Култура и туризам

МАЈКИ МАКЕДОНСКИ, САКАЈТЕ СИ ГИ ДЕЦАТА

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska

МАРИЈА ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКА

Во сеќавање на писателката Емилија Кукубајска (16, 08, 1979 – 11, 09, 2006)

Од книгата: Слобода над  смртта                                                                                              emilija               

Свршува се’ – само небото не, зашто е СЛОБОДА НАД СМРТТА. Дете мое, таму сега си, со Бог, нова круна на сончевото дрво на животот, со чесност, добрина и правда.  

Љубов мамина, среќна ти вечност! Сега, кога не можам да кажам, среќен ден, Еми, срце мајкино, единствено, Божје… Непрекинато, и сега зрачиш и мудрост мир. И понатаму значиш славење и на празници и на делници, и за нови години и за стари, во Вашингтон, Лос Ангелес, Бенгази, Скопје. И со љубената фамилија и со непознатите, кои беа „луѓе“.

Со тебе непрекинат празник на благодетна радост е, славење на благословена љубов кон човекот, векот, светот… Радост си, и среде жал и бол. Радост непрекината  – гледаш, вечност има и тука и таму, и напред и назад кон времињата… Убавини на добрината поведуваш, и по најмалку патувани, најмачни, и по највисоки, најчисти патеки, до јаснина на мислата, до срж на совеста Божја во овој свет растурен од злодела.   

Слава на срцето свето си, чедо Божје, чедо мајкино, македонско. Битие со бит на астробиологија. Позитивното за тебе не е негативно. Доброто не е едно што и зло. И војната и мирот не се еднакво оправдани страни, еднакви на первертирани анти-вредности. Реставрација на вистината си. Постојано поумна промена во трајноста на добрината непрекината во убавината на светото срце.

Лекови веќе не ти требаат, лекови против лаги и лудости на светот, придружби од никого, освен од Бог и Неговите, нашите на небо… Недопирни од грешните останаа и тие, родителите наши, што издржаа да не бидат зафатени од лудите – упатени само во мајстори на измами. Не требаат веќе ни Давид „кралот“ за бисери во устата, во Вилард што се гордееше во наша придружба. Ниту говорникот Соломон во Меклин црквата, мудрости да цитира  и кон небото да инспирира. Ти беше веќе директно од Бог вдахновена.

Сега, и за секогаш, за тебе едно се и дух, и душа и ум, во семоќниот и сезнаен универзум. Свето светла брзина од која се лее лек. И таму ти си моја и на Бог, дете на небесниот танц, во шал од зраци и ѕвезди, од твои очи накитен. За милина мудра пееш, во мене, во нас мајките на најдобрите наследници. Плодови на духот сееш, за осознавање.

Ослободена од материјата распадлива, духот твој ја победи смртта.         Додека да дојде и мојот крај, Господе Боже, брани ме, мајка остарена од прерани загуби. Сама сум, освен со Тебе и со љубените срца, на детето што го родив и родителите што ме родиле. Бијат тие, и во воздухот и во здивот мој… Помогни ми, Татко небесен, да продолжам и јас да сум чувар на споменот на Емилија премила. Со неа се молевме: Сакајте се луѓе, луѓе Божји, луѓе човечни.

Најново од: Култура и туризам

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

To top