Историја

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Гоце Делчев

Гоце ДелчевГоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш.Основното образование го заврши во родниот град, а гимназијалното во Солунската машка гимназија. Во пролетта 1892 година стапи во Военото училиште во Софија, а на 16 септември 1894 г е исклучен. и есента истата година од егзархијата беше назначен за учител во Ново Село – Штип, каде што работеше две години и целосно се посветува на револуционерната дејност.

Гоце Делчев непосредно учествува во изработката на вториот устав на ВМОРО во 1896 година, со што настапува нова, повисока фаза во развојот на македонското-ослободително движење. Заедно со Ѓорче Петров ги црта идеите, принципите и патот на внаатараешната организација. Во македонското национално-ослободително револуционерно движење, Делчев прв ја поставува политичката, националната и социјалната содржина – автономија на Македонија, правото на македонскиот народ на самостоен живот-отфрлување на експлоатацијата на чивлигарите.Во заштитата на делото, Делчев води непримирлива борба против големобугарската завојувачка политика, спроведувана од врховистичките чети и агенти, против шовинистичките пропаганди, против делбата или присоединувањето на Македонија кон која и да било балканска држава. Тој го воспитуваше македонскиот народ за смоослободување, со сенародно востание.

На Гоце Делчев му припаѓа заслугата за создавање на организацијата во Штипско, Кочанско, Радовишко, Струмичко и Кукушко. Тој ги организира и првите канали на организацијата, по кои се пренесува организационата пошта, агитациони материјали и оружје. Создава погранични пунктови во Ќустендил, Дупница, Самоков, Кавакли и други места. Се создава и курирска служба, во употреба се воведени и шифри, хемиско мастило и псевдоними. Така под раководство на Гоце Делчев се оформи организационата структура.

Револуционерните почетоци ги прави во Солунската гимназија каде се школува од 1888 – 1891 год., кога се зачленува во тајните ученички кружоци. Продолжувајќи го школувањето на Военото училиште во Софија се сретнува со Лозарите, и соработниците но и со Коста Шахов од Младата книжевна дружина, со Иван Хаџи Николов еден од основачите на ТМОРО и многу др..

Поради револуционерната активност во македонското национално движење , на кое целосно му се посветува , во 1894 година, Бугарите го исклучуваат од Военото училиште. Но, Егзархијата бидејќи нема доволно образуван учителски кадар за Македонија, Делчев се пријавува и добива место за учител. Новата позиција тој ја користи за уште пожестока работа на теренот.

Во Штип во 1895 година се среќава со Даме Груев , кој и го препорачува во ТМОРО каде веднаш влегува и го дава својот недостижен револуционерен долг. Зашто токму тој ја разгранува организацијата до невидени граници, со својата пропагандна но и човечка дружељубивост насекаде, со својата итрина и осет за опасност секогаш пред непријателите. Токму тој со Ѓорче Петров ги изработуваат Уставот и Правилникот на ТМОРО. Особено е жесток кон Врховистите и Бугарските прсти во македонското дело.

Кон крајот на 1901 год. со една чета трга во инспекција на Организацијата и состојбите во речиси сите комитети. Ги посетува – Радовиш и Радовишко, Неготино, Кавадарци, с. Ваташа, Прилеп, и Прилепско, Битола, Леринско, Костурско, Кајларско, Воденско, Струмичко, Горноџумајско. Тој ги согледува потезите кои ги презеде организацијата по Виничката афера за која Врховистичките прсти се виновни. На VIII-от вонреден конгрес на Македонско-Одринските друштва тој енергично во својот говор се спротивставува на Бугарските аспирации кон Македонското национално дело. Особено го критикува Борис Сарафов и неговата улога во поддршката на ваквите тенденции усмерени кон Бугарија.

Уште појасен и поенергичен е на Солунскиот конгрес во јануари 1903 год. кога се спротивставува на одлуката за дигање востание велејќи дека народот не е спремен за тоа и јасно посочувајќи ги кривците од соседството за избрзувањето.Токму ова е најверојатната причина за негова елиминација пред одржувањето на Смилевскиот конгрес, кога требаше да се донесес одлука дали е или не е време за дигање на вооружено востание. Некој пресметал дека без Гоцевото силно влијание одлуката може многу лесно да се донесе. Впрочем, Делчев со својата ораторска – убедувачка моќ на Солунскиот конгрес спречил да не се донесе одлука за востание.

На 04 мај 1903 год. во с.Баница, Гоце храбро загина во борба со многубројниот турски аскер, паѓајќи на олтарот на неговата Македонија, гинејќи за слободата на македонскиот народ.

Заклетвата на ВМРО

Заклетвата на ВМРО „Слобода или смрт за Македонија““Се колнеме во името на Бога, верата и честа,

дека отсега ќе служиме колку што можеме за слобода на нашата татковина Македонија и Одринско,

ќе ги слушаме наредбите на нашите главатари,

нема никому да ги кажеме скришните народни работи,

Ако не ги слушаме наредбите на нашите главатари и ако некому,

свесно или несвесно,

кажеме за она што сега го гледаме,

што го слушаме и што го работиме,

да бидеме убиени од браќата со оружјето што сега го целиваме.

Амин”

Границите на Македонија

Карта на Македонија

(Согласно на прологот во Уставот на ВМРО, преработен на нејзиниот општ конгрес во 1925 г.)

Источната граница на Македонија почнува од устието на реката Места и оди по нејзиниот тек северно до над селото Бук; од таму продолжува низ областа Чеч, го следи водоразделот по Родопскиот венец од врвот Крушово на север и завршува на Колос Мусала.

Северната граница оди по Рила и Осогово до врвот Патерица; од таму продолжува кон запад по водоразделните височини меѓу коритото на Вардар и тоа на реката бугарска Морава, додека стигне до Скопска Црна-Гора, го следи нејзиниот срт до Качаничката клисура, продолжува по главниот Шарски венец и стига до Црни Дрим, северно од Дебар.

На запад Македонија се одделува од Албанија со планинскиот венец, кој оди на запад од Црни Дрим и Охридското Езеро, додека го опфати целиот нивни басен; границата го опфаќа и басенот на Преспанското Езеро, го следи водоразделот меѓу реката Девол и реката Бистрица и стига до Грамос планина.

Јужната граница оди по водоразделните планини меѓу басенот на реката Бистрица и тој на тесалиската река Сапатарија, стига до морето, го следи брегот на Бело Море до устието на реката Места.

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top