Историја

Првите автомобили во Кичево

kola-ki1

kola-ki1

Мора да било несекојдневен настан штом „челичните коњи“ почнале да се тркалаат по кичевската калдрма. Тоа дотогаш не било видено. Некои слушале за тоа, некои не ни слушнале. Првите автомобили во Кичево, овековечени на фотографии. За жал, засега немаме податоци кога точно стигнале и до Кичево, нити кој и како ја донел до градот со оглед на лошите патишта кои постоеле во првата половина на XX век од кога и датираат фотографиите.

Првата фотографија можно е да потекнува од 1939 година, ако бројката која е на регистрацијата ја означува годината. Можно е да била во служба на тогашната војска на Кралството Југославија со оглед на тоа што војници во таа униформа се сликани. Но со голема сигурност, ова е автомобил од марката Морис, Велика Британија според логото кое јасно се распознава.

kola-ki2

Ова е веројатно првиот автомобил во Кичево. Mожно е да се работи за Ролс Ројс. Веројатно е дека фотографијата е направане во дваесеттите години на минатиот век.

kola-ki3

Ова е една од најинтересните фотографии кои ги имам сретнато за Кичево. Зошто? Затоа што веројатно се работи за народен собир токму за нов автомобил. Тука има и попови за осветување на машината за „подолго да вози“. Според капите собрано е се` живо кое во тој момент се нашло во Кичево. Тоа било настан на годината. Веројатно ја донел некој големец или поверојатно некој печалбар. Единствен логичен пат за да се донесе автомобил до Кичево за тоа време е да ја донесе со воз. Железницата постоела уште од 1916 година.

Верувам дека сликите се доста интересни. За жал информациите за нив се многу оскудни. Апел до секој кој знае нека остави во коментар или нека пише на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
.Доколку поседувате други фотографии, испратете ги.

kicevo.mk

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top