
Наум Трајчески
ПОВТОРНО ДОМА
Одлетав далеку,
како птица без јато
не помислувајќи дека,
туѓината не е злато.
Чекаше мајка чекаше
близу сто години,
гламни да разгорам
на татковото огниште.
Денес сум повторно
тука, каде за прв пат
се слушна првиот плач
и пркна мојата младост.
А тебе туѓа, туѓино
не ти останав должен,
тебе ти ја подарив,
сета моја младост.