Култура и туризам

МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО ВО АВСТРАЛИЈА, КАНАДА И САД – ПРЕДИЗВИК ЗА ПОГЛАВАРОТ Г.Г. МИХАИЛ (4)

5 copy copy copy copy copy

5 copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА ДУХОВНО ПОЛЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА  Г.Г. МИХАИЛ

Македонија е традиционално имигрантско подрачје од каде преселничките движења на македонскиот народ и одењето во прекуокеанските други земји,се јавуваат кон средината на XIX век. Таквите движења особено се изразени во втората половина на XIX век, кои се познати како печалбарски движења.Тие се со променлив обем и интензитет и траат сѐ до денес.

Така,според некои податоци,првата група печалбари пристигнала на северно-американскиот континент во 1885 година, а во дваесеттите години од XX век и во Австралија.Меѓутоа,поединци, приклучени во печалбарските групи од соседните и други земји, заминале преку океанот и пред тоа.

Бранот на иселување од Македонија, главно, од традиционално иселеничките краишта: Леринско, Битолско, Преспанско, Костурско, Воденско, Тетовско, Охридско, Солунско, Струшко, Прилепско и други делови на Македонија се засилил по Илинденското востание, во 1903 година.

Меѓутоа, иселувањето на Македонците од својата земја било со засилен интензитет во периодот по поделбата на Македонија, во текот на балканските војни и Првата светска војна, што биле резултат,пред сѐ,на неподносливата политичко – економско, социјална и безбедносна состојба на македонското население.

Така, во тој период, според некои податоци, од сите три дела на распарчена Македонија околу 60 отсто од сите иселеници Македонци биле од егејскиот,30 отсто од вардарскиот и 10 отсто од пиринскиот дел. Според специјалната комисија,пак,на Обединетите нации за Балканот, во Извештајот од 13 мај 1949 година,од Егејска Македонија се иселиле вкупно 232.000 Македонци, а на нивно место грчките власти доселиле и го колонизирале егејскиот дел на Македонија со бегалци (просвиги), претежно Турци со православна вера од Мала Азија.

55

По Втората светска војна, особено по поразот на Демократската армија во Граѓанската војна во Грција, на чија страна масовно учествуваше и македонското население од Егејска Македонија, со надеж дека конечно ќе ги добие своите национални социјални права, иселувањето во прекуокеанските земји осетно се засилило.Исто така,со либерализацијата на политиката за одење на работа во други земји од поранешна СФРЈ,дошло до иселување на голем број граѓани на тогашна Социјалистичка Република Македонија.

Меѓутоа, големината, динамиката и карактерот на преселничките движења од почетокот па до денес,се различни и по форма и по содржина и соодветствуваат на фактите на општествено-економскиот и политичкиот развој на Македонија,како и на промените во миграциските политики на земјите на доселувањето.

Поради миграциските движења и поради зголемувањето на наталитетот и други фактори,бројот на македонските иселеници расте од година во година.Не постојат целосни и попрецизни податоци за Македонците на Балканот и за македонските доселеници во прекуокеанските земји, Европската унија и во други земји.Официјалните статистички податоци,пак,за бројноста на македонските доселеници низ светот,се нереални од многу причини.

Некои пореални проценки зборуваат дека од средината на 19 век до денес од сите делови на Македонија, во разни земји во светот се претпоставува дека се преселиле околу два милиони Македонци од сите делови на Македонија.

Во отсуство на целосни статистички и други податоци, мошне тешко е реално да се утврди точниот број, меѓутоа, се проценува дека во САД, Канада и во Австралија живеат поцеќе од еден милион  македонски доселеници, од кои околу 200.000 во САД, приближно 200.000 во Канада, и над 300.000 во Австралија и Нов Зеланд, од кои големиот број се од Република Македонија, од Егејска Македонија, и мал број од македонскиот дел во Бугарија и во Албанија. Исто така, се проценува дека во Европа и во други земји живеат околу 300.000 македонски иселеници.

Постои одреден број доселеници од македонско потекло коишто живеат во Јужна Америка, Египет, Велика Британија, Јужна Африка и во источноевропските земји, како и во Турција, каде има голем број Македонци – муслимани и етнички Турци од Македонија

Денес Македонците во новите средини во дијаспората со гордост ја истакнуваат својата припадност и бараат да станат државјани на Република Македонија

Благодарение на улогата на македонските православни цркви, црковните и други асоцијации и позитивно-ориентираното македонско свештенство, со голем ентузијазам и полет ги одржуваат црковните и народните традиции и со гордост го истакнуваат богатиот фолклор, јазик, религија и традиции, афирмирајќи го македонското минато и сегашноста, а со тоа ја бранат и ја афирмираат Република Македонија.

Продолжува

slavek 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top