Култура и туризам

ВО ОХРИД ПРОМОВИРАНА СТИХОЗБИРКАТА „ШАРЕНИ ДИЈАМАНТИ“ ОД НАУМ ТРАЈЧЕСКИ

15566

15566

Во рамките на своите редовни промотивни активности и поддршка на роднокрајните автори, а во присуство на бројни љубители на поетската реч, роднини и пријатели, како и директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов,  на 18 август – четврток, во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана новата стихозбирка „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески,од Квинбијан, Австралија, чиј  издавач е Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.

Промотори на делото беа м-р: Милчо Јованоски, Мирко Томовскии и Билјана Костова, а свое обраќање имаше  и авторот Наум Трајчески. На настанот присуствуваше и директор на Агенцијата  за иселеништво Горан Ангелов.

 Поетот Наум Трајчески е роден во село Издеглавје, Дебрца, во 1952 година, а од 1977 година живее и работи во Квинбијан – во демократска и мултикултурна Австралија. Зад себе има шест стихозбирки. Во 2017 година  стихозбирката „Одминато време“ му ја донесе наградата„Стојан Христов“ за најдобра книга од поет иселеник со македонско потекло што ја доделува Агенцијата за иселеништво, а во рамките на Струшките вечери на поезијата.

Годинава поетот  Наум Трајчески беше гостин на Седмиот балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“, што се одржа во Охрид, а на кои  присуствуваа Македонци кои живеат во Австралија, а кои го слават името и делото на Ванчо Николески. Иато така,  секоја година Наум Трајчески им се обраќа со видео порака, или, писмена декларација на учесниците на Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“.

15567

Дел од промоцијата

Инаку, поетот Наум Трајчески е претседател на Македонското Литературното друштво “Ванчо Николески” од Квинбијан. Тоа е .најмладото македонско литературно друштво во Австралија кое го носи името на истакнатиот романсиер, раскажувач, детски писател и поет, Ванчо Николески, кое за само 8 години од своето постоење има издадено четири збирки поезија и проза, благодарение на посветеноста на неговите членови, вистински вљубеници на пишаниот збор.

Стихозбирка „Шарени дијаманти“ од Наум Трајчески излезе од печат во издание на Агенцијата за иселеништво, а промотори беа м-р Милчо Јованоски, Мирко Томовски и Билјана Костова. кои најновата поетска збирка на Трајчески ја оценија како спој на зрелоста во годините , но и умеењето со стиховите на авторот.

Како резултат на добрата соработка на поетот Наум Трајчески и Агенцијата за иселеништво, Билјана Костова, како претставник на Агенцијата, на авторот, во име на долгодишната соработка, му врачи специјална Благодарница.

По тој повод, пред присутните се обрати директор на Агенцијата, Горан Ангелов, кој со одбрани зборови го претстави поетот Наум Трајчески кој има богати и трајни врски со Агенцијата за  иселеништво, а преку неа со Република Македонија.

Обраќајќи им се на присутните, на крајот од настанот, авторот Наум Трајчески, за сите и себе си, посака добро здравје, воедно, и се заблагодари на својата животна сопатничка Даница, за нејзината целокупна поддршка во животот и поетското создавање во Австралик, каде осма година, го води Литературното друштво “Ванчо Николески”, со што, името и славата на родоначалникот на литературата за деца и млади кај нас, Николески, од неговото родно село, Црвена Вода и Дебрца, преку морињата и океаните, ја пресели се до Петтиот континент.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

To top