Култура и туризам

ВО БУКУРЕШТ – ГРАДОТ НА ТРАГИЧНАТА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА (21)

1234 copy

1234 copy

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Престојот во Букурешт го искористивме да се за­познаеме со некои особености на овој убав, со многу ка­рактеристики велеград на кон­трас­ти. Букурешт е главен град на Романија. Не­говото име уште со формирањето во 1459 година е тесно поврзано со името на веројатниот принц Бу­кур, кој можеби бил рибар или овчар, во зависност од легендата. Меѓутоа, денес во Ро­манија велат дека името на главниот град е по­вр­зано со роман­скиот збор „букурие“ што значи „за­до­волство, ра­дост, милост“.

Градот лежи на реката Дим­бовица уште од своето формирање до денес и е рас­пр­о­стра­нет во низинскиот дел на Влашко. Тој постојано растел и се развивал и во текот на подолг период претставува значаен центар за Романија и на Балканот. Неговиот напредок се гледа и во тоа што, на пример, Букурешт имал осветлување на газија уште од 1861 година, пред Париз и Берлин, зад кои тој денес заостанува. Шест години подоцна, градот добил улично освет­лу­вање со помош на фабриката за јаглен во Фи­ларет. Истата година за првпат започнал тран­спор­тот со трамваи влечени од коњи, за денес по тие улици да се движат покрај тро­леј­бу­сите и најсовремени колони возила.

Тој бил центар на културата, по­литиката, еко­но­ми­јата и севкупното живеење на Романците во ми­на­то­то. Во 1864 година е формиран универзитетот, а де­нес е универ-зитетски центар во кој студираат го­лем број студенти од Балканот, меѓу кои и не­колку од Македонија. Бу­ку­решт бил престолнина на нивните владици од XIV век, а престол-нина на Романија од 1861 година, за денес да биде и цен­тар на романската ин­дус­три­ја, политика, култура…

Центарот на градот ја отсликува вистината за него и за државата во еден подолг период. Се ше­тавме по познатата улица „Липскани“ која има го­лемо значење. Видовме и стара и нова архитектура која го отсли­кува минатото и сегашноста, поради што Букурешт во Ев­ро­­п­а се нарекува „Мал Париз“.

Таму ги ви­до­вме архитектонските остварувања од минатото кои ја збогатуваат сликата на сегашноста, меѓу кои Националната банка, Музејот на романската ли­те­ра­ту­­р­­а, Романската академија, Палатата на прав­дата, Же­­лезничката станица, Палатата на пар­ла­ментот и други архитектонски градби, кои, главно, се из­гра­дени во XIX век и на почетокот на XX век. За жал, голем број од овие споменици биле ош­тетени во земјотресот во 1977 година, но вред­ните ра­це на Романците ги обновиле.

Исто така, зачекоривме по улицата „Викторија“, каде и започна револуцијата во декември 1989 година. Се потсетивме на сите телевизиски преноси и на сè она што го видовме во тие ладни, но и карак­те­рис­тични мигови на Романија и пошироко. Морници ни минуваа по телото кога на плоштадот до Сенатот ги свртевме старите спомени. Но, тоа брзо се заборава, зашто сега таму како да се избришани трагите од минатото.

Букурешт е вистински „град градина“, а так­вата традиција се негува многу одамна. Широките бу­левари се исполнети со бројни и различни др­во­ре­ди, а има и паркови, не само на периферијата, туку и во централниот дел на градот. Освен тоа, има езера и шуми, стари дворци и замоци. Така ма­настирот „Снагов“, кој потекнува од 1404 година е сместен на брегот на езерото Снагов и претста-вува при­јатно катче за одмор и рекреација на жителите на Букурешт. Таму има и други, повеќе или помалку познати, манастири и дворци што го опкружуваат овој град.

12345 copy

Делачите на Македонија

Во текот на нашиот престој го посетивме и ма­нас­ти­рот познат како „Циганешти“. Тој е лоциран на за­пад­ната страна на Букурешт во еден живописен пре­дел. Веројатно манастирот свое­то име го добил по населбата што го опкружува. Тој е женски духовен центар и еден од најактивните живи ма­настири во Романија.

Всушност, манастирот прет­ст­а­вува една скромна текстилна фабрика во која ка­луѓерките ткаат разни платна, везови, тантели и дру­ги фабрикати кои се надалеку познати. Ги видовме произ­водите на вредните раце на калуѓерките, кои љубезно ни го објаснија начинот на производството, познат не само во Романија, туку и пошироко во православниот свет.

Во Букурешт дознавме низа по­да­тоци, меѓу кои дека во Романија има 86% Романци, кои претежно припаѓаат на Романската православна црква. Околу два милиона се Унгарци, а останатите Гер­мани, Евреи, Роми и други народи, меѓу кои, со поголеми осцилации, во зависност од состојбите на Бал­канот, во Романија живеат и повеќе  стотици Ма­ке­донци, кои денес се раселени во повеќе градови, многумина асимилирани и претворени во дел од романската вистина. Имавме среќа да се запознаеме со неколку современи „печалбари“ кои се прет­став­ни­ци на фирми од Македонија.

Во оваа два и пол милионска европска метропола во минатото се случувале и се случуваат бројни настани. Така, во Букурешт е потпишан еден од значајните договори за мир меѓу Русија и Турција – таканаречениот Букурешки договор за мир од 1912 година, со кој се потвр-дил поразот на Турција и со што завршила Руско-турската војна, која траела цели шест години. Ако Букурешкиот договор за некои балкански држави претставува „мировен договор“, за Македонија и за македонскиот народ тој е погубен.

Имено, со овој договор од мај 1912 година, Романија ја добила Јужна Добруџа, Србија ја добила Вардарска Македонија, Егејска Македонија ѝ припаднала на Грција, а пиринскиот дел бил даден на Бугарија. Поделбата оставила големи лузни врз историскиот развој на  Македонија и на македонскиот народ.

Во 2013 година, беше одбележана 100-годишнината од поделбата на Македонија. Ако балканските војни во 1912 и 1913 година беа предвесник на ослободувањето на Македонија, тогаш Договорот од Букурешт, од 10 август 1913 година, ја одбележа нејзината трагична поделба меѓу Грција, Србија (поранешна Југославија) и Бугарија. Кога Договорот од Букурешт од 1913 година беше потпишан, Македонија зафаќаше површина од 66,474 километри квадратни од кои 25.713 километри квадратни (денешна Република Македонија) со околу 1,6 милиони македонски народ, беа доделени на Србија (поранешна Југославија). Грција го доби јужниот дел на Македонија од 33,953 километри квадратни, нешто повеќе од половината од Македонија, со население од околу 300.000 жители. Североисточниот дел на Македонија, кој опфаќа површина од 6,808 километри квадратни, со околу 200.000 македонско население, ѝ беше доделен на Бугарија.

Нè обзеде тага кога застанавме пред зградата во која бил потпишан договорот за поделбата на Ма­ке­донија. Со тој неправеден договор маке­дон­скиот народ бил распарчен, обесправен, фр­лен пред вратите на пеколот за цел еден век да под­не­сува понижувања и страдања кои, можеби, биле Божја казна или Божја промисла македонскиот народ денес да има среќна иднина. И сè она што би­ло лошо за него, да се претвори во добрина и Бож­ји дар, зашто тој го заслужува тоа. Затоа семето ма­ке­донско денес се шири во една голема полјана што се вика свет.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top