На прво место

Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница на Балканот

Интензивно се работи на автопатите и експресните патишта, завршени се делниците Градско–Фариш и Страцин–Крива Паланка, а се подготвуваат и проектите Кочани–Делчево и Струмица–Радовиш.

Со посветена работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се остварува стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Душко Иванов.

Според него, во поновата историја на државата ретко се случувал ваков градежен интензитет, при што се градат патишта, автопатишта и експресни патишта како еден од главните двигатели на економскиот развој.

„Тоа го потврдуваат и последните податоци на Државниот завод за статистика, според кои за месец април има исклучително висок степен на реализација на капитални проекти, речиси една третина подобар во споредба со истиот месец лани“, рече Иванов.

Тој нагласи дека ваквиот градежен бум е резултат на две години интензивна, посветена и макотрпна работа на Владата за изнаоѓање решенија, надминување на наследените и тековните проблеми и реализација на инвестиции кои ја развиваат економијата и го подобруваат животот на граѓаните во Република Македонија.

Иванов посочи дека интензивно се работи на завршување на останатиот дел од автопатот Кичево–Охрид, од кој 37 километри веќе се пуштени во употреба и граѓаните ги користат.

„Следниот месец почнува изградбата на автопатот Скопје–Блаце. Средствата се обезбедени, избрани се консултантот и изведувачот, а со овој проект Македонија ќе се поврзе со Косово и со пристаништата во Албанија и во Црна Гора“, истакна Иванов.

Сериозен напредок, според него, има и кај автопатиштата од Коридорот 8 и Коридорот 10Д. Со изведувачот е постигната нова динамика за изградба на автопатските делници Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола. Забрзани се и постапките за експропријација, при што се решени над 2.500 постапки, а останува да се довршат уште мал број предмети.

Иванов потсети дека е поништена одлуката на претходната Влада за изградба на тунел на трасата Гостивар–Букојчани, со што, како што рече, се заштедени 252 милиони евра во Буџетот. На делницата Прилеп–Битола, пак, веќе од следната година се очекува да се вози по едната лента.

Тој се осврна и на експресните патишта Кочани–Виница–Делчево и Струмица–Радовиш, за кои веќе започнале подготовките за изградба.

„Тоа се проекти кои со години беа ветувани, но ниту една власт досега не направи ништо конкретно за нивна реализација“, рече Иванов.

Кога станува збор за експресните патишта, Иванов нагласи дека не смеат да се заборават ниту делниците Градско–Фариш и Страцин–Крива Паланка, која е дел од Коридорот 8. По долги години застој, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што посочи, целосно ги завршила и ги пуштила во употреба.

„Се инвестира и се гради во секој дел од државата. Македонија инфраструктурно се развива насекаде, со крајна цел исполнување на стратешката визија — да стане клучна транспортна крстосница на Балканот“, порача Иванов.

Најново од: На прво место

Кос: Македонија меѓу најуспешните во реформската агенда, но Изборниот законик останува услов за европските средства

Премиерот Мицкоски порача дека девет од десет обврски се исполнети и дека би било штета Македонија да изгуби над четири милиони евра поради недоговорен Изборен законик. Македонија покажува значителен напредок во спроведувањето на реформската агенда и се вбројува меѓу најуспешните земји во користењето на можностите од Планот за раст на Европската Унија. Сепак, за понатамошен […]

Министерот за одбрана на Јапонија: Очекувам понатамошно продлабочување на соработката со Македонија

Министерот за одбрана на Јапонија, Шинџиро Коизуми, преку објава на социјалната мрежа X информираше дека ја остварил својата прва средба со министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски. Во објавата, Коизуми истакна дека разговорот бил насочен кон унапредување на билатералната соработка, потсетувајќи дека минатата година била реализирана посетата на министерот за надворешни работи, што […]

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат што сакаат од Изборниот законик, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

ВМРО-ДПМНЕ порача дека ќе прифати договор на опозицијата доколку се обезбеди право на гласање на дијаспората по електронски пат или по пошта и повика на политички дијалог наместо блокади. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски, порача дека СДС, Левица и ДУИ најнапред треба да изградат заеднички став околу измените на Изборниот законик, по што владејачката партија е […]

Сиљановска-Давкова од НАТО самитот во Анкара: Денес ни треба повеќе кантијанизам отколку макијавелизам

Претседателката порача дека најсилна Европа е онаа што живее во мир, демократија и почитување на принципите и вредностите, нагласувајќи дека проширувањето ја прави Европа посилна. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, обраќајќи се на НАТО самитот во Анкара, испрати порака за поголема посветеност на мирот, демократијата и владеењето на принципите, оценувајќи дека современиот свет има потреба од повеќе […]

Николоски: Заврши реконструкцијата на железничката обиколница Скопје, товарните возови ќе сообраќаат по линијата Драчево – Илинденв

Обновената пруга ќе го пренасочи товарниот железнички сообраќај надвор од Скопје, а до крајот на август се очекува и нејзино официјално пуштање во употреба. Завршена е реконструкцијата на железничката обиколница на Скопје, односно пругата на делницата Драчево – Илинден, со што ќе се овозможи товарните возови да се пренасочат надвор од градот, соопшти Министерството за […]

ДАЛИ МАКЕДОНЕЦОТ ПРЕСТАНУВА ДА БИДЕ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН КОГА ЌЕ ЈА ПРЕМИНЕ ГРАНИЦАТА?

Во изминатите денови, по моите две колумни за изборните реформи, прочитав голем број коментари. Некои се согласуваа. Некои не. Но едно прашање постојано се повторуваше: „Зошто некој што живее во странство да одлучува за оние што живеат во Македонија?“ Тоа е легитимно прашање. Но дозволете и јас да поставам едно. Дали Македонецот престанува да биде […]

Апасиев тврди дека Македонија станува „нација на кириџии“ – што велат фактите?

Наместо проверени факти и статистички податоци, Апасиев повторно пласира политички тврдења што не се совпаѓаат со официјалните европски статистики. И покрај растот на закупнините, Македонија останува меѓу европските држави со најголем број граѓани што живеат во сопствен дом Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, обвини дека „власта сака оваа нација да ја направи нација на кириџии“, […]

Инфлацијата во јуни изнесува 3,4 проценти – храната останува меѓу категориите со најнизок раст на цените

Најголем придонес кон инфлацијата имаат алкохолот, тутунот и транспортот, додека цените на храната и безалкохолните пијалаци бележат релативно умерен раст. Годишната инфлација во јуни достигна 3,4 проценти, покажуваат најновите податоци. Структурата на ценовните движења открива дека најголемиот дел од инфлаторниот притисок не доаѓа од основните производи за секојдневна потрошувачка, туку од неколку специфични категории. Најниска […]

Најнови вести

To top