
Саво КОСТАДИНОВСКИ
Ништо во нас не е минато
затоа што не одиме
по патот на годините
туку по патот на совеста –
на патот кон себеси
кон Илинденските идеи
кон Илинден
кон најголемата вертикала
на македонскиот народ
со историјата
за македонската државност.
Затоа никогаш не сме биле
толку блиску до татковината
штом и најаве и насон
одиме со мапата
по атласот на неправдите.
Но постои ли на светов
бог на неправдите?
Ако постои –
тој е само над македонското небо
и треба ли тогаш
да си прогласиме
и наш светски ден на неправдите?!
И што треба уште
Неправдите во народот да отсонуваат
кога веќе во неправдите кон Македонија
изградиле и татковински дом?!
Превземено од: ПОВОД–СПИСАНИЕ НА МЛД „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ
