Историја

ХИРОШИМА сеќавање Марија Емилија КУКУБАЈСКА

5 copy copy copy copy copy copy copy

5 copy copy copy copy copy copy copy

Садако Сасаки (7 јануари, 1943 – октомври, 1955)

За Денот на победата во Втората светска војна, човечно е инклузивноста да се однесува на сите војници и завојувани народи, особено на оние кои дале најголем број жртви, како СССР и Европа.  Во тој демоцид (Rummel (1994), Јапонија во јапонските војни (1937 – 1945) згубила 2,521,000 народ. Од нив 672.000 биле цивили убиени од Америкаци, вклучително со двете атомски бомби.

Садако Сасаки е жртва на нуклеарниот пекол во Хирошима, нанесен од САД врз Хирошима и Нагасаки, две години пред крајот на втората светска војна. Садако имало две години кога атомската бомба во Хирошима (6 август 1945), ја уништува нивната куќа, а Садако ја исфрла низ прозорец.

Умира на 12 години, после десет тешки години борба со последиците од нуклеарно озрачување. Леукемија на лимфните жлезди го разорува нејзиното тело со системски компликации и неподносливи болки. Се’ до 1955 година, се бори за живот, но последните четири месеци во болницата на Црвениот Крст ги посветува на непрекинато пишување дневници (април-август 1955).

Пишувала дури и на болнички чаршави, кога и’ снемувало хартија, но нејзините другари  додавале листови и од дома. Сасаки не можела да се помири да не ги забележи своите лекции за војна со болеста причинета од ова ново оружје во 2-та светска војна. Денес нејзините пораки се предупредување против нуклеарни, биолошки, можни ЕМП напади и форми на идеолошки, медиумски, хибридни војни за територијална превласт и профит.

Садако е сакана особено по нејзината смрт, со почит која ја заслужува за својата издржливост и љубов кон луѓето и животот. Садако ја одигрува својата улога облечена во традиционалната јапонска, тивка милозливост и достоинство.

На пријателската и кротка љубов на Садако Сасаки и’ возвраќаат најнапред нејзините верни врсници. Тие се здружиле мотивирани да објават збирка писма и да соберат донации за да и’ подигнат споменик на оваа жртва на војната и страдањата што ги нанесува.  

Со донациите, верните и вредни другари на Садако подигнале статуа која крева златен ждрал. Статуата се наоѓа во Меморијалниот парк на мирот во Хирошима. Посветена е на годишните собири за Денот на мирот, 6 август.

На плакетата е запишано: „Ова е нашиот крик. Ова е нашата молитва. Мир во светот“.

Постариот брат на Садако, Масахиро Сасаки, објавува книга во која го објаснува нејзиниот процес на пишување на дневниците за време на последните месеци во болницата, насловена „Целата приказна за Садако Сасаки“.

Животот и дневниците на 12 годишното девојче не ја оставило рамнодушна канадско-американската писателка Еленор Кер. Во 1977 година таа објавува роман, „Садако и илјадате ждралови“. Симболичното значење на 1000 ждралови е – нивната долговечност да се пренесе и на тој на кого е посветено правењето оригами ждралови од хартија за 1.000 години живот, колку живеат и змејот и желката. Садако Сасаки до последниот ден брза да направи ждралови за сопствената долговечност. 

55 copy copy   

Лекциите на Садако за нејзините здравствени војни продолжуваат и низ луѓето кои во своите животи влегуваат во натпревар со сопствената свест за смртноста, кои посветено создаваат, особено кога се предизвикани од неизлечиви болести.

Изграден е и Детски споменик на мирот, со фигура на Садако Сасаки на врвот од статуата, со девојче и момче од страните, и со хартиени ждралови во стаклена кутија.

Проектот „Ждрал на мирот“, од 2013 година, дело на Sue DiCicco, ја слави пораката на Садако и ги поврзува учениците од светот во визија за љубов наспроти војни и болести.

Претседателот Барак Обама ја има посетено Хирошима и НВО Садако, посветена на Садако Сасаки.

555 copy copy

Ждралови од хартија накитени во детската болница на Црвениот крст, сцена од  драмата „Мир во твоите крилја“, 2017.

И руската музичка група Spleen, е инспирирана од Садако Сасаки https://youtu.be/NbESCYhKhxY

Стиховите на Fred Small во „Ждраловите над Хирошима“, се посветени на Садако Сасаки.

1Marija Kukubajska copy copy copy copy copy copy copy

Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска   

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top