Култура и туризам

МУАБЕТ НА ВОДЕНСКИ ДИЈАЛЕКТ И КЛЕТВИ, СРЕДБА СО ЃЕЛИ БЕЛТАШОВ ВО ШТИП

3334

3334

Пулам, пулам и не си верувам, си велам, ва жента може да е МИЈКА, асли

она е! Чеки да а питам….

– Ка та викат мр’ теп?

Дали си мома или нивеста, незн’м чија си. Ут кои људе си? Мр’ ка та викат?

– Мен м’ викат Мијка, внукта на баб’  Муша ут Крунцеливо…

– А теп’ ката викат бре? Ти си Гели? Ти си внукут на Митра и на  Гели

Билташови?  Бог да иј  просте!  Ногу арни људе бија.

Твојут дедо Ѓели, а ти си крстен на нејното име, он бише пручуен за

којните. Имше мурафет как’ да иј тимаре…

Шо праве тач’ти? Мици гу викат, нели? Ејгиди, ејгиди! Ќи са забравме.

Ми, гудини поминаја ут как’ а минаме та палена граница.

С’ распрчкаме едни наваќи, друѕи нанаќи, и са загубиме, Така дујде

времту нимојме ни д’ са познајме.

Д’ т’ питам и з’ мајка ти, она арна е?  Чин’ му здраву-живу ут мен’,

бартучедата Мијка ут Јуванчуви. Ут Мијка на Сава. Сава на Гуши ут

Цакони.

– А,а зн’м!  Гуши и брат му Лазо, су друѕи шест души иј зеја на душа,

така, џабе иј стрелаја, за ништу кабат, акут му гу зеја…

– На Маџирте ќефут му с’ чини. Бесут да иј фате, јок да са чинат! Аздисаја ут ка с’ ујдисаја су бурандарте.

Воукут да иј туре, турлакут да иј удре!..Земна да нема да с’ закопат,

бутурајќот да иј фате, ниедин  да не куртулисе!  Да даде Господ, чума

да иј  удре, да баталисат, коренут и гробут да нем’ са знае… да с’

истимилисат….

– Чул те Годпод, ут твоја муцка и божји уши!

– Адна лакардија нејќија да залафат на ендопски пу наше, тукашно.

Баба адн’ш,  а зе прчката и а причека как’ Лиа,  ка си иде ут доуната мала. А фрсна су прчката и му риче: Дека м’р  бише? Рашитарка ќи та правам? Г’зут ќи ти го пусијнам, к’шмерко! Пули лаф да не ти испадне, нам ка ќи та м’жме?

– А сегичка д’ т’ питам, как’ ти веле умут, дали ќи са врниме назад?

–  А бре улум, (оламџим) един Господ знае!  Анџак с’ видеме на пу арну

тука.  Бунлук  јадејне, пиејне, леп коуку сакиш, пиперки, думати, се’

има, сау мајка и татко нема…

Најадени, напиени, испрани, дутерани, ујдисани, арисани, вода коуку

сакиш мојш да турувиш. Има ногу  дујќани и мојш да си купиш чејли,

пандофли, чурапи, гајќи, фусти су фистони и ќинијна и фустани куту

наште у Македонија.

Поуни дујќани су мрели, чанти,торби, кушули,

палтијна, скорни-чејли, прстени и гримни…и се’ дал Господ у ва

Америка.

Е, не п’ра има ракија и цигари, ама има арно, ногу уб’ву

вино. Соу да гу смукиш, ногу е питко! Само у грлото с’ л’зге.

Тука е ујгун за љујто куту нас и з’ друѕи ут с’та дујна има дујдени.

Су очи да пулиш и д’ не вирувиш!

– Да не си јан’лш  м’р  Мијко? Шо с’ лафиш?

–  Не с’м, не с’м бре Гели. Јан’лш не с’м! А пишман може ќи са чинам,

ама пу напкум

А ти Гелче наш, кога ќи ма зевиш на слика? Јаска  сакам да та пулам и да

са лафме. Ва вечер ва лафиме су Ирена. Бишик у неа и ногу ва

поздрави.

Па ма пите дали ќи дојте у нас. Му кажак оти сте  на п’тут  да а вијте

кујќата на Хемингвеј и оти ми такса за друг п’т оти ќи дојте у нас на

гости у Бостон.

Она ут к’ с’ врна ут Шангај, глава ни може да крене. Шо ут работа, шо

ут шо не бише арна . Имше прустинато. Ич не с’ пуле самта, соу пуле да

му угоде на с’те пу  дома, па и на нас су Ристе.

Му велам, сврти са тро’ на к’де теп’, оти и твојто време заминуве.

Е Гели, к’ биме млади и ние не мисликне оти ќи устарме, ама се’ си е

ду врем’ту. Вија су Виолета сте оште млади, туку пулејте да ви направе

Верица книги  з’ зилена карта при неа да живте у Америка.

Ако имте тро к’смет ногу арно ќи ви биде, пулејте и правејте, слушајте шо ви велам, за арно ви лафам…

Трачам оти имте ак да ви дадат зилена карта, напкум е полесно.

Marija Vodenska copy

Марија Воденска

Штип, Р. Македонија , 12 април 2015 година

Најново од: Култура и туризам

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

To top