Култура и туризам

ВО ЉУБЉАНА – СОВРЕМЕНИОТ ЕВРОПСКИ ЦЕНТАР – ДЕЛ II (33)

68

68

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА  „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Во Република Словенија за неколку стотини македонски дечиња во просториите на редовните училишта се изведува дополнителна настава на македонски јазик. Таа дејност засега ја извршуваат неколку наставнички во Крањ, Љубљана, Копар и во Марибор. Наставата опфаќа: македонски јазик, историја и обичаи – религија. Но, се чини дека испраќањето на македонски свештеник придонесе во подучувањето по веронаука и црковни народни обичаи.

Свештеникот, прво, возрасните ги подучи во верата, па потоа и младите генерации. Зашто во минатото во некои места во Словенија, сакајќи да бидат крстени во православна вера и црква, Македонците оделе кај српски свештеници, а тие по крштевката веднаш ги запишувале дека по националност се Срби.

За ова има и докази – свидетелства, велат Македонците, и додаваат дека тие сакаат, освен православното, да го задржат и она што е нивно, мајчинско, македонско. Никој нема право нив сега, во ова време, надвор од Македонија, да ги одродува и тоа на таков начин.

Една од најзначајните средби во Република Словенија беше онаа со љубљанскиот надбискуп. Таа е историска средба меѓу двајца достоинственици, меѓу претставници на Македонската православна црква и на Римокатоличката црква, архиепископот охридски и македонски г. г. Михаил и надбискупот г. Шустер. Средбата беше срдечна, пријателска, екуменска…

И средбата на Теолошкиот факултет ќе остане во трајно сеќавање. Таму бевме примени од деканот на факултетот. Се сретнавме и со неколку студенти кои на прашањето што очекуваат по дипломирањето рекоа дека некои ќе бидат калуѓери или калуѓерки, некои учителки за верата, уредници, дописници или новинари во радио и ТВ- центри и списанија, во кои има рубрики за верата, за религијата и етиката или религијата и културата. Ја посетивме и факултетската библиотека која е сместена во шест простории со современа опрема, со две читални и три вработени лица.

Библиотеката постои веќе многу години и има околу четириесет илјади наслови и околу петстотини редовни списанија. Литературата, покрај словенечкиот, главно, е на германски, француски, англиски и италијански јазик.

Средбата заврши со размена на книги и списанија и со ветување дека во иднина ќе се воспостави подобра соработка меѓу библиотеките на двата теолошки факултета во Република Словенија и во Република Македонија.

Попладнето беше приреден прием кај претседателот на Собранието на Општина Крањ, господин Витомил Грос. Тој прекрасен човек љубезно нѐ пречека и во поздравното слово, меѓу другото, рече дека е претседател на Општина Крањ и голем пријател на Македонците и дека кај нив, како и кај нас, словенечката култура дошла преку свети Кирил и Методиј и преку свети Климент и свети Наум Охридски, а тоа зборува за нашата блискост, и дека сега не ни останува ништо друго, туку да ја продоложиме таа мисија.

Во текот на престојот се одржа првата богослужба на македонски јазик во идниот македонски православен храм во Крањ. Богослужбата ја изврши поглаварот на Македонската православна црква архиепископот охридски и македонски г. г. Михаил. На свечениот чин што се одржа во Католичката катедрална црква „Света Марија Рожевенска”, покрај бројните македонски православни верници од Крањ, Љубљана, Јесенице, Марибор и многу други места ширум Словенија, присуствуваше и бискупот Алојз со своите свештенослужители, претседателот на Собранието на Општина Крањ, амасадорот на Република Македонија во Словенија, како и бројни пријатели на Македонците од тие простори.

Инаку, Македонската православна општина „Свети Климент Охридски” од Крањ е најновата македонска црковна асоцијација и прва во демократска Република Словенија. Таа е дел од фамилијата црковни општини на Европската епархија на Македонската православна црква, која ги собира Македонците од повеќе градови и места во Република Словенија.

Иницијативата за формирање духовен храм ја започнаа неколкумина ентузијасти од Крањ и Љубљана, кои на 12 март 1994 година ја формираа и организираа првата Македонска православна црква во Словенија „Свети Климент Охридски” со седиште во индустрискиот град Крањ.

689

Универзитетот во Љубљана

По богослужбата се одржа состанок со црковната управа и други Македонци на кој се зборуваше за она што значи раѓање на новата црковна општина и започнување на духовен и црковен живот на Македонците во Словенија. Се искажуваа искрени честитки по тој повод и радост за формирањето на новата црква во Крањ, а се зборуваше и за доаѓање на редовен свештеник, создавање услови за негов живот достоинствено на чинот свештенички кој треба да биде вистински мисионер и матица на Македонците во Словенија..

Последниот ден од посетата имавме средба во Владата на Република Словенија со госпоѓа Даринка (Нина) Чос, претседател на Републичката комисија за верски прашања. Таму беше искажана големата радост и задоволство од пријателскиот односи со чувство на длабока почит беше констатирано дека Македонците со Словенците се духовни роднини. Потоа домаќинката беше информирана за коректниот однос со римокатолиците во Македонија, и дека таа година, на Велигден, во Католичката катедрала во Скопје, на богослужбата присуствуваше и претседателот на Република Македонија господинот Киро Глигоров.

Госпоѓата Чос изрази задоволство и рече дека е многу радосна што има чест да поздрави една ваква висока црковна делегација од Македонија. Во разговорот се одлучи Македонската православна црковна општина за Словенија, покрај останатите 25, да биде регистрирана во државниот регистар како посебна верска заедница.

Оттаму, заминавме на прием кај градоначалникот на Љубљана господинот Јоже Стргар. Средбата беше срдечна и пријателска при што беше речено дека Македонците како словенски браќа се многу блиски и по јазик и по род со Словенците и додаде дека само со разбирање и христијанска љубов ќе се постигне посреќна иднина за двата народа и двете самостојни и суверени држави, кои во овие нови историски моменти си подаваат братска рака.

Напладне, делегацијата отпатува во посета на Горењско и Радовлица. Патем, сврати во римокатоличкиот манастир „Света Богородица” каде беше топло и срдечно пречекана со силно биење на 4 камбани и со најголема почест. Старешината, отец Леополд, беше пресреќен што му се пружи можност да го поздрави поглаварот на Македонската православна црква.

Продолжува

 slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top