Историја

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

1.2.7

1.2.7

За пред илинденските активности кои се одвивале во Бигорскиот манастир, опширно пишува Георги Трајчев во  Книга за Мијаците објавенa 1941 година во Софија.

Авторот бил мијак, роден во Крушево, кој во Галичник престојувал како инспектор по образование и текстовите ги пишувал во периодот од 1912 до 1914 година.

Во текстот посветен за Бигорскиот манастир, Трајчев ќе запише:

За време на подготовката на Илинденското востание, вo манастирот Св.Јован Бигорски под раководството на тогашниот игумен, се одвивале активности за подготовка на Илинденското востание, која се одвивала  во координација на галичко-реканскиот револуционерен комитет.

Манастирот меѓу другото служел и како главна база на дејствување во подготовката на комитетите. На тој начин сите села  што се наоѓале  на двете страни на реката Радика биле организирани и покрстени како членови на ВМРО.

Од селата се пријавиле во доволен број смели и решителни дејци. На сите нив монасите од  манастирот им  овозможиле престој а истовремено во него бил изграден  склад за оружје.

Сите  служби биле организирани од игуменот на манастирот еромонахот и монасите  Гаврил Карапела и Гаврил Руснака (кој бил и добар техничар), со  помошниците Никола и кираџијата Секула од кичевско.

По иницијатива на игуменот на манастирот, монасите направиле две топчиња.

Браќата Канчески ги натовариле топчињата и заедно со Никола и кираџијата Секула, со два здрави и цврсти коњи  со тешки маки во ноќно време  ги минале угорнините над манастирот Бигорски. Кога ја минувале планината  Бистра биле придружувани од милицијата  на Галичник.

Топчињата   ги носеле до  определено  место што се наоѓало  над с.Душегубица-Кичевско.

Со тие две топчиња   вечерта пред Илинден се прогласи на планината ,,Копачка,, Илинденското востание.

Инаку, освен мажите од галичко-реканскиот регион, коишто земале  учество во Илинденското  востание,  авторот Трајчев во книгата објавува  поддетален  список на избраните курирки  на реонското началство во организирање на жените во целиот реон, кои исто така земале активно учество во подготовката на Илинденското востание, заедно со мажите.

Во помагање  на реонското началство и во содејство на Апостол Христов, за секоја случајност, биле составени  две месни чети само од галичани од 26 души, секоја  чета  се состоела  исклучително од синови на галичките првенци. За војвода на едната чета бил избран  Мане Томовски, а на втората Михаил Зрзовски, меѓутоа и двете тие месни чети биле  раководени од Апостол Христов, кој ги користел и  за многу случаи, било за средби на чети од други реони, било за населување во куќи, пренесување на оружје, собирање на алишта, пакети храна и др.

Сите жени од Галичник во понеколку групи биле свикани  во црквата св. Петка  наводно дека  ќе има вечерна служба.  По што секоја група беше подложена на клетва и  едновремено им се објаснуваше какви задачи тие ќе исполнуваат по заповедта на своето начелство.

После тоа биле избрани стотарки и десетарки, така што секоја група се потчинувала директно на своето началство, а општо сите стотарки се состанувале со својата началничка Васевица Чоланчевска која пак влегувала  во врска и ги исполнувала наредбите на галичко-реканското револиуционерно началство.

Од 15 август 1902, до 20 јуни 1903 год. горе избројаното управувачко тело заедно со сите свои органи пројавиле  големи активности  во организационото однесување и во собирањето  на облека и пари. Собраните пари  ја надминала бројката од 560 златни наполеона кои се чувале  кај благајникот  поп Амвросија, кои истовремено се трошеле  за потребите  на организацијата.

На Конгресот  на 23 април 1903 год, што се одржал  во с. Смилево, било донесено конгресно решение, галичко-реканскиот реон да остане легален орган и по  објавувањето на востанието, за да може доколку силите му дозволуваат да биде на располагање  на Кичевско револционерниот реон, за да му ги доставуваат сите неопходни потреби како: храна, облека, пушки, патрони, медикаменти од една страна а од друга, во случај на напад на турските војски во кичевскиот реон да можат четите од кичевско да се префрлат во галичко каде ќе бидат скриени.

Истовремено се водело сметка, ако мирното население од кичевско и Демир Хисар останат без покрив, да бидат населени во галичките села, кои биле  печалбарски села, со масивни трикатни и двокатни куќи.

Во тие конгресни решенија галичко-реканскиот револуционерен комитет сакајќи  да земе активно учество во предстојното сенародно востание во западна Македонија, реши со согласност на војводата Јанаки Јанев, кој што го испрати помошник војводата во  Софија, од каде требаше да набави оружје, да собере и да оформи поголема чета на заинтересирани емигранти од Бугарија родум од галичко и дебарско, и со таа чета да може да пристигне за време на летото 1903 година за да може со четата да учествува во галичко-реканскиот реон .

Во исполнување на тоа решение, помошник војводата Максим Ненов родум од село Тресонче по занает уметник-иконописец, веднаш со радост ги фрлил четничките алишта,  ја избричил брадата, се облекол во цивилни алишта, набавени од галичко-реканскиот комитет со најнеопходните средства за исполнување на целта и бил испратен кај цивилни кираџии во Скопје, Куманово, Паланка…

Максим Ненов доблесно си ја исполнил својата должност. Тој пристигнал во Софија и  материјално потпомогнат  од целата дебарска колонија и од галичко-реканците  во Софија, организирал своја чета од 40 души емигранти и тргнал за својот роден крај. Меѓутоа на 29 мај 1903 год. на планината Голак, на врвот Чавка, бил обиколен од турска војска, со која се судриле  и  четата му била разбиена, а самиот Максим Ненов бил убиен.

Преживеаните борци на четата  успеале да пристигнат во Крушево  и зеле  учество во Илинденското востание.

Киро Кипроски

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top