Историја

Американските мисионери го помагаа иселувањето на Македонците во Америка

mak-emigracija-2

„Од битолскиот вилает голем број Македонци континуирано се иселуваат во Америка. Изгледа дека со ова иселување раководат американските мисионери. Секој иселеник добива од нив темно – плаво одело и качкет на кој блеска американскиот грб. Сите се обезбедени со валидни исправи за иселување, патни трошоци и патен билет.“ – пишува белградска „Политика“ на почетокот на 1904 година.

mak-emigracija-2

По задушувањето на Илинденското востание во 1903 година и растурањето на воената сила на Внатрешната Македонска Револуционерна Организацијата, македонското население било изложено на тешки искушенија. Безобзирноста на турските казнени одреди, пљачкашките албански групи во западна Македонија, разрушените куќи и огништа, настапувањето на зимата и недостатокот на храна, ќе предизвика иселување на голем број Македонци од земјата.

Првично еден дел од селското население се засолнува во поголемите градски центри како Битола, Прилеп и други места. Други во потрага за леб и сигурност, заминале во емиграција во  Грција, Србија, Бугарија и Романија, во другите делови на Османската империја, кон Австро-Унгарија и други земји на западна Европа. Седум до осум илјади лица, најчесто организирано се иселиле во Северна Америка.

Белградска „Политика“ од 1 март 1903 година во информацијата за „Мекдонската емиграција ќе забележи: „Од битолскиот вилает голем број Македонци континуирано се иселуваат во Америка. Изгледа дека со ова иселување раководат американските мисионери. Секој иселеник добива од нив темно – плаво одело и качкет на кој блешти американскиот грб. Сите се обезбедени со валидни исправи за иселување, патни трошоци и патен билет.“

Што се однесува до мисионерската дејност, од документите е познато дека во 1873-74 година Бостонската конгрегација испратила мисија во Битола која во близина на реката Курделес купила земја од турската власт и ги изградиле најубавите згради во тој дел на Битола. Во комплексот згради се наоѓале дом за сирачиња и сиромашни деца, училиште до четврто одделение и гимназија за девојки. Во 1886 година во комплексот на згради била подигната и првата Евангелистичка црква во Битола.

Како последица на Илинденското востание од 1903 во Битола е отворено и сиропиталиште со помош на “Друштвото за помош на мисии во библиските земји” (Bible Lands Missions Aid Society). Тоа сиропиталиште било наречено “Essery Memorial Orphanage” и згрижувало околу 40 деца. Пред балканските војни американските мисионери кои живееле во Битола биле Пастор Вилијам П. Кларк со сопругата, потоа Мис. Мери Л. Метјуз и Мис. Делфа Дејвис.

Американската документација пак открива  важни податоци за македонските емигранти во Америка. Познато е дека првите печалбари од Македонија пристигнале на северноа-американскиот брег на почетокот на втората половина на 19 век. Во 1866 година бил забележена првиот иселеник кој бил родум од Македонија, а првата поголемата група била од Леринско во 1898 година. Сите тие биле професионалци, за разлика од мигрантите по Илинденското востание.

Според америкаски извори, меѓу 1904 и 1909 година во САД заминале околу 60.000 Македонци, главно мажи. Сепак, точната бројка не е позната, зошто истражувањата покажаа дека многумина од Македонија патувале со туѓ пасош.

Меѓутоа, има нешто што ни американската админстрација не може да го прецрта. Од тој период постојат надгробни плочи на доселеници од Македонија кои починале во САД, на кои стои дека биле Македонци.

Македонските мигранти, кои по Илинденското востание заминале за Америка, при стапнувањето на американска почва се определувале како Македонци. Меѓутоа, подоцна, кога официјалните власти ги правеле списоците на новодојдените, ги регистрирале како Бугари, Срби или како Грци, прецртувајќи го зборот Македонец.

Така, пред да се интезивира српската пропаганда, во текстот на српскиот белградски весник од 1904 година, можеме да прочитаме дека населението од Македонија, се именува како Македонци и се говори за „Македонска емиграција“.

mak-emigracija-1
Македонска нација

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top