Историја

Политичка платформа на Македонското национално ослободително движење – (Торонто, 20 октомври 1972 година)

zakletva1

zakletva1

НАЦИОНАЛНО ОСЛОБОДУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА  ВО САМОСТОЈНА  МАКЕДОНСКА  ДРЖАВА

“Македонското Национално Ослободително движење својата политичка основа ја изградува врз националната самобитност на македонскиот народ. Како национална организација на македонскиот народ МНОД работи и се бори со сите средства за национално ослободување и обединување на Македонија во самостојна македонска држава.

Борејќи се за ослободување и обединување на распарчена Македонија во самостојна македонска држава МНОД ги продолжува револуционерните илинденски традиции, оди по славниот пат на гоцеделчевското ВМРО.

Македонското Национално Ослободително Движење смета дека македон-ското прашање во прв ред е прашање за македонскиот народ, па тргну-вајќи од тоа становиште, МНОД се бори и против сите оние кои на нашиот народ му ја негираат неговата национална самобитност и му оспоруваат право на самостоен национален живот.

МНОД ја отфрлува старата теза на националистите од соседните балкански држави според која македонското прашање било само едно политичко прашање меѓу заинтересираните три соседни држави. МНОД смета дека македонското прашање во прв ред е прашање на македонскиот народ, оформен во своја современа македонска нација, па тргнувајќи од овој историски факт, тоа работи за разобличување на заблудите што ги шират балканските националисти за постоењето на некакви Бугари или Срби во Македонија. Домородното словенско население во Македонија е составен и неделив дел на македонската нација која има своја исто-рија, свој јазик, своја култура и обичаи и која не еднаш покажала со оружје и со крв дека сака да живее во своја сопствена македонска национална држава.

Бранејќи ги интересите на македонската нација и на нејзината света борба за ослободување и обединување, МНОД решително се бори и против оние Македонци кои под дејството на странските пропаганди или од свои лични интереси станале србомани, бугаромани или гркомани. МНОД не ќе жали ни време ни средства да помогне на сите чесни Македонци што се заведени од странските заслепувачки пропаганди да се вратат во пазувите на својата македонска нација, а спрема оние кои свесно се гнуркаат во национално отстапништво, ќе постапува како и спрема другите непријатели на македонското национално дело. Тргнувајќи од своето становиште, МНОД за македонски организации ги признава само оние кои работат и се создадени под македонското  национално име.

МНОД ќе соработува со сите македонски организации кои се борат за истите цели или кои работат за македонската национална кауза. Во врска со денешната положба на македонскиот народ во разделената татковина МНОД констатира:

1. Македонскиот народ под власта на Грција е изложен на национален геноцид. Грчката власт во Македонија води политика на систематска денационализација на Македонците кои немаат никакви национални права, па дури ни право да зборуваат на својот мајчин јазик. Атинските властодршци во Македонија со ужасен терор ги присилуваат Македонците да се иселуваат од својата родна земја…

2. И нашиот народ во Пиринскиот дел на Македонија под власта на Бугарија е изложен на денационализаторска политика, се наоѓа под национално ропство. Денешните управници на Бугарија го изневерија становиштето на нивниот покоен водач Георги Димитров, по кое на нашиот народ во поробениот Пирински дел му се даваше културна автономија и предвидуваше негово обединување со Македонците во Репуб-лика Македонија, во рамките на македонската национална држава…

3. Македонскиот народ во југословенската федерација издејствува да му биде признаена неговата национална самобитност и да се конституира во своја национална република, со кое нешто тој стави темели и на својата македонска државност. Македонскиот народ во својата република има слобода за развиток на својот национален живот на духовно и културно поле, но не и на политичко. Македонскиот народ своето обединување тешко ќе може да го оствари во рамките на Југославија, па било таа да е федеративна или конфедеративна. Затоа МНОД смета дека сите македонски патиотски снаги треба да работат на тоа македонската република да стане што посамостојна и понезависна, да се развие во вистинска национална држава на македонскиот народ, па така закрепнатата и осамостоена, може да стане обединителна јатка за другите делови на МАКЕДОНИЈА.

Со оглед на тоа што нашата татковина денес е разделена не само меѓу три балкански држави, туку и меѓу два денешни воени блокови со различни општествени системи- источниот и западниот блок, МНОД смета дека ќе биде корисно во интересот на идното македонско обединување ако се работи не само за осамостојувањето на денешната македонска република туку и за нејзино демократизирање. Македонското обединување ќе може да се олесни со една демократизација на режимот во македонската република и со нејзино осамостојување во неутрална држава. Таа неутралнопст ќе треба да се однесува како спрема соседните балкански држави, така и спрема двата големи воени блокови. МНОД е убедено дека и огромното мнозинство од македонскиот народ сака да живее во демократија и во мир со своите соседи.

…Крајната цел на Движењето е да извојува обединување на распарчена Македонија во македонска самостојна држава, но тоа во својата секојдневна работа ќе ги брани националните интереси на македонскиот народ секаде и од секого. МНОД се бори со сите легални и нелегални средства против денационализаторските политики на Атина и Софија во Македонија и војува за извојување на национални права за нашиот народ под грчкото и бугарското владеење.

МНОД ќе вложува специјално грижи за запознавање на надворешниот свет со ропската положба на нашиот народ во распарчена Македонија и со неговите стремежи за национално ослободување и обединување.

МНОД, водејќи сметка за интересите на целата македонска нација го отфрла југословенскиот федератизам, како крајно решение на македонското прашање, но тоа не е непријателски расположено спрема една идна балканска федерација во една обединета и демократска Европа, чии темели почнаа да се поставуваат во другиот крај на европскиот континент. Македонското прашање може да најде едно пра-ведно решение во рамките на една балканска федерација во која Македонија би влегла цела и обединета како рамноправна државна  единица.

Ослободителното Движење води сметка и за тоа дека Македонија е татковина и на население од други националности: Грци, Албанци, Турци, Власи и други. МНОД ги смета сите овие народности за свои земјаци и им признава право да бидат рамноправни граѓани на идната самостојна македонска држава во која уставно ќе им биде гарантирано право на слободен национален живот и развиток. Создавањето на самостојна и братска Македонија ќе биде од голема корист за сите неј-зини жители па затоа МНОД ги повикува сите жители на Македонија без разлика на нивната национална и верска припадност, дружно и братски да работат за доброто на својата заедничка татковина, кое може да се постигне само во една обединета и самостојна Македонија.

МНОД смета дека многубројната македонска емиграција која ги напушти своите родни огништа, бегајќи од терорите на балканските окупаторски режими, како и од тешката економска положба, има свето право на повраток во старата татковина кога Македонија ќе се ослободи…

Среде Македонците што живеат во туѓина како иселеници, политичките емигранти или привремени печалбари, МНОД ќе работи на будење и одржување на македонскиот патриотизам, ќе дава свој прилог во националниот живот на Македонците во странство и ќе се труди под своето борбено знаме да ги прибере и обедини сите оние Македонци кои надвор, од туѓина, сакаат да работат и да се борат за слободна и обе-динета Македонија.

Да биде и пребиде слободна и обединета самостојна Македонија, братска заедница на сите нејзини жители.

МНОД Торонто

Торонто, 20 октомври 1972 година”

И. Катарџиев, Македонската политичка емиграција…, док.81, стр. 303 -307;

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top