Дијаспора

Конкурс за македонски автори од Австралија: раскази и поезија за возрасни и деца до 30 ноември 2026 година

НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА> Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј распиша традиционален конкурс: ПРЛИЧЕВА НАГРАДА за поезија и проза

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави традиционалниот годишен литературен конкурс за избор на најдобри прозни и поетски дела од македонските автори кои живеат во Австралија.

Конкурсот е отворен во четири категории:

  • Расказ на годината – возрасни
  • Поетска творба на годината – возрасни
  • Расказ на годината – деца
  • Поетска творба на годината – деца

Услови за учество

  • Темата е слободна.
  • Пожелно е расказите да не надминуваат 800 зборови.
  • Нема да бидат разгледувани претходно објавени или издадени дела.
  • Делата треба да се испраќаат под шифра на е-пошта povod@macedon.com или по пошта во еден примерок, додека авторството се докажува со втор примерок.
  • За секој литературен жанр може да се испратат најмногу пет дела.
  • Делата можат да бидат напишани на македонски или на англиски јазик.
  • Право на учество имаат Македонците кои живеат во Австралија.

Организаторот информира дека ќе бидат доделени по три награди во секоја категорија, во зависност од квалитетот на пристигнатите трудови.

Конкурсот е отворен до 30 ноември 2026 година.

Трудовите треба да се испраќаат на адреса:

Македонско литературно друштво „Григор Прличев“
P.O. Box 227
Rockdale NSW 2216
Australia

Со назнака: „За Прличева награда“

или на електронските адреси:

povod@macedon.com
dushan@macedon.com

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ веќе речиси половина век претставува еден од најзначајните чувари и промотори на македонскиот јазик, литература и култура во Австралија. Зад себе има 47 години промоција на македонската литература, 46 години библиотечна дејност и 41 година издавачка активност, оставајќи значаен белег во културниот живот на македонската дијаспора.

Најново од: Дијаспора

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

„Чувари на верата и македонскиот идеал“ – во Мелбурн одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со панихида, положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и културна програма, македонската заедница оддаде почит на националните дејци и на архиепископот Ангелариј. Под мотото „Чувари на верата и македонскиот идеал“, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 24 октомври го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. На настанот беше одбележана […]

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

To top