Историја

Резолуција на V пленум на КПГ по македонското прашање: Во Северна Грција македонскиот народ се бори со невиден хероизам

kpg2

КПГ ТРЕБА ДА ГИ ОТСТРАНИ СИТЕ ПРЕЧКИ КОИ ПРЕДИЗВИКУВААТ  НЕЗАДОВОЛСТВО И НЕГОДУВАЊЕ  КАЈ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

(30- 31 јануари 1949 година)

kpg2„Во Северна Грција македонскиот (словеномакедонскиот) народ даде се за борбата и се бори со невиден хероизам, самопожртвување што предизвикува восхит. Не треба да има никакво сомевање дека, како резултат на победата на ДАГ и народната револуција, македонскиот народ ќе дојде до скапоценото свое национално воспоставување, онака како што сака самиот тој, давајќи ја денес својата крв за негово остварување… КПГ треба радикално да ги отстрани сите пречки, да се спротивстави на сите великогрчки шовинистички постапки кои предизвикуваат незадоволство и негодување кај македонскиот народ… Словеномакедонскиот и грчкиот народ само обе-динети можат да победат… Затоа единството во борбата на двата народа треба да се чува како зеницата на окото и да се потпомага и зајакнува цврсто секој ден…”

КПГ и македонскотот национално прашање…, стр.437

ИЛИЈАС РУНИС, КОМАНДАНТ НА БРИГАДА НА ДАГ, ЗА ПОМОШТА ДОБИВАНА ОД ЈУГОСЛАВИЈА ПРЕКУ ПРЕСПА

VII пленум на ЦК КПГ (1957 година)

„Овде е речено и можеби ќе остави таков впечаток, тоа некако го рече Захаријадис, дека по обвинувањата против Тито во летото 1948 година Југословените не ни помагале. Тоа нешто, треба да знаеме дека не е точно, бидејќи јас бев тогаш, на 18 јули, на секторот Алевица каде што се водеа операциите кога беа затворени албанските граници, а токму тогаш непрекинато добивавме помош од Преспа од каде што доаѓаа натоварени југословенските камиони што се растовараа и материјалите се пренесуваа кај нас…”

Седми пленум на ЦК на КПГ (1957), Стенографски белешки, стр.758

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top