Историја

ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА НИЗ ДЕТСКИ СВЕДОШТВА (прв дел)

3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Татјана Савичева (23 јануари, 1930 – 1 јули, 1944)

Втората светска војна (1939 – 1945 година) одзема 50 милиони животи низ бојните полиња по светот. Од тие жртви, три деца, од различни завојувани земји, имале исти желби за слобода, мир и правда, Татјана Савичева, Ана Франк и Садако Сасаки. Тие оставиле писмени сведоштва, дневници за своите страдања. Нивните народи и земји со гордост и благодарност им издигнале светски почитувани споменици.   

Татјана Савичева е од СССР, земја која се бореше против нацизмот и фашизмот, и загуби најмалку 27 милиони народ, 19 милиони цивили и 8.7 милиони војска. Татјана е една од 1.2 милиони жртви во опсадата на Ленинград (8 септември, 1941 – 27 јануари, 1943), извршена во тек на германскиот план Барбароса, за геноцид на словенските народи. Нејзините сведоштва за гладот, болестите и воените напади се собрани во куси детски записи на руски јазик, дневници за ужасите во текот на опсадата која траела 872 дена.

Татјана ја запишува смртта на секој од нејзината фамилија кој умира пред нејзини очи. Кога останала последна, знаела дека е следна за умирање, но го задржала својот силен руски дух. Била спасена во последен миг, пренесена во болница, но починала од постоечката стомачна туберкулоза.

Споменот за 14 годишната Савичева останува легендарен поради детски едноставните, но драматични страници од нејзиниот дневник, со чувство за бесмисленост на страдањето меѓу невините и нехуманото уништување на градови и земји.

Спомен обележја

Во трајно сеќавање и почит кон Татјана, опсадата на Ленинград е поврзана со неа и обележена на повеќе места и начини. Во детскиот Меморијален комплекс именуван „Зелениот појас на славата“, по должина на „Патот на животот“, во алеата „Цвеќе на животот“, извадоци од дневниците на Татјана се запишани на истакнатите камени плочи.

33 copy copy copy

Повоените судења во Нирнберг ги користеле дневниците на Татјана Савичева како доказ за нацистичките злочини.

Помала планета, откриена 1971 година од советскиот астронаут Људмила Черник, е именувана 2127 Танја, во чест на детето жртва на втората светска војна.   

Руската Федерација му има оддадено почит на своето дете, автор на дневникот, со именување на планинскиот премин во Џунгариан Алатау, помеѓу Казакстан и Кина.  

Во училиштето на Татјана е отворена спомен соба во знак на големата почит на Русите кон своите деца, жртви на војната со нацистите.

На 75 годишнината од опсадата на Ленинград, 27.1.2019, народот на Германија има донирано 12 милиони евра, за модернизација на руска болница на ветераните, во поранешен Ленинград, денес Ст. Петерсбург.

На тој настан биле присутни министрите Хеико Маас од Германија и Сергеј Лавров од Русија. Во нивната изјава стои: „Убедени сме дека оваа волонтерска акција ќе го подобри квалитетот на животот на жртвите кои се сеуште живи, и му служат на историското помирување меѓу народите на двете земји.“

Дел 1 (од 3)

1Marija Kukubajska copy copy copy copy copy

Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top