мост, де­ко­ри­ран со споменици на значајни историски личности. Ме­­ѓу нив е и споеникот на солунските браќата Кирил и Методиј.

Јан Не­­помуцки се препознава по ореолот со пет ѕвезди. Туристите најмногу сакаат да се фотографираат ток­му на споменикот на несреќниот Јан Непомуцки. На по­златениот дел од бакрорезот, каде е при­ка­жа­­на сце­ната на фрлањето во реката В’лтава, посетителите ја ста­ваат ра­ката и замислуваат желба. Им останува да ве­ру­ваат дека ќе им се исполни!

При нашата посета на Прага, покрај спомениците и историскиот развој на Прага и Чешка, се интересиравме за македонското прашање во оваа земја. Така, дознавме дека Македонците од Егејска Македонија во поранешна Чехословачка започнаа масовно да доаѓаат по Граѓанската војна во Грција.

43212


Реката В’лтава

Во тој период бројот на политичките емигранти во Чехословачка бил околу 12.000 од кои над 2.000 Македонци, претежно од Леринско-костурскиот регион. Македонците живееле, главно, во градовите: Јесеник, Прага, Острава и заедно со грчките политички емигранти дејствувале во сите организирани форми конституирани од Комунистичката партија на Грција (КПГ).

Покрај политичкото собирање, Македонците во поранешна Чехословачка се организирале и се групирале преку информативно гласило. Имено, информирањето на Македонците и Грците се вршело преку заеднички весник со име „Агонистис“ („Борец“).

Ова гласило започнало да излегува во почетокот на 1950 година на четири страници, од кои една, а понекогаш и две биле на македонски јазик. Во 1953 година Управата на политичките емигранти во Чехословачка се преселила од Јесеник во Прага, а со тоа и Редакцијата на весникот, а во 1966 година се преселила од Прага во Острава.

Следејќи ја содржината на македонските страници може да се констатира дека тие во основа ја изразувале позитивната политика на КПГ спрема македонското национално прашање и општо нејзината политика спрема Грција и светот. Според тоа, страниците нуделе скапоцени материјали од историјата, литературните остварувања, фолклорот и воопшто од целокупниот живот на македонските политички емигранти во Чехословачка.

Поголемиот број Македонци од Егејска Македонија, меѓу кои биле бројни прогонети деца-бегалци, при крајот на шеесетите години се преселија, претежно во Република Македонија, а многу мал број заминале во прекуморските и други земји. Меѓу нив, а и меѓу Македонците кои денес живеат во Чешка и Словачка, има бројни интелектуалци и деловни луѓе. Со своите постигнувања на бројни научни и бизнис полиња и во културата, Македонците таму оставаат значајни траги во севкупното живеење во нивните средини.

Исто така, и во седумдесетите години се забележувал бран на Македонци кои времено живееле во тогашна Чехословачка. Тие претежно биле градежни работници и стручњаци од неколку македонски градежни фирми, особено од „Трудбеник“ од Охрид. И денес има помал број Македонци, пред сè, од Егејска Македонија, како и од Република Македонија, кои претежно се занимаваат со трговија, и со други бизниси. Веројатно, поради малиот број Македонци во Чешка и Словачка тие немаат свои позначајни македонски организации.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top