Култура и туризам

ВО БЕЛГРАД – БАЛКАНСКАТА РАСКРСНИЦА И МЕТРОПОЛА НА ИДНИНАТА (3

15
 

15

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА  „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Често се вели дека Белград е крстосница на Балканскиот Полуостров и пошироко, меѓународна комуникациска метропола, чии патишта водат на сите страни во светот и од светот, како по сувоземен, така и по воден и по воздушен пат. Тоа се должи на неговата местоположба, природните услови, територијалниот развиток и други карактеристики. Самата местоположба на Белград му дава вонредно и стратегиско значење. Неговата историја најубаво се гледа во имињата што ги носел, а тоа е историја на една значајна гранична тврдина, место за војување и помирување, место за кое се бореле и Авари и Словени и Австро-Унгарци и Турци и Бугари, Византијци, Унгарци, Германи…

Една од впечатливите посети беше онаа на Калемегдан, симболот на целата историја на Белград. Овој споменик на културата кој крие многу тајни го разгледавме во попладневните часови кога сонцето ја осветлуваше Статуата на победникот од Иван Мештровиќ, што се извишува над Калемегдан. Калемегдан се издига над устието каде реката Сава се влива во Дунав, заземајќи положба на едно од најубавите места во Европа. Но, тоа е погодно место и за војни и за крвопролевања, место за одбрана, граничен појас, а денес, пак, место – парк за одмор и рекреација, за вистинските љубовни изливи,место за медитирање, за запознавање со бројните културно-историски споменици…

Белградската тврдина Калемегдан е симбол на Белград, негово првобитно јадро, сложен спомен комплекс и дел од целокупната историја. Минатото на Белград и на српскиот народ може да се прочита од историските траги на разурнатините на оние кои уривале и оние кои повторно ја граделе тврдината. А таа била едно од важните одбранбени упоришта на Римската Империја. Многу траги се уништени. Така, средниот век ги покрил оние од римскиот период, а многу негови остатоци се покриени со австро-унгарско-турски градби.

Средновековниот Горни Град, изграден на калемегданското плато, е значајно место на Белград. Според еден запис од XVII век, градот бил опкружен со висок ѕид, со кули покриени со олово, полукружни бастиони и со суви ровови. Во рамките на ѕидовите биле стиснати 200 куќи надвишени од џамијата на Сулејман I и Сулејман II. Тука се наоѓала моќна тврдина од кули одделени со длабок шанец преку кој минувал подвижен мост. По Горниот Град, пак, од подножјето на калемегданскиот брег до реките Сава и Дунав, во облик на кружен исечок, се простирал Долниот Град, од сите страни опкружен со бедеми и кули.

155

Калемегдан

Меѓу значајните траги зачувани од минатото во Горни Град се Деспотовата капија и Деспотовата кула подигнати во почетокот на XV век во времето на Стефан Лазаревиќ. Денес кулата е пренаменета во опсервација. Тука е и Ѕиданата капија со кулите, Сахат капијата и Јакшиќевата кула.

При нашата посета, заедно со министерката Илинка Митрева и проф. д-р Владимир Цветковски бевме информирани дека Белград за време на турското владеење се развил во град со многу жители како административен и воен трговски центар со интензивен промет. Тоа го кажуваат и зборовите на патеписецот Евлија Челебија кој вели дека поради тоа што градот е жив и прометен, илјадници луѓе од други места се населувале таму. Така и во минатото во Белград доаѓале и се населувале различни народи и нации, меѓу кои и Македонци, чиј број се менува од година во година.

Помеѓу Белградската тврдина и стариот дел на Белград се наоѓа паркот Калемегдан. На турски „кале” значи град, тврдина, а „мегдан” значи поле. Затоа може да се протолкува дека Калемегдан бил градско поле, празен простор пред тврдината неопходен за одбрана од копнената страна. Сличен или идентичен пример со охридското Самоилово кале, кое градот го штитело од копнениот дел, додека Охридското Езеро бил чуварот од страната каде заплискувале брановите.

Високиот брег на Сава, кој денес е познат како Савско шеталиште, Турците го нарекле „Фиќир-баир” што во превод значи „Брег на река за размислување”. Во висините, него го заплискуваат разни струења на ветрови, а со километри го покрива видикот кон запад. Тој е погоден за размислување, за тешки одлуки или лесни љубовни врски, за дружење или за самотија, за многу внатрешни чувства…

Нашата прошетка ја искористивме да ги посетиме ископините од дворецот на Митрополијата, каде се најдени остатоци од мермерниот портал на митрополитската црква „Успение на света Богородица” со ктиторски натпис на деспотот Стефан Лазаревиќ. На самата падина се откриени делови на репрезентативна зграда од XV век со готски портал и други архитектонски елементи, за кои се претпоставува дека припаѓале на Митрополијата. Таму на рамниот дел, пак, кон Сава е Гробницата на народните херои од Втората светска војна, меѓу кои, неколкумина се од Македонија. Исто така, таму се сместени и Вечниот и Природонаучниот музеј.

А, токму таму водичот на нашата група – убавата Србинка, во поетски стил ни рече дека дрворедот до цветната алеја, од ресторанската бавча со поглед на целиот Срем до римскиот бунар, и од детското игралиште до црквата „Света Петка”, ни овозможува разгледувањето на Калемегдан да го доживееме како празник за умот, душата и телото.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top