Култура и туризам

Запис за Битуше

Bituse_1908

Bituse_1908Битуше се наоѓа во западниот дел на Република Македонија. Распослано е во китното зеленило на Дешат, над кое е надвиснат горостасниот Крчин. Поблиску кажано, Битуше се наоѓа во центарот на Националниот парк „Маврово“, на 25 километри јужно од Маврово и на дваесетина километри северно од Дебар. Пред него на источната страна, од Радика па нагоре до над 2000 метри надморска височина се издига бистрата Бистра планина со бисерот на нашата средновековна култура, манастирот „Свети Јован Бигорски“. Битуше, заедно со соседните села Ростуше, Велебрдо и Требиште, претставува засебна оаза со свои специфични белези и карактеристики.

Пишани документи за потеклото и постанокот на селото, барем засега нема. Како што нема ни изворни податоци за името. Евентуалните археолошки истраги, посебно во месноста Добје, најверојатно ќе одгонетнат многу тајни и ќе откријат вредни податоци и сознанија за животот не само во Битуше, туку и пошироко во регионот на Долна Река. Зашто, иако засега е познато дека Битуше, како посебна селска населба се среќава во турските пописни дефтери од 15 век и подоцна во архивските материјали во манастирот „Свети Јован Бигорски“, постојат сознанија дека Битуше е многу постара населба. Па дури дека извесен Јован или Иван, како еден од 70-те ученици на Климент и Наум е Битушанец и дека тој е ктитор на манастирот. „Свети Јован Бигорски“ односно дека овој монах ја донесол иконата на Свети Јован од изгорениот манастир во село Слатино, Дебарца, кој пак бил запален во почетокот на 10 век и го носел името на овој светец. А што се однесува до името, познатиот научен работник д-р Аритон Поповски, корените и потеклото ги наоѓа во старословенското име Битух.

Битуше во својот развој никогаш немало повеќе од сто и дваесетина куќи, колку што има и сега. Според расположивите податоци од крајот на 18, целиот 19 и првите 50 години на  минатиот век, бројот на постојаните жители во селото се движи меѓу 560 и 580, за по 1961 година Битуше како и сите мијачки села на Бистра да го зафати бранот на миграцијата, а со тоа и бројот на постојаните жители денес да се сведе на нешто повеќе од шеесетина.

За миграцијата и миграционите движења, колку што свое влијание имаа новонастанатите општествено-политички и стопански прилики, исто толку, ако не и повеќе, свое влијание имаше и изменетиот начиун на обезбедувањето на животната егзистенција. Ако до педесеттите години на минатиот век, живејачката се обезбедуваше преку мачното и тешко печалбарство, во поново време, наместо за ѕидарско-фасадерски занает, младите се определуваат за учење. Младите Битушани масовно се запишуваат во средните училишта, вишите школи и на факултетите, па немајќи можност со дипломите да се вработат во својот роден крај, почнаа да го напуштаат селото, преселувајќи се во Скопје, Тетово, Гостивар и други места. Кога веќе станува збор за стручно-образовниот профил на селото да го забележам и ова: Битуше не е село само на прочуени ѕидаро-фасадери, или село на учители, туку село што ги познава сите струки, занимања и професии. Единствен занает што не бил практикуван во ова село е калајџиството.

Битуше е единствено и меѓу 23-те села од десната страна на Радика, разместени по огранките на Кораб и Дешат, во кое не е извршена исламизацијата на населението. Со векови егзистира како чисто христијанско православно село. Зошто османлиите не извршиле потурчување и во ова село не е познато. И покрај ова Битуше и Битушани со векови живеат во братска слога со неисламизираните како и со исламизираните жители во овој крај.

Местоположбата, почвено-климатскките услови, бујното зеленило и изобилството на чисти планински извори Битуше го прават привлечно место за живеење. И не само што речиси, сите, сто и  дваесетина куќи се во добра состојба, туку се води грижа и за инфрастуктурните потреби. До селото води асфалтен пат, а со изградбата и ставањето на двата селчски водоводи, еколошки чистата и здрава вода за пиење има во секоја куќа.

Битуше е село на чешми. Изградени се и уредени вкупно 22: во селото, ливадите, над селото и во битушкиот орман. Селото има пет црковни градби: едната сред село е „Св. Архангел Михаил“, другата „Св. Илија“ е спроти манастирот „Св. Јован Бигорски“ во месноста Добје; третата „Св. Спас“ е на Покладишќа; две други цркви се изградени нас Крчин. Навистина селото сега има нешто повеќе од шеесетина жители, но него постојано, а особено во летниот период и за Водици го посетуваат голем број иселени Битушани кои му го враќат вриежот на животот каков што бил некогаш.

Битуше е поделено на две маала: село и Ранчевци, а меѓу нив како спојка е третото маало Топузовци. Но, секој сокак си има и свое маалско име – од Била до Синџира. Селото е под збиен тип а стрмниот терен и ограничениот простор за градба, на битушкиот неимар му дале можност до максимум да ја изрази својата креативност во искористувањето и обликувањето на просторот, изобилно користејќи го каменот, како основен градежен материјал. Куќите во Битуше обично се на два или три ката, а само три куќи во селото имаат по четири ката.

Во Битуше за време на Народно-ослободителната војна, во ноемвбри 1942 година проработи и првата партизанска печатница во Македонија. Целото село беше на страната на НОВ и ПОМ и од него излезе еден народен херој Тихомир Милошески-Тиќо и петмина носители на Партизанска споменица 1941 година.

Од книгата „Битуше, празници, традиции, верувања“ од Гале Фиданоски,  2006 г.

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top