На прво место

СДС, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик од страв и паника поради лошите рејтинзи

СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот законик поради лошите рејтинзи и стравот од убедлив пораз на следните избори.

Иако со месеци се создаваше консензус меѓу политичките партии за носење на овој важен реформски закон, опозициските партии наместо договор и одговорност, избраа блокади, хаос и политичка какафонија во јавноста.

Левица, откако виде дека нејзиниот рејтинг не оди во посакуваната насока, се обидува да се претстави како „тврдокорна“ пред своето членство преку непотпишување на договорот за Изборниот законик. Вистинската цел е јасна — создавање алиби за лошиот изборен резултат што ги очекува, а вината однапред да се префрли врз ВМРО-ДПМНЕ.

СДС, пак, откако виде дека Левица го блокира процесот, одлучи да не остане покусо и поднесе 10 илјади амандмани. Како изговор го користат електронското гласање на дијаспората, нарекувајќи го недемократско и неевропско. Но вистината е сосема поинаква — СДС се плаши од гласот на дијаспората и од убедливиот пораз што им следува.

ДУИ, од своја страна, се приклучува кон блокадата со барање сите одлуки во Државната изборна комисија да се носат со консензус, наместо според досегашниот демократски мнозински модел. И кај ДУИ причината е иста — страв од волјата на граѓаните и паника од изборен пораз.

ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно порача: сè што ќе побараат и договорат опозициските партии ќе биде прифатено, доколку со тоа се овозможи и олесни гласањето на македонската дијаспора.

Но СДС, Левица и ДУИ покажуваат дека ниту дијаспората, ниту правото на глас на македонските граѓани надвор од татковината, ниту нивното поврзување со Македонија не им се вистински интерес.

Нив ги интересираат само теснопартиските калкулации, блокадите и обидите однапред да најдат оправдување за поразот што ги очекува.

Македонската дијаспора заслужува право на глас. Македонија заслужува функционален Изборен законик. Граѓаните заслужуваат одговорни политичари, а не партии кои од страв од избори ја блокираат државата.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top