Историја

Најстарата средновековна македонска книжевна школа е Охридската Книжевна Школа формирана во 886

Slavjanski-rakopisi2

Slavjanski-rakopisi2Најстарата средновековна македонска книжевна школа е Охридската Книжевна Школа формирана во 886 година од Климент Охридски, а од 893 година му се придружил и Наум Охридски. Остатоците од оваа школа не се зачувани, но се лоцира во охридската месност Имарет.

Во рамките на оваа школа се подготвувал образовен кадар кој бил испраќан во учителска, проповедничка и свештеничка дејност во сите делови на Западна Македонија, во денешна Албанија и во делови на средновековна Бугарија.

Во рамките на Кратовската книжевна школа, како книжевни центри се среќаваат македонските манастири Свети Прохор Пчињски, Свети Јоаким Осоговски и Свети Гаврил Лесновски. Во овие манастири поактивно писмената и книжевната традиција ќе започне меѓу XII и XIV век, а се разбира и до XIX век, зашто во овие манастири ќе се негува словенскиот збор и православието во периодот на турското владеење во Македонија.

Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква поради тоа што нејзината надлежност била за „цела Бугарија“; но, под „цела Бугарија“ се подразбирало целата воено-административна област на Византија однoсно, темата Бугарија , која не ја опфаќала денешна Бугарија, туку Македонија и Србија. Диецезата на Охридската Архиепископија се простирала во Бугарија само на територијата која ја населуваа словенските племиња Торлаци и Шопи до градот Видин, што претставува 20% од територијата на цела Бугарија. Тоа го потврдуваат и Хрисивулите на Василиј II, каде зборува за „бугарскиот народ“ и епархиите на „цела Бугарија“ која се простира од Срем, цела Србија, делови од БиХ и Албанија, Црна Гора, чистословенските област на северозападна Бугарија до Видин и најголемиот дел од Македонија. Оттаму многу јасно се гледа дека под цела Бугарија се подразбира само византиската тема Бугарија, а “бугарскиот“ народ е наводно словенскиот народ од Србија, Македонија, Црна Гора и денешен Срем.

Теофилакт Охридски, Грк, најверојатно родум од Еврип, е Архиепископ на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано “Пространото Св. Климентово Житие” каде објаснува дека за него Бугари се жителите на византиската тема Бугарија, т.е. тоа е географски термин. Теофилакт и самиот себе си се сметал за Бугарин- жител на темата Бугарија па во Пространото Житие на Св. Климент запишува “Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата”

(Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивeн институт на БАН (кутия III, папка IV.)

Бидејќи мнозинското население во византиската тема Бугарија (Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија) било словенско, Словените за Грците биле Бугари, па Теофилакт пишува во своето житие на Св. Климент за “славенскиот или бугарскиот народ”, а јазикот во темата Бугарија го нарекува бугарски. За него, Св. Климент бил”прв епископ на бугарски јазик”

(Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивeн институт на БАН (кутия III, папка IV.).

Macedonia : a True Endless Story …

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top