Култура и туризам

ВО БУДИМПЕШТА – ЦЕНТАРОТ НА ДВАТА БРЕГА НА ДУНАВ (20)

1341

1341

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Будимпешта е град со околу два милиона жители, со исклучително богата и бу- рна историја, но и со големо културно и градителско наследство. Посебно треба да се одбележи впечатливиот број цркви градени во разни периоди, како и најголемата синагога во Европа, каде го видовме дрвото со имињата на Евреите од холокаустот изградено од родителите на познатиот артист Тони Кертис. Од градителските зафати посебно се издвојуваат деветте мостови на Дунав, која минува низ градот, а во неа посебна атракција се двата острова.

Во Будимпешта има голем број ресторани, хотели и други угостителски објекти во кои можат да се задоволат вкусовите на сите категории гости. Исклучително богата е и културната забава. Токму затоа, не е воопшто случајно што последниве неколку години Будимпешта прераснува во вистинска туристичка мека за посетителите од бившите социјалистички европски земји, но не само за нив, туку и за голем број туристи и вљубеници во убавината на Унгарија.

Тоа го почувствувавме сите учесници на Меѓународниот симпозиум, бидејќи бевме сместени во хотелот „Хелија“, кој е изграден над една стара бања, хотел од висока категорија во кој покрај бројните сали, национални ресторани, три базени има и друга интересна понуда, за гостинот да се чувствува прекрасно. Не случајно Будимпешта е првиот град во Европа, во кој е направен базен и во кој започнало капењето во топлите води, што за тоа време во минатиот век значело помодарство и снобизам.

Меѓународната конференција на тема „Улогата на црквите во новите општества“ се одржа под покровителство на премиерот на Република Унгарија, на Комисијата за човекови права, за малцинствата и религијата, во соработка со Меѓународната асоцијација за слобода на религиите од САД и други европски асоцијации. На овој значаен научен со бир за религијата учествуваа бројни источноевропски експерти, од балкански и европ ски држави, како и од САД и авторот на овие редови како претставник од Македонија.

Официјалните претставници на овој меѓународен форум, претставниците на угледните институции и организации за слободата на религијата и човековите права од Европа и светот, со големи симпатии гледаа на авторот Славе Катин од Македонија и на Македонската православна црква, а беше поднесен рефератот насловен како:

„Улогата на Македонската православна црква во дијаспората“.

Во рефератот, беше укажано дека, благодарение на мултикултурната политика во Австралија, Канада, САД, Европската унија и други демократски земји, со исклучок на соседните балкански земји, македонските иселеници со голем ентузијазам и инспирација ги негуваат своите национални традиции, богатиот фолклор, своите народни песни, игри и обичаи донесени од нивната дедовска земја Македонија. Мултикултурните програми помагаат да се прошири соработката и еманципација- та на иселениците во многу области на нивното живеење, особено во културата, образованието, спортот, информирањето и во целина восоцијалниот и хуманитарниот живот.

Сите овие активности ја зацврстуваат врската на Македонската православна црква-Охридска архиепископија со верниците не само во државата, туку и во Канада, САД, Австралија, Европа и други земји. Во исто време, ваквиот позитивен црков но-национален напредок и верски живот придонесуваат за развојот на односите по- меѓу овие земји и Република Македонија.

За разлика од средините во САД, Канада и Австралија, Македонците во Унгарија цели 40 години немаат свое здружение или некоја слична асоцијација. Не поради тоа што тие не сакале, туку поради приликите што владееле во Унгарија до 1990 година, како и агресивната и негаторската политика на грчкото лоби во оваа денес демократска земја.

За среќа, по започнувањето на демократските процеси, во периодот на транзи- цијата во Унгарија, се создале услови и Македонците во април 1995 година да формираат Здружение на егејските Македонци, со седиште во Будимпешта. Се прет поставува дека во Унгарија денес живеат од пет до седум илјади, главно, Македонци од Беломорието. Македонската колонија се наоѓа, главно, во Будимпешта, Мишколц, селото Белојанис, Брашов и други места.

Здружението на Македонците во Унгарија во кое членуваат триесетина македонски патриоти, не добива никаква помош од Владата на Унгарија, така што сите манифестации тоа ги организира само со средства на членовите и со помош на македонските иселеници во прекуокеанските земји.

Нивната најзначајна манифестација е Средбата на Македонците во Унгарија, што традицонално, секоја година се одржува на 24 мај, на која редовно присуствуваат по стотици Македонци од повеќе градови во Унгарија. Тој ден се пеат македонски песни, се играат македонски ора, се евоцираат спомени од најраното детство, се дискутира за нивните проблеми, истовремено тагуваат и се радуваат за Македонија.

13412


„Св. Никола“ во Мелбурн, Австралија и „Св. Димитрија“ во Рочестер, Њ.Ј. САД

Инаку, во историјата за Македонците во Унгарија е забележано дека во август  1949 година, како нивно гласило излегло од печат списанието „Македонче“. По една година се појавил и билтенот „Нов Живот“ („Неа зои“), во почетокот на грчки јазик, а подоцна и со подлисток на македонски јазик. Тоа било гласило со политички карак тер, а заедно со списанието „Македонче“ се занимавало и со прашања од културата, литературата, јазикот, организираното живеење…

Денес таа улога ја има весникот „Македонски извор“, кој се печати на македонски и унгарски јазик, како издание на Здружението на егејските Македонци во Унгарија и е орган на Македонскиот информативен центар во Будимпешта. Започнало да излегува во 1993 година и во текот на нашиот престој славеше пет години. Весникот се појавил како излив на силната љубов и почит кон Македонија и како информатор на      Македонците во Унгарија и афирматор на македонската вистина, особено за Егејска Македонија која, за жал, често е горка и тешка.

Во овој значаен подолг период од постоењето на весникот „Македонски извор“ биле отпечатени дваесет и осум броеви, обично на 16 страници, исполнети со прилози од историјата, јазикот, човековите права, црковниот живот, активностите на од борите на децата-бегалци (одродени) од Егејска Македонија во Канада, Австралија, Грција, Република Македонија и за други активности на Македонците во Унгарија и ширум светот. Објавени се и бројни новинарски текстови позајмени од други гласила на македонски јазик.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top