Култура и туризам

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВЕТ КРИЛ“ – ДЕЛ ОД ДРЖАВНАТА И ЦРКОВНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (20)

3333 copy copy copy copy

3333 copy copy copy copy

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ

Манифестацијата „Југославија во чест на Свети Кирил” што сеорганизира во спомен на сесловенскиот просветител светиКирил Солунски и неговиот брат свети Методиј, во 1979 годинасе одржа од 21 до 26 мај во шест италијански градовии тоа: Рим, Неапол, Соренто, Л’Аквила, Козенца и Тарквинија. Овааформа на организирано претставување на културата и на народите инародностите на Југославија во Италија, започна да прераснува во сепозначајно презентирање на југословенските традиции и културни достигнувања.

Растежот особено стана евидентен минатата година по потпишувањето на програмите за културна соработка меѓу Југославија и Италија. Според таа програма се предвидуваат мноштво размени и форми на соработка, во коишто спаѓа и манифестацијата „Југославијаво чест на свети Кирил”, со учество на ансамбли, уметници и научни работници од сите простори.

И таа 1979 година во Рим допатува делегација составена од државни и црковни претставници. Југословенската културна делегација ја сочинуваа: Матеја Матевски, претседател на Републичката комисија за културни врски со странство, како шеф на делегацијата, и членовите Цирил Злобец од СР Словенија и д-р Петар Милосављевиќ од САП Војводина.

Делегацијата на Светиот синод на Македонската православна црква, пак, беше предводена од американско-канадскиот и австралиски митрополит г. Кирил, а во чиј состав беа и дебарско-кичевскиот митрополит Ангелариј, протојереј Методи Гогов и ѓаконот Јован Таковски, професори на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје, како и протојерејот Јован Каровски, професор од Богословијата.

Во програмата, пак, активно учество зедоа КУД „Гоце Делчев “ од Скопје, кое настапи во Рим и Соренто, Народното казалиште „Иван Зајц” од Риека, со претставата „Скуп” од Марин Држиќ, хорот на КУД „СветозарМарковиќ” од Нови Сад, кој настапи во Рим, Неапол и Соренто.

33333 copy

Кога ѓаконот Таковски се обиде да ги преведува зборовите на митрополитот Кирил, папата рече: „Вашиот ѓакон мисли дека ние не се разбираме кога говориме на полски и македонски јазик. Јас ве разбирам мошне добро, а сметам дека и вие мене ме разбирате. Знаете, јас сум студирал и словенска филологија. Сум читал ракописи што настанале во вашата земја. Наоѓам голема сличност во корените од зборовите на стариот црковнословенски јазик и вашиот денешен литературен јазик”.

Митрополитот Кирил потврди дека добро го разбира кога тој зборува на својот мајчин, полски јазик, додавајќи:„Се чувствуваме многу среќни што слушаме од вас, кого Господ го издигнал на највисокиот трон на Римокатоличката црква, како човек од словенско потекло, што слушаме за толку големата сличност на вашиот полски и нашиот македонски јазик”.

Откако му беа предадени подароците (ликовите на свети Кирил и Методиј во резба, илустрираната Библија за млади на македонски јазик, „Macedonian vistas”, чаршаф со македонски вез, репродукции на стари македонски икони, книгата „Почит кон свети Кирил – десетте поклоненија на гробот на свети Кирил Солунски” И книгата „Света Гора”, од јеромонахот Гаврил , од што беше очиглесно пријатно изненаден, тој ги поведе гостите кон центарот на салата каде беше неговиот трон со уште неколку фотелји од левата и десната страна.

Откако беа спомнати неколку познати врски меѓу свети Матодиј и високи претставници на Охридската архиепископија со Полската црква низ историјата, митрополитот. Кирил ја прочита поздравната порака од поглаварот на МПЦ, архиепископот Доситеј и Светиот архијерејски синод на македонски јазик до папата Јован Павле II. 

Со возбуда во тонот, митрополитот Кирил му се обрати на папата Јован Павле IIсо следните зборови:

… Ви благодариме најсрдечно, Ваша Светост, за овој висок прием, да ги пренесуваме молитвените братски поздрави од поглаварот на Македонската православна црква – Неговото Блаженство архиепископот охридски-македонски Доситеј и членовите на Светиот архијерејски синод. Истовремено, Ви ги пренесуваме благопожелбите за успешен и плоден понтификат. 

Македонската православна црква високо го цени пријателскиот и екуменскиот евангелски однос на Вашата Светост, на Вашите претходници, како и на голем број понтификални институции и еминентни личности на Светата столица кон нашата Црква. Тој однос во изминатиот период, преку вонредната екуменска соработка со Скопско-призренската бискупија со седиште во Скопје во текот на овие десет години и со Светата столица, се покажа мошне корисен и за нашата Македонска православна црква. Веруваме дека Господ ќе ни помогне плодовите од вакви екуменски врски и понатаму да се зголемуваат. 

Ве молиме, Ваша Светост, да ги примате овие симболични подароци. Нашата желба е тие да Ви напомнуваат за Македонската православна црква, за нејзините верни чеда и за творечкиот дух на македонскиот народ низ вековите.

Веднаш потоа, поздравувајќи се со сите членови на делегацијата, папата им подари по една книга репродукција од Рафаеловите станци во Ватикан. За тоа време беа направени повеќе снимки од страна на официјалниот фотограф во Ватикан. Приемот траеше половина час.

Во попладневните часови митрополитот Кирил и прота Гогов дадоа опширни информации на претставникот на Танјуг во Рим за молебенот и приемот кај папата. Вечерта, во 19, 15 часот, Радио Ватикан на словенечки јазик објави кратка вест за овој прием кај папата која беше објавена и во попладневното издание на ватиканскиот официјален весник „Осерваторе Романо”. Во 19,30 часот, во вестите на хрватски јазик, преку Радио Ватикан беше предадена поопширна вест.

Продолжува

6a-slavek copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top