Историја

Павел Шатев-Гемиџија 1882 -1951

pavel-satev

pavel-satev

Павел Шатев-Гемиџија

(Роден е во Кратово, 15 јуни 1882 г. – починал во Битола, 30 јануари 1951 г.)

Во 1898 година започнале преговорите помеѓу ТМОРО и Македонскиот таен револуционерен комитет (МТРК) и како резултат од нив дошло до самораспуштање на МТРК, а поголемиот дел од дејците се влеале во Македонската револуционерна организација и Македонскиот комитет, додека Слави Мерџанов, Петар Соколов и Петар Манџуков решиле да дејствуваат самостојно и формирале терористичка група подоцна позната како Гемиџиите. Во 1899 година тие заминале во Цариград со цел да го убијат султанот Абдул Хамид II. Откако се увериле дека не постојат никакви шанси за успешно изведување на атентатот, тие пристапиле кон нов план што опфаќал уривање на Отоманската банка во Цариград. Мерџанов го известува Јордан Поп Јорданов – Орцето и овој презел мерки за организирање на слична акција во Солун. Со парите, тие најмуваат куќа веднаш наспроти Банк Отоман и цела година групата копа тунел под земјата што води кон основите на банката.

Во исто време, копањето на цариградскиот тунел одело многу бавно. Набрзо дошло до откривање на каналот како резултат на предавство во почетокот на 1901 година. Помеѓу другите документи кои паднале во рацете на османлиските власти, се наоѓал и опширниот извештај за копањето на цариградскиот канал. Во меѓувреме сите терористи биле уапсени, а потоа депортирани во Бугарија, каде што Слави Мерџанов и Петар Соколов почнале да дискутираат за нови идеи за терористички акции. Тие планирале да го престанат легендарниот Ориент-експрес кај Едрене. За таа цел двајцата формирале чета од десетина луѓе, која успеала да се префрли во Одринско во јули 1901 година. Четниците ставиле големо количество динамит на железничката пруга, но не успеале да го експлодираат возот. По неуспехот четата го киднапирала синот на локaлен турски земјопоседник, но наскоро била опколена. Во борбата повеќето од четниците биле убиени, а заробените живи биле јавно обесени подоцна во центарот на Едрене. Манџуков на чело на чета презел обид да ги ослободи од затворот во Едрене своите другари, како за таа цел тој планирал да земе заложници, но претрпел неуспех. Во исто време, Димитар Мечев се префрлил во Едрене, каде што почнал да копа тунел под австриската пошта, која требало да биде разрушена заедно со Отоманската банка во Солун. Поради недоволниот експлозив гемиџиите сепак одбиле да ја експлодираат Одринската пошта.

Во пролетта 1902 година Гемиџиите (Името Гемиџии си го дадоа  самите на себе, атентарот под тоа име ги именуваа они од кои се имаа  веќе простено од животот со цел или да добијата или да ја извадат Гемијата на сувото на коработ.

)  успеале да обезбедат 300 кг динамит и го довршиле каналот до Отоманската банка во Солун. Иако тие планирале што побргу да ги извршат нападите, Даме Груев им сугерирал да почекаат и да ја синхронизираат нивната акција со претстојното востание (Илинденско востание). За разлика од Груев, Борис Сарафов им дал морална и материјална поддршка на Гемиџиите.

Групата решава атентатите да започнат на 28 април1903 година. Планот составен на последното советување одржано надвор од градот бил следен: да се потопи францускиотброд, да се минира пругата во близина на солунската станица; да се запали резервоарот за газија од којшто се осветлувал градот; да се дигне во воздух Отоманската банка, да биде запален Бошнак-ан и да почнат улични борби со бомби и револвери. Прекинувањето на осветлението и фрлањето на градот во темнина требало да биде знак за почетокот на акцијата.

Секој точно знаел каква била неговата задача во определеното време за акција. Во врска со прашањето дали атентаторите треба да загинат при акциите дошло до различни мислења. Поп Јорданов, Кирков и Мечев го застапуваат ставот дека атентаторите треба да го положат својот живот, додека Шатев, Арсов и Бошнаков не се согласуваат со тоа. На крајот е одлучено секој сам да си го направи изборо

Епилог

На 24 мај била донесена смртна пресуда за преживеаните гемиџии Марко Бошнаков, Павел Шатев, Милан Арсов и Георги Богданов. Според судот кој ја донел пресудата, тие дошле во Солун за да ги нападнат државните институции, банките и граѓаните за да се промени формата на владеење со румелиските вилаети.

Треба да се истакне дека гемиџиите биле посебна автономна група или кружок, но нивни главни организатори биле Славе Мерџанов и Петар Соколов, всушност програмата и целите кои биле поставени од страна на МТРК биле реализирани и од страна на гемиџиите.

Гемиџиите, биле млади идеалисти кои сакале да ги положат своите животи за своите татковини Македонија и Одринско, односно сите тие биле дел од македонското, односно македоно-одринското револуционерно движење кое се борело за слобода и човекови права.

Адвокат Иван Здравески

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top